синдикален фонд

Синдикалниот фонд е формиран со цел на членовите на СОНК кои се наоѓаат во социјални тешкотии и проблеми да им овозможи материјална помош.
Во Синдикалниот фонд членуваат основни организации во кои членовите донеле одлука за членување во фондот.
Висината на средствата од кои се финансира фондот се 0,40% од нето платата на членот, како и спонзорства, донации и др.
Средствата на Фондот се користат за парична помош:

  • во случај на повреда на работа
  • подолготрајно боледување
  • набавка на лекови и медицински помагала
  • инвалидско осигурување
  • материјална штета од пожари и поплави
  • за школување на ученици и студенти надвор од местото на живеење
  • смрт на членот на СОНК

Фондот на членовите им дава право на користење на безкаматен кредит.
Работата на Синдикалниот Фонд е регулирана со Статутот на СОНК и Правилник на Синдикалниот фонд.

правилник и одлуки
обрасци и договор
примери за пополнување меница