ОДРЖАНИ СЕ ЕДУКАТИВНИ СЕМИНАРИ ВО ПОЛОВИНА ОД РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК
ПРОДОЛЖУВА ОГРОМНИОТ ИНТЕРЕС ЗА СЕМИНАРИТЕ
Едукативните семинари со претседателите на синдикалните организации на СОНК, кои отпочнаа со одржување во текот на изминатиот месец, продолжија да се одржуваат и овој месец .
Во изминатите викенди беа одржани едукативни семинари во регионалниот одбор на СОНК- Тетово и регионалниот одбор на СОНК – Гостивар. Во овие два регионални одбори на СОНК, процентот на присуство на едукативните семинари од страна на претседателите ( или секретарите) на синдикалните организации на СОНК , беше на високо ниво, што е голем показател за потребата за синдикална едукација на раководството во синдикалните организации.
Вредно е да се напомене дека мултиетничноста на нашиот Синдикат е изразена токму во овие два регионални одбори на СОНК, во кои членуваат со огромен процент, од вработените од сите дејности што синдикално ги обединува СОНК, од сите националности од полошкиот и мавровскиот регион.
Во вториот дел од семинарите и во двата регионални одбори , на покана од претседателите на овие регионални одбори, присуствуваа раководителите на секторот образование од општина Тетово и општина Гостивар, што е доказ на коректионот социјален дијалог на ниво на локална самоуправа.
На 19 и 20-03- 2015 г . во регионалните одбори на СОНК Прилеп и Кавадарци се продолжи со одржување на едукативните семинари, на кои присуствуваа претседателите, или од нив овластени преставници од сите синдикални организации од споменатите регионални одбори на СОНК.
Не поделено е мислењето на сите учесници на семинарите дека, предвидените три теми пројавуваат голем интерес кај учесниците, но и предвидената активност за одржување на семинарите во синдикалните организации со членовите од истите, на кои што членството ќе добие информација за придобивките од членувањето во СОНК, правата и обврските на секој член, заштитата од работен однос, надминување на слабостите во Синдикатот, како и зачувување на единството на СОНК.