ОДДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛАНА ПОЛИТИКА
ДОНЕСЕН Е ЗАКЛУЧОК НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ОД ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ
Највисокото раководство на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, претседателот Јаким Неделков и генералниот секретар Весна Неделковска на 23-08-2017 година во Министерството за труд и социјална политика – МТСП, остварија работна средба со министерот за труд и социјалана политика г-ѓа Мила Царовска.
Од страна на раководството на СОНК беа отворени повеќе актуелни прашања и проблеми во дејноста детска заштита и тоа : условите за работа со зголемениот број на деца во градинките; транформација на работни места за вработените кои во меѓувреме се стекнале со повисок степен на образование; недостиг на постоечки кадар за нормално функционирање на градинките; имплементација на коефициентите по работно место на веќе потпишаниот Колективен договор и секако за мерката на Владата на Р.М. за воведување на двосменско работење во оваа дејност.
Министерот за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска рече дека Министерството во соработка со локалните самоуправи во Република Македонија, работи во насока на подобрување на генералната состојба на опфатот на деца во градинки, како и на подобрување на состојбата со вработениот кадар, дека ќе продолжи усогласувањето на коефициентите на плати за вработените во детските градинки, по заедничката извршена анализа со СОНК, за бројот на вработени на кои треба да им се изврши трансформација на работното место, ќе се бара законско решение за надминување на овој проблем и дека мерката на Владата за воведување на двосненско работење во градинките е заради тоа што институциите ќе отпочнат со двосменско работно време со што се наметнува и потребата да се обезбедат услови за родителите кои што ќе работат во две смени да има кој да ги згрижува нивните деца.
Истиот ден, раководството на СОНК оддржа работна средба и со сите претседателите на синдикалните организации на СОНК од детските градинки, на која што присуствуваа и овластени преставници од Министерот, Мирјанка Алексовска и Верица Арсовска.
На работната средба, од страна на преставниците на синдикалните организации на СОНК, беа отворени сите прашања и проблеми со кои се соочуваат вработените во оваа дејност.