ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ИНТЕРНАЦИОНАЛАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПОСЕТА НА СОНК
ПОСЕТА ОД ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СОНК
Фред Ван Ливен, Генерален секретар на Интернационалата за образование (EI) на 1 и 2-ри јуни оваа година, во придружба на Претседателот на Холандскиот синдикат за образование (AOB), Волтер Дрешер, ќе престојува во четврта посета на СОНК во последните 10 години.
Интернационалата за образование (EI) е светска организација на синдикатите за образование во која членуваат 401 синдикати за образование од 172 земји, кои обединуваат над 30 милиони просветни работници. Нашиот синдикат беше примен за редовна членка на EI во 1998 година и тоа под уставното име на државата.
Со посебно задоволство СОНК памети и го истакнува големиот придонес што Интернационалата го има направено во поддршката на СОНК во изградба на современ, реформиран и вистинка организација на своето членство и посебна благодарност на сите членови кон Фред Ван Ливен, кој толку искрено и енергично е секогаш со нашиот Синдикат.
Генералниот секретар, Фред Ван Ливен претходната посета ја имаше на V-от Конгрес на СОНК во октомври 2010 година, на кој се обрати пред делегатите на Конгресот и не ги криеше своите искрени признанија кон СОНК, како и јасно искажаната поддршка на нашиот Синдикат во натамошните негови активности.
Четвртата негова посета, која ќе се оствари за 10-тина дена е нов израз на генералниот секретар на поддршката и признавање на активностите на СОНК, што сите нас од СОНК треба и секако многу ни значи, бидејќи сигурно дека сме еден од ретките синдикати од Интернационалата кои го имале тоа задоволство Генералниот секретар да биде нивни гостин, а во нашиот случај дури и по 4-ти пат за 10 години.
Големо значење има и доаѓањето од страна на Претседателот на AOB, нашиот докажан пријател Волтер Дрешер, кој по втор пат доаѓа во посета на СОНК и кој е најзаслужен за огромната подршка што СОНК ја имаше од AOB, особено во првите години на реформирање на СОНК од III-от Конгрес, одржан на самиот крај на 2001 година, кога финансиска подршка беа организирани стотици семинари за раководствата на СОНК од претседатели на синдикални организации до највисокото раководство, како и едукација на 20-тина членови на СОНК, кои потоа одржуваа едукативни семинари со најголемиот број на членови на нашиот Синдикат.
СОНК знае да го цени, почитува и памети вистинското пријателство и ова без дилеми посебно се однесува токму на Генералниот секретар Фред Ван Ливен, на холандскиот синдикат AOB и секако со исто значење и Американската федерација на учители (AFT). Сите тие неизбришливо се вградени во најголемиот грански синдикат во Република Македонија, сигурно и еден од најголемите грански синдикати во целиот Регион, а тоа е токму нашиот СОНК.