ОДРЖАН ТРЕТ СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ ВО ПРОЕКТОТ YOUWELL
Во рамките на Erasmus+ проектот (2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901): Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell, од 07-09 декември 2023 година, во Брисел, Белгија се одржа третиот работен состанок на сите партнери учесници во проектот.
На работниот состанок беа прикажани и претставени фазите на проектот, односно активностите што биле реализирани и имплементирани, како и следните чекори што треба да се преземат во наредниот период.
Состанокот беше исполнет со дискусии и стратешко планирање, со цел насочување на проектот кон видлив успех.
Партнерите – учесници во проектот ги презентираа резултатите од досегашната работа на наставниците – едукатори, кои ја започнаа имплементацијата на проектот со своите колеги, наставници-почетници на 01.10.2023 година. Беше дискутирано и за натамошна поддршка на наставниците – едукатори, како и на над 45 наставници – почетници од Македонија, Бугарија и Словенија.
Исто така, на состанокот се разговараше и за изготвениот Прирачник за наставници, како и за административните процедури во врска со истиот.
Состанокот заврши со активно учество на сите партнери, при што истите го искажаа своето задоволство од напредокот на целиот процес во секоја од своите земји, како и задоволството на сите учесници во истиот, со очекување за континуирана соработка за постигнување на заедничките цели во претстојните фази на проектот YouWell.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ или ПРОТЕСТ
Донесените Заклучоци на седницата на Советот на СОНК, упатени и доставени до МТСП и МОН
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како највисок орган на одлучување, на 10.11.2023 година, ја одржа својата 24-та редовна седница, на која беа разгледани повеќе актуелни прашања од дејностите што ги застапува СОНК.
Посебен акцент беше ставен на проблемот во врска со ускратеното право за докажување на репрезентативностa на СОНК, како и фазите на преговори околу колективните договори за основно, средно, високо образование и наука.
По опширната дискусија, членовите на Советот на СОНК, по утврдените Констатации, донесоа Заклучоци, кои може да ги погледнете на следните линкови:
Констатации и Заклучоци од 24-та седница на Советот на СОНК – МТСП
Констатации и Заклучоци од 24-та седница на Советот на СОНК – МОН
Наставниците едукатори ја започнаа реализацијата на проектот YouWell
На 01.10.2023 година, 5-те наставници, кои беа избрани на јавниот повик на СОНК за учесници во проектот Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School –YouWell (2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901), отпочнаа да ја реализираат својата програма. Имено, секој од нив избра по тројца млади наставници, на кои во следните девет месеци ќе им ја пружаат неопходната помош за да навлезат во тајните на наставничката професија, како и дополнително да ја засакаат оваа благородна работа.
Наставниците – едукатори одговорија на прашалник, кој придонесе да се добие појасна слика за профилот и потребите на помладите наставници. Тие со своите колеги работат групно и индивидуално, каде се разговара за задачи и конкретни цели кои треба да се постигнат за периодот додека трае проектот.
Наставниците – едукатори се подготвени да го вложат сиот свој капацитет и искуство во работата со младите наставници, со цел да изградат профил на наставник кој ќе ги задоволи и најстрогите критериуми за квалитетен наставник.
Среќен Светски ден на учителите – Нека вашата креативност и посветеност продолжат да инспирираат
„Ако треба да поставите некого на пиедестал,
поставете ги учителите.
Тие се херои на општеството.“
– Guy Kawasaki –
Mладинскиот центар за култура од Целје – домаќин на партнерите на проектот YouWell
Во рамките на Erasmus+ проектот (2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901): Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell, кој е финансиран од Европската унија, на 12.09 и 13.09.2023 година, во Целје, Словенија се одржа вториот работен состанок на сите партнери учесници во проектот.
Домаќин на состанокот беше Mладинскиот центар за култура од Целје – Република Словенија, а освен СОНК, присутни беа и Синдикатот за образование од Република Бугарија – Поткрепа, Tренинг центарот за обука од Брисел – Белгија и Националното училиште за менаџмент од Софија – Република Бугарија.
На работниот состанок беа презентирани фазите на проектот, односно главните активности и конкретните чекори што беа преземени за реализација на проектот во изминатите 6 месеци.
Главен акцент беше ставен на Обуката “Mentoring through coaching”, која се одржа во Софија, Бугарија, во периодот од 7 до 11 јули 2023 година. Од страна на сите партнери беше искажано задоволство во однос на успешно завршената обука на 15 наставници – едукатори од Македонија, Бугарија и Словенија.
Исто така, на состанокот беа дискутирани идните чекори за реализација на обуката, каде што овие наставници – едукатори, од 1.10.2023 година, треба да започнат со работа во своите земји, со своите колеги и да продолжат по една нова патека на менторство која се открива пред нив.
На крајот од дискусијата, партнерите – учесници во проектот, договорија следниот состанок да биде во почетокот на месец декември, во Брисел, на кој ќе бидат презентирани резултатите од досегашната работа на наставниците – едукатори.
Учесниците од СОНК успешно ја завршија обуката за наставник – едукатор
Во рамки на проектот „Oдржување на благосостојбата на младите наставници во училиште” („Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School” – YouWell), 2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901, во периодот од 7 до 11 јули 2023 година, во Софија, 15-те наставници кои беа избрани од Македонија, Бугарија и Словенија за имплементација на овој проект, успешно ја завршија обуката за наставник – едукатор.
Обуката “Mentoring through coaching” беше реализирана од страна на тимoт на организациите: National Management School од Бугарија и New Mindset Coaching & Training од Белгија. Истата имаше за цел следење и поддршка на наставници кои се нови во професијата во овие земји, односно поддршка на свои колеги кои се на почеток на својата кариера како наставници, а практичната реализација на стекнатите знаења од обуката ќе започне од месец октомври 2023 година.
Програмата имаше за цел да создаде поддршка и мотивација за подобра меѓусебна соработка и развој на вештини кои се потребни за следните чекори.
Во овие 5 дена, во просториите на Social Innovators во Бугарија, учесниците го започнаа своето патување и мотивирано се впуштија во откривање и учење, каде главниот фокус беше ставен на развивање суштински вештини за „обучување“ кои излегуваат надвор од училницата – вештини за живот! Овие вештини за „обучување“ ќе ги поттикнат сите учесници во програмата да станат уште подобри комуникатори, слушатели и решавачи на проблеми, што е основа за личен и професионален развој. Преку примена на иновативниот формат “Clarity Check-in Series” беше воведена техниката на емпатија и разбирање меѓу наставниците – едукатори, а преку креативните картички за проектот DiArc се поттикнуваа креативноста и имагинацијата, овозможувајќи им на учесниците да размислуваат “надвор од кутијата” и да истражуваат нови перспективи. Игрите со LEGO се покажаа како неочекувана алатка за помагање на обучуваните наставници – едукатори да ги идентификуваат своите цели и да се замислат себеси како ефикасни наставници – едукатори. На општо задоволство на сите, се изгради една заедница на високо-мотивирани наставници – едукатори, подготвени да остават трајно влијание во образовниот процес.
Патувањето продолжува од месец октомври, кога овие 15 наставници – едукатори ќе започнат со работа во своите земји, со своите колеги и ќе продолжат на оваа нова патека на менторство која се открива пред нив.
СОНК НА СИТЕ НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ ИМ ПОСАКУВА СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧИЛИШНА 2023/2024 ГОДИНА
ПРЕДЛОГ ТЕКСТОТ НА ОКД Е НЕПРИФАТЛИВ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК
На ден 11.07.2023 година, Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК ја одржа 21-та редовна седница на која расправаше за Предлог текстот на Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија – ОКД.
Предложениот текст на ОКД односно предложените проценти на зголемување на платите во јавниот сектор е неприфатлив за членовите на СОНК особено од дејноста образование, па оттука по опширната дискусија Советот на СОНК едногласно донесе Заклучоци и Барања, кои може да ги погледнете ТУКА.
СОВЕТОТ НА СОНК донесе Констатации и Заклучоци во врска со Предлогот на Владата за новата методологија на пресметка на плати во јавниот сектор
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, на ден 03.07.2023 година ја одржа својата 20-та редовна седница, на која се изврши анализа и се расправаше во однос на актуелните преговори за Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија.
Посебен акцент беше ставен на Предлогот на Владата за новата методологија на пресметка на плати во јавниот сектор, а се расправаше и за други прашања во надлежност на СОНК.
По извршената аналза и опширна расправа, Советот на СОНК едногласно донесе Констатации и Заклучоци, кои може да ги погледнете ТУКА.