ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ СРЕДБИ СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

ОДДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ВО РЕГИОНАЛНИОТ ОДБОР НА СОНК – КАВАДАРЦИ

По завршувањето на годишните одмори и отпочнувањето на новата учебна година, раководство на СОНК,  продолжи со активностите и оддржувањето на работните средби со членството на СОНК од регионалните одбори на СОНК.

На 6-09-2017 година е оддржана  работна средба со членството на СОНК од регионалниот одбор на СОНК – Кавадарци, на која  присуствуваа и градоначалникот на Општина Росоман , г-динот Стојче Лазаров и секретарот на Општина Кавадарци, г-динот Кире Делов , како и директори на неколку организации од овој Регион. Присуството на преставниците на локалните самоуправи и директорите на вакви работни средби е веќе воспоставена пракса во СОНК , на кои се отвораат прашања и проблеми на социјалните партнери и на ниво на локална самоуправа и на ниво на работодавец.

На работната средба беа отворени повеќе прашања и од повеќе аспекти во  сите дејности што синдикално ги обединува СОНК, но и беа дадени и мислења за подобрување на условите за работа во сите сфери на образованието и културата. Во дискусијата главен акцент беше ставено прашањето за оддржувањето и негувањето на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа, неподготвеноста од сите аспекти ( просторно, не обезбеден број на вработени, зголемен обем на работа на постоечкиот број на вработени и др) на воведувањето на двосменското работење во детските градинки, причините за сеуште непотпишаниот Колективен договор во културата, ризикот од евентуален технолошки вишок во образованието и зголемувањето на платите во сите дејности.

Во расправата на споменатите прашања освен членовите на СОНК активно учестваа и претставниците на локалните самоуправи и директорите, давајќи допринос за изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија на одредени проблеми кои се во заедничка надлежност. Исто така, како заедничка констатација беше дека прифаќањето  на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа е најсилен инструмент за надминување на состојби на недоразбирање или незадоволство.

Присатните на средбата изразија огромно задоволство и го поздравија ваквиот начин на комуникација со раководството на СОНК , локалната самоуправа и работодавчите, но и апел за продолжување на вакви или слични средби, што од сите присатни со задоволство беше прифатено.




РАБОТНА СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ОД РЕГИОНАЛНИОТ ОДБОР ВЕЛЕС СО РАКОВОДСТВОТО НА СОНК

ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ДАВААТ ЦЕЛОСНА ПОДРШКА НА РАКОВОДСТВОТО НА СОНК ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПОВИСОКИ МАТЕРИЈАЛНИ И СОЦИЈАЛНИ ПРАВА




ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТНИТЕ СРЕДБИ НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО, СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

ЕДИНСТВЕН И СИЛЕН СИНДИКАТ, ОСНОВЕН ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЧЛЕНСТВОТО




ОТПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТНИТЕ СРЕДБИ НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО, СО ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

ИНФОРМАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА НА СИТЕ НИВОА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ, ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕДИНСТВЕНА И СИЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА




ОДДРЖАНА СЕДМАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

СОНК ГО ОСУДУВА НЕМАЊЕТО НА СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ И ПАРТНЕРСТВО




НОВА ПОНУДА ОД ХАЛК БАНКА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК

Производи и услуги од ХалкБанк АД Скопје




СОНК ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ И УСОВРШУВААТ




ЛЕГИТИМНА И НЕПОКОЛЕБЛИВА РЕАКЦИЈА НА СОНК ДОВЕДЕ ДО ТОА РЕМЕНСКИ ДА РЕТЕРИРА

( ГИ ОБЈАВУВАМЕ ИНТЕГРАЛНО ТЕКСТОВИТЕ ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО ОД МИНИСТЕРОТ РЕМЕНСКИ И ОДГОВОРОТ НА ИСТОТО ОД  СОНК )




ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СОНК, ОДРЖАНА НА 26-11-2016 година

ГОСПОЃО РЕМЕНСКИ, ВИЕ СТЕ МИНИСТЕР, А НЕ ЗАКОН И КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР !




КАКО СЕ ВОВЕДУВА ПРИНУДНА УПРАВА СО ДЕКРЕТ

ИТНО ПОВЛЕЧЕТЕ ГО СКАНДАЛОЗНИОТ ,,ДОКУМЕНТ“