СИНДИКАЛЕН ФОНД

Синдикалниот фонд е формиран со цел на членовите на СОНК кои се наоѓаат во социјални тешкотии и проблеми да им овозможи материјална помош.
Во Синдикалниот фонд членуваат синдикални организации во кои членовите донеле одлука за членување во фондот.
Висината на средствата од кои се финансира фондот се 0,40% од нето платата на членот, како и спонзорства, донации и др.
Средствата на Фондот се користат за парична помош:

  • во случај на повреда на работа
  • во случај на подолготрајно боледување
  • за набавка на лекови и медицински помагала
  • во случај на трајна неспособност за работа
  • за материјална штета од пожари и поплави
  • за новороденче
  • за школување на студенти надвор од местото на живеење
  • за редовно заминување во пензија
  • во случај на смрт на членот на СОНК

Фондот на членовите им дава право на користење на бескаматен кредит.
Работата на Синдикалниот Фонд е регулирана со Статутот на СОНК и Правилникот на Синдикалниот фонд на СОНК.