РАБОТНА СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ОД РЕГИОНАЛНИОТ ОДБОР ВЕЛЕС СО РАКОВОДСТВОТО НА СОНК

Објавено на: 07. 07. 2017
Прочитано: 201 пат(и).

ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ДАВААТ ЦЕЛОСНА ПОДРШКА НА РАКОВОДСТВОТО НА СОНК ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОВИСОКИ МАТЕРИЈАЛНИ И СОЦИЈАЛНИ ПРАВА


Работните средби на кои учесвуваше највисокото раководство на СОНК  и членовите на СОНК од велешкиот регион, во организација на Регионалниот одбор на СОНК Велес, продолжија со очекуван интерес и посетеност. Работата беше организирана во две групи, најпрво во Велес, а потоа и во Свети Николе. Се отворија повеќе прашања од сите дејности кои ги покрива СОНК, кои во најголем дел беа колективни и се повторуваат со прашањата од  преходните работни средби во другите Регионални одбори на СОНК.


Со завршувањето на овие две работни средби се заврши и првиот циклус на вакви синдикални состаноци, кои заради отпочнување на годишните одмори ќе бидат во прекин и нивното продолжување ќе биде од втората половина на месец Август.

Врз основа на направената анализа од сите досегашни работни средби со нашите членови, може да се заклучи  дека има прашања за кои во наредниот период раководството на СОНК на сите нивоа и социјалните партнери  треба максимално да се заложат за што по брзо изнаоѓање на прифатливи решенија за двете страни . Ќе издвоиме само неколку прашања кои се истакнуваат како најзначајни, а тоа се : зголемување на платите во образованието, науката и културата, примена на потпишаните Колективни  договори во целост, обезбедување на работни услови според  нормативот за бројот на деца во групите во градинките, намалување на администрирањето во градинките и училиштата, намалување на бројот на ученици во паралелките во основното и средно образование, обезбедување превоз на вработените од страна на работодавачите,  потпишување на колективни договори за култура, високо образование и наука, подигнување на степенот на социјалниот дијалог на сите нивоа, како и други   прашања кои тековно ќе се решаваат.





Членовите на СОНК даваат целосна подршка на раководството на СОНК на сите нивоа и се подготвени да дадат свој максимален придонес и ангажман за задржување на своите права од работен однос како и остварување на нови повисоки права со колективно договарање, со што ќе си обезбедат по голема материјална и социјална  сигурност.




СЛЕДНА СТАТИЈА

РАКОВОДСТВОТО НА СОНК ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА

ПРЕТХОДНА СТАТИЈА

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТНИТЕ СРЕДБИ НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО, СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК