ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ СРЕДБИ СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

Објавено на: 07. 09. 2017
Прочитано: 220 пат(и).

ОДДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ВО РЕГИОНАЛНИОТ ОДБОР НА СОНК - КАВАДАРЦИ

По завршувањето на годишните одмори и отпочнувањето на новата учебна година, раководство на СОНК,  продолжи со активностите и оддржувањето на работните средби со членството на СОНК од регионалните одбори на СОНК.

На 6-09-2017 година е оддржана  работна средба со членството на СОНК од регионалниот одбор на СОНК - Кавадарци, на која  присуствуваа и градоначалникот на Општина Росоман , г-динот Стојче Лазаров и секретарот на Општина Кавадарци, г-динот Кире Делов , како и директори на неколку организации од овој Регион. Присуството на преставниците на локалните самоуправи и директорите на вакви работни средби е веќе воспоставена пракса во СОНК , на кои се отвораат прашања и проблеми на социјалните партнери и на ниво на локална самоуправа и на ниво на работодавец.


На работната средба беа отворени повеќе прашања и од повеќе аспекти во  сите дејности што синдикално ги обединува СОНК, но и беа дадени и мислења за подобрување на условите за работа во сите сфери на образованието и културата. Во дискусијата главен акцент беше ставено прашањето за оддржувањето и негувањето на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа, неподготвеноста од сите аспекти ( просторно, не обезбеден број на вработени, зголемен обем на работа на постоечкиот број на вработени и др) на воведувањето на двосменското работење во детските градинки, причините за сеуште непотпишаниот Колективен договор во културата, ризикот од евентуален технолошки вишок во образованието и зголемувањето на платите во сите дејности.

Во расправата на споменатите прашања освен членовите на СОНК активно учестваа и претставниците на локалните самоуправи и директорите, давајќи допринос за изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија на одредени проблеми кои се во заедничка надлежност. Исто така, како заедничка констатација беше дека прифаќањето  на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа е најсилен инструмент за надминување на состојби на недоразбирање или незадоволство.

Присатните на средбата изразија огромно задоволство и го поздравија ваквиот начин на комуникација со раководството на СОНК , локалната самоуправа и работодавчите, но и апел за продолжување на вакви или слични средби, што од сите присатни со задоволство беше прифатено.



СЛЕДНА СТАТИЈА

ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕЦЕНИСКАТА СОРАБОТКА

ПРЕТХОДНА СТАТИЈА

ОДДРЖАНА СЕДМАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК