Во духот на коректниот социјален дијалог и партнерство помеѓу СОНК и локалните самоуправи на национално ниво, во општина Чашка остварена е работна средба на која претставниците на СОНК, градоначалникот и директорите на основните училишта во општина Чашка дискутираа за актуелни прашања што се од заеднички интерес.
Отворени се прашањата поврзани со превозот на вработените кои патуваат од градот Велес до населените места во општината каде се основните училишта, статусот на училиштето во село Богомила, работното време на вработените во училиштата, трансформации на работни договори, почитување на Колективниот договор за основно образование во целост итн. Взаемно беше уверувањето дека партнерскиот однос треба да се негува и подобрува, со цел заеднички надминување на сите тековни и идни проблеми.