СИНДИКАЛЕН ФОНД
Синдикалниот фонд е формиран со цел на членовите на СОНК кои се наоѓаат во социјални тешкотии и проблеми да им овозможи материјална помош.
Во Синдикалниот фонд членуваат синдикални организации во кои членовите донеле одлука за членување во Фондот.
Висината на средствата од кои се финансира Фондот се 0,40% од нето платата на членот, како и спонзорства, донации и др.
Средствата на Фондот се користат за парична помош за:
- бескаматен кредит
- склучување на брак
- новороденче
- прваче
- школување на студенти, надвор од местото на живеење
- повреда на работа
- континуирано подолготрајно боледување и медицинска рехабилитација
- лекување, односно набавка на лекови и медицински помагала
- инвалидска пензија
- старосна пензија
- материјална штета од пожар/поплава во домот на живеење
- смрт на член на СОНК
Фондот на членовите им дава право на користење на бескаматен кредит.
Работата на Синдикалниот фонд е регулирана со Статутот на СОНК и Правилникот на Синдикалниот фонд на СОНК.