РАКОВОДСТВОТО НА СОНК ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА

Објавено на: 13. 07. 2017
Прочитано: 159 пат(и).

По барање на раководството на СОНК, се оствари работна средба во Министерството за култура


По барање на раководството на СОНК, на ден 12 – 07-2017 година се оствари работна средба во Министерството за култура, на која од страна на СОНК присуствуваа претседателот на СОНК, Јаким Неделков и генералниот секретар, Весна Неделковска, додека од страна на Министерството за култура, министерот за култура , г-динот Роберт Алаѓозовски, шефот на кабинетот , г-динот Тодорче Тасевки и стручни соработници од ова министерство.


На работната средба, од страна на СОНК беа отворени повеќе прашања од синдикален аспект, а  во интерес на правата од работен однос на членовите на СОНК од дејноста култура. Главен акцент во разговорите се стави  на Колективниот договор за култура, кој веќе подолго време се подготвува и истиот, како законска процедура, веќе е поминат на Јавна расправа во членствот на СОНК и сите забелешки, сугестии и мислења се вградија во конечниот текст на овој колективен договор.

Заедничка констатација на преставниците  на СОНК и на министерството за култура беше дека единствена пречка за потпишување на Колективниот договор за култура е обезбедување на финансиски средства за реализација на договорените коефициенти за секое работно место, за што искрено сите се надеваме дека во наредниот период и овој проблем ќе се надмине.


СЛЕДНА СТАТИЈА

ПРВА РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И МОН

ПРЕТХОДНА СТАТИЈА

РАБОТНА СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ОД РЕГИОНАЛНИОТ ОДБОР ВЕЛЕС СО РАКОВОДСТВОТО НА СОНК