СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА СОНК
ЈАКНЕЊЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ВЕШТИНИ И СИНДИКАЛНОТО ДЕЛУВАЊЕ
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК , под покровителство на Регионалниот одбор на СОНК – Чаир, организираше втора по ред работилница за неговото членство, од вкупно планираните дваесетина. На работилницата учествуваа претседателите на синдикалните организации од Регионалниот одбор на СОНК – Чаир, како и дваесетина млади синдикални членови. Во улога на едукатор беше еминентниот професор по трудово право на факултетот „Јустинијан Први“, Лазар Јовевски.
Тема на оваа работилница беше ,, Јакнење на синдикалните вештини и синдикалното делување”, на која што присутните поблиску се запознаа со синдикалното движење, синдикалното дејствување, како и улогата на Синдикатот во заштитата и унапредувањето на работничките права. Имено, ова е втора работилница по ред, со цел едукација на младите синдикални лидери за оспособување на синдикалното делување, соочување со проблемите при нивното работење, како и начини и можности за нивно решавање.
Семинарот имаше голем интерес од страна на членовите на Регионалниот одбор на СОНК – Чаир, а динамичното и интерактивното излагање на проф. Јовевски поттикна дискусија преку која членовите на СОНК ги искажаа своите проблеми и предизвици.
На крајот од семинарот, општ заклучок од присутните беше дека состојбите во дејностите образование, наука и култура можат да се подобрат единствено со одлучно и единствено дејствување на сите членови на СОНК , вклучувајки ги и најрадикалните методи, со што конечно вработените во овие дејности би го завземале заслуженото место во општеството.