ОТПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТНИТЕ СРЕДБИ НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО, СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

Објавено на: 19. 06. 2017
Прочитано: 124 пат(и).

ИНФОРМАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА НА СИТЕ НИВОА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ, ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕДИНСТВЕНА И СИЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Врз основа на програмските определби на нашиот синдикат усвоени на последниот VI - ти Конгрес на СОНК и воочената потреба за едукација на членството,  по иницијатива на највисокото раководство на СОНК (Претседателот, Јаким Неделков и Генералниот секретар, Весна Неделковска) од половината на месец јуни се отпочна со реализирање и одржување на непосредни средби со членови на СОНК. Со оваа иницијатива потребно е да се подигне нивото на синдикална едукација, како и непосредното взаемно информирање помеѓу раководството и членовите.

Претходно за оваа иницијатива до членовите на СОНК беше проследена преку  регионалните одбори и претседателите на синдикалните организации од својот регион, со што  се даде можност секој од нашите членови кој е заинтересиран непосредно да исконтактира со највисокото раководство и истата намера да ја најави на Претседателот на Регионалниот одбор.

 

Потребата за непосредна комуникација со раководството е исклучиво врзано со надлежностите на нашиот Синдикат, според Статутот и Програмата, како и Законот за работни односи, во делот за синдикатите. Тоа значи дека секој наш член што има потреба или желба за таков контакт може да информира за одреден проблем од делот на работните односи и за да побара подршка за надминување на истиот, но и можност да даде предлог за начинот за решавање на одредени проблеми со кои се среќаваат нашите членови на ниво на дејности, вклучително и свои согледувања за начинот на функционирање вкупно на СОНК на сите нивоа и сугестии за подобрување на вкупното функционирање и активности на СОНК.

 

Првите работни средби се одржаа во Регионалниот одбор на СОНК – Делчево и Регионалниот одбор на СОНК - Кочани на 16 и 17 -06-2017 година, на која присуствуваа преставници од сите синдикални организации (од некои синдикални организации и повеќемина-зависно од потребите) на СОНК од дејностите : детска заштита, основно и средно образование, како и од културата. Беа отворени повеќе прашања , индивидуални, групни и проблеми на ниво на синдикални организации, како и прашања кои се суштински на ниво на дејност, анализи и предлози за подобро и поефикасно функционирање на нашиот Синдикат на сите нивоа на организирање.

Општа констатација е дека работните  средби со членовите на СОНК во овие два Регионални одбори  предизвикаа голем интерес , што се темели врз основа на фактот дека беа присатни поголем број на членови од скоро сите синдикални организации. Исто така, присатните на работните средби искажаа нескриено задоволство од можноста за воспоставување на ваква непосредна комуникација со раководството на СОНК и барање за почести вакви или слични работни средби во наредниот период.

Работните  средби со членовите на СОНК  и во другите региони продолжуваат  понатаму,  на датуми кои взаемно ќе се договорат со претседателите на регионалните одбори и раководството на СОНК, и тоа по желба на нашите членови, во смисла на работни или денови од викенд.  

Следните работни средби се со членовите на СОНК од регионалните одбори на Прилеп и Битола со договорени  датуми на одржување и тоа на 22-06- 2017 во Прилеп и 23-06-2017 година во Битола.  


СЛЕДНА СТАТИЈА

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТНИТЕ СРЕДБИ НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО, СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

ПРЕТХОДНА СТАТИЈА

ОДДРЖАНА 5- ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК