ОДДРЖАНА СЕДМАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК
СОНК ГО ОСУДУВА НЕМАЊЕТО НА СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ И ПАРТНЕРСТВО
На поканата за присуство на седницата, се одзва и присуствуваше Министерот за труд и социјална политика со најблиските соработници, заменикот Министер за култура и соработник од Министерството за култура, додека пак од страна на министерствот за образование и наука ( иако беше најавено дека ќе присуствуваат овластени преставници ), не присуствуваше никој.
Во своето воведно излагање, претседателот Неделков подвлече дека во последните месеци социјалниот дијалог не е на потребното ниво. Ваквиот заклучок е поткрепен со тоа што досега раководството на СОНК има остварено по една средба со ресорните министри, а во меѓувреме се донесени повеќе законски и подзаконски акти кои директо навлегуваат во правата од работен однос и на нашето членство, а СОНК како релевантен социјален партнер не е консултиран , ниту повикан да учествува во расправа или изготвување на текстот на овие документи.
На седницата беа отворени сите актуелни прашања од сите сфери на образованието и културата.
Министерот за труд и социјална политика, по однос на социјалниот дијалог и партнерство, истакна дека во иднина истиот ќе се одвива непречено и надградува и со тоа ќе се дојде до решенија на отворените проблеми во дејноста.
Заменик Министерот во своето обраќање истакна дека се надева дека ќе се надмине проблемот со потпишувањето на Колективниот договор за култура.
Во продолжение на седницата, Советот на СОНК донесе Заклучоци во кои што се бара од ресорните министерства да почитуваат социјалниот дијалог и партнерсво на сите нивоа, со што благовремено би се отстранувале сите недоразбирања по однос на сите отворени прашања. Исто така Советот на СОНК заклучи дека ќе се превземат конкретни активности за подобрување на социјалниот статус на своите членови- зголемување на платите, како и енергично спротиставување кон сите оние кои што од позиција на власт ќе се обидат да ги нарушуваат правата на вработените, согласно Закон и Колективен договор. Особено СОНК ќе обрне внимание на најавуваните реформи во некои дејности со што е можно да се предизвикаат техолошки вишоци, на што енергично се противи и соодветно ќе реагира.
Исто така, Советот на СОНК најостро го осуди игноранскиот однос на Министерството за образование и наука кон нашиот Синдикат, со што се искажува непочитување на повеќе од 90% вработени во образовни институции а се членови на СОНК, а воедно и непочитување на Закон, Колективни договори, Меѓународни конвенции и др., со што уште еднаш се потврдува нашето кажување за непостоење на коректен социјален дијалог и партнерство на рамноправна основа.
СОНК уште еднаш подвлекува дека ќе ги употреби сите легални и легитимни средства за одбрана на правата и интересите на своите членови, кои му се загарантирани со правни документи.