ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕЦЕНИСКАТА СОРАБОТКА

Објавено на: 25. 09. 2017
Прочитано: 140 пат(и).

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СОНК И СИНДИКАТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ОД РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА – SPASH

На 21-09-2017 година, во работна посета на СОНК, беше пречекана трочлена делегација од синдикатот за образование од Република Албанија- SPASH, предводена од претседателот Неврус Каптели.

Целта на посетата беше официјализирање  на повеќе децениското пријателство и соработка помеѓу СОНК и SPASH и потпишување на Меморандум, со кој што двата Синдикати се  согласни да воспостават поблиска меѓусебна соработка по сите прашања кои се во нивна надлежност.


Особено ќе се интензивира размената на информации за состојбите во образованието во сопствените држави и за активностите на синдикатите за подобрување на системот на образование во интерес на своите членови. Исто така, двата Синдикати се обврзуваат да си даваат подршка за позначајни активности кои ќе ги покренуваат пред надлежните државни органи, воспоставување контакти помеѓу раководствата на синдикалните организации од училиштата до највисоките раководства на Синдикатите, како и соработка на други прашања, кои се во рамките на нивните надлежности, секогаш поаѓајќи со целосно почитување и респектирање помеѓу себе.


Гостите од SPASH, во рамките на својата дводневна посета на СОНК беа во работна посета на неколку синдикални организации на СОНК како што се Нико Нестор и Ибрахим Темо во Струга, Сами Фрашери во Куманово, на кој што поблиску се запознаа со нивната работата. Исто така, остварија средби и со директорите на трите училишта како и со локалната самоуправа на Струга, на кои се разговараше за прашања кои се во нивна надлежност а се од сверата на дејностите што ги покрива СОНК и се од особена важност за нашите членови.


Гостите од SPASH имаа работна средба и со дел од раководството на СОНК (претседатели и секретари на Регионални одбори), со кој што разменија повеќе искуства околу организациската поставеност на двата Синдикати, проблеми со кои се соочени нивните членови и начини на решавање, социјалниот статус на вработените во образованието на сите нивоа, образовни системи  во сопствените држави и други прашања за кои имаат надлежност синдикатите.

Заедничка констатација беше дека двата Синдикати имаат многу слични или исти проблеми во рамките на своето работење и дека со интензивирање на соработката врз основа на потпишаниот Меморандум, успесите ќе бидат многу по забележани, а со тоа и придобивките на членовите на Синдикатите уште по големи.


СЛЕДНА СТАТИЈА

ОДДРЖАНИ РАБОТНИ СРЕДБИ ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК, КИСЕЛА ВОДА И ЧАИР

ПРЕТХОДНА СТАТИЈА

ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ СРЕДБИ СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК