СОВЕТОТ НА СОНК НА 05-09-2015 ГОД. ЈА ОДРЖА I-ТА СЕДНИЦА ВО НОВ СОСТАВ
VI- ОТ КОНГРЕС НА СОНК ОДЛУЧЕНО ДА СЕ ОДРЖИ НА 12 ДЕКЕМВРИ 2015 ГОДИНА
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во нов состав, по извршените избори во Регионалните одбори на СОНК во 2015 година, ја одржа 1- та редовна седница.
На почетокот, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој раководеше со работата на седницата, имаше воведно излагање за активностите на СОНК во врска со спроведување на Одлуката за распишување на редовни избори во синдикалните организации и регионалните одбори за 2015 година. Претседателот Неделков истакна дека во еден дел од синдикалните организации беа пробиени и крајните рокови за одржување на изборите во истите, со што се создадоа објективни причини за пролонгирање на изборите во регионалните одбори на СОНК, а со тоа и причина за неминовно пролонгирање на активностите за одржување на VI- от Конгрес на СОНК. Исто така, од десетина синдикални организации на СОНК беа поднесени Приговори од група на членови на СОНК, со кои беше оспорена регуларноста на изборите и тоа беше дополнителна причина за одлагање на изборите во три регионални одбори на СОНК, а во два регионални одбори на СОНК поради годишните одмори и барање за пролонгирање на изборните состаноци од повеќе синдикални организации, сеуште не се извршени изборите во овие региони.
Советотна седницата утврди Предлог – Извештај за работата на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. (СОНК), за периодот октомври 2010-2015 год., Предлог – Програма за активностите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. (СОНК), за периодот октомври 2015 – октомври 2020 год. и истите се ставени на расправа пред сите синдикални организации на СОНК, која ќе трае до 20 октомври 2015 година. Исто така, Советот на СОНК усвои Критериуми за предлагање на можни кандидати за претседател на СОНК, според кои синдикалните организации на СОНК ќе можат да дадат предлози за претседател на СОНК, кои согласно Критериумите ќе бидат сумирани на ниво на Регионален одбор, а потоа ќе бидат доставени до Советот на СОНК.
Согласно претходно наведените пролонгирања на изборните активности во синдикалните организации и регионалните одбори на СОНК, Советот на СОНК едногласно одлучи да се продолжи рокот за организирање и одржување на VI – от Конгрес на СОНК, да се одржи на 12 декември 2015 година.