ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТНИТЕ СРЕДБИ НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО, СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК
ЕДИНСТВЕН И СИЛЕН СИНДИКАТ, ОСНОВЕН ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЧЛЕНСТВОТО
Највисокото раководство на СОНК (претседателот и генералниот секретар на СОНК) во рамките на програмата за работа и планираните активности, 22 и 23 јуни 2017 година продолжија со работни средби со членовите на СОНК од пелагонискиот регион, односно со регионалните одбори на СОНК – Прилеп и Битола.
Работната средба во Прилеп се одржа во домот на културата ,,Марко Цепенков”, на која што можност имаа да присуствуваат сите членови на СОНК од овој Регион. Заради големиот интерес, работата беше организирана во три групи и тоа: основно образование, средно, високо образование и наука во втората група и детска заштита и култура во третата група. Беа отворени повеќе прашања кои се од особена важност за дејностите, но и поединечни – лични прашања на дел од присатните. Како за илустрација ќе издвоиме неколку актуелни теми: намалување на бројот на ученици во паралелка, растеретување од водење на двојна евиденција и администрација, зголемување на платите во образование, наука и култура, организирање на превоз на вработените, почитување на колективните договори во целост, почитување на нормативот за формирање на групи во градинките, изготвување на Колективен договор за високо образование и наука, потпишување на колективниот договор за Култура и т.н..
Работната средба со членовите на СОНК од Регионалниот одбор Битола се одржа во службените простории на овој Регион. И на оваа средба се отворија повеќе колективни и лични прашања кои заслужуваат внимание, исти или слични како и во претходниот Регион, прашања кои во зависност од тежината и надлежностите, ќе бидат решавани во синдикалните организации, општините или ресорните министерства.
Учесниците на работните средби го поздравија ваквиот начин на комуникација со раководството на СОНК, изразија задоволство но и апел за по чести вакви или слични работни средби. Исто така, заеднички беше констатирано дека на сите членови на СОНК им е потребен единствен и силен Синдикат, кој што во наредниот период ќе се бори за задржување на веќе стекнатите права, како и осварување на нови, повисоки права од работен однос преку колективно преговарање и договарање.