ПОЧНА ОДДРЖУВАЊЕТО НА ЕДУКАТИВНИТЕ СЕМИНАРИ ВО СОНК
СЕ ПОТВРДИ ГОЛЕМАТА ПОТРЕБА ОД СИНДИКАЛНА ЕДУКАЦИЈА
Првите едукативни семинари, кои беа најавени на VI – от Конгрес на СОНК во програмските определби и со конкретизирана Програма, усвоена од Советот на СОНК, се оддржаа минатиот викенд во два регионални одбори на СОНК – Делчево и Кочани.
Заедничка карактеристика на одржаните семинари во споменатите региони , е неподеленото мислење на членовите на овие наши региони, а тоа всушност се претседателите на синдикалните организации на СОНК од општините кои ги опфаќаат овие региони, дека била сосема оправдана потребата од синдикална едукација.
На семинарите, на кои во првиот дел беше направена презентација на три области кои, по наша оценка се сметаа за најпотребни во едукативниот процес и тоа : ,, Синдикатот – нужна потреба или наметната обврска за работниците” ; ,,Правна регулатива на Синдикатот” и ,, Стратешки цели на СОНК за наредниот петгодишен период“, а во попладневниот дел од семинарот, заедничка дискусија по темите и сите актуелни прашања во СОНК. Без исклучок од сите присутни беше искажано задоволство од ваквиот начин на одржување на едукативните семинари.
Во повеќето дискусии од двата региони, преовлада мислењето дека во трите теми содржински се опфатени најзначајните прашања кои се од интерес на членството на СОНК, со јасно потенцирање дека, за поголем дел од присутните немале сознанија или имале половични познавања за тие прашања. Преовлада заклучокот дека,поради евидентните празнини во делот на синдикалните познавања, често пати, особено во значаен дел во синдикалните организации правени се погрешни проценки, а некогаш се носени и заклучоци за одредени активности на СОНК.
Во воведното излагање по темите, беше отворено зборувано и за позитивните страни, но и за слабостите со кои СОНК е соочен во овој момент, а се со цел првите ( позитивните ), да се оддржуваат и постојано да се зголемуваат, додека согледаните слабости постепено, но и што е можно побрзо, да бидат надминати.
На крајот од двата споменати едукативни семинари беше договорено, во што пократок период, со предходно направена подготовка и во целосна координација со раководството на регионот, семинарите да бидат одржани и во сите синдикални организации на СОНК. За таа намена, од страна на раководството на СОНК се изготви Прирачник, како основен материјал за оддржување на семинарите.
На 5-02-2016 година во попладневните часови, раководството на СОНК и претседателот на Регионалниот одбор на СОНК – Делчево, имаа работна средба со градоначалниците на општина Делчево и на општина Македонска Каменица, на која стана збор за социјалното партнерство помеѓу надлежните на овие две локални единици и регионалниот одбор на СОНК, во решавање на сите прашања кои се од надлежност на двата социјални партнери.
Како краен заклучок, со сигурност може да се констатира дека одржаните едукативни семинари во регионите Делчево и Кочани, беа успешно оддржани и истите ќе имаат голем придонес во поквалитетно функционирање на синдикалните организации и споменатите регионални одбори на СОНК.