АРХИВА 2011
 
АРХИВА 2010
 
АРХИВА 2008-2009

Едукативен семинар на СОНК

Во организација на Советот на СОНК, а во соработка со австриската агенција "CHAPTER-4"-преставништво Скопје на 10 и 11 декември 2011 година во хотел "Бисер"-Струга се одржа едукативно-работен семинар со претседателите на регионалните одбори на СОНК.

Работна средба со Министерот за образование и наука

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, заедно со генералниот секретар Весна Неделковска на 3.10.2011 година, имаше работна средба со Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев.

          На средбата взаемно беа разгледани повеќе прашања кои се од заедничка надлежност и взаемен интерес на СОНК и на МОН.повеќе...

Гостиварскиот Регионален синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикалната организација за образование и наука на турскиот регион Едрене во Гостивар потпишаа протокол за соработка

Официјалниот документ за соработка беше презентиран пред членови на синдикатот, општините Гостивар и Врапчиште и гости од Турција.

- Протоколот за соработка опфаќа повеќе точки како што се размена на искуства, реализација на заеднички проекти, семинари, форуми околу синдикални прашања.

Финален извештај од ФНВ-АОБ-Холандија

Драги пријатели на СОНК,

Навистина помина време, но конечно може да го затвориме проектот. Денес го добив овој меил со многу комплименти за финансискиот извештај. Прочитајте го и бидете горди со тоа што го постигнавте.

Најдобри желби,
Труди

ОДРЖАНА 4-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 24.08.2011 година ја одржа 4-та редовна седница на која се расправаше по повеќе актуелни прашања во надлежност на нашиот Синдикат.

          Беше извршена анализа на изборните активности во синдикалните организации на СОНК и се констатира дека во поголемиот број на синдикални организации изборите успешно се извршени и во предвидениот рок.  Во синдикални организации каде што сеуште не се спроведени изборите, Советот на СОНК донесе Заклучок, со кој се задолжија претседателите на регионалните одбори на СОНК, да свикаат состаноци во синдикалните организации  за избор на раководството во истите. повеќе...

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА СИНДИКАЛНИОТ ФОНД

На ден 18.06.2011 година Собранието на Синдикалниот фонд на СОНК ја одржа Првата Конститутивна Седница на која беа разгледани повеќе прашања.
Собранието изврши избор на Управен Одбор од пет члена:повеќе...

ОДРЖАНА 3-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 26.03.2011 година ја одржа 3-та редовна седница на која расправаше и одлучуваше по повеќе актуелни прашања во надлежност на нашиот Синдикат. Советот едногласно донесе Одлука за распишување на редовни избори во синдикалните организации и регионалните одбори на СОНК, а ги усвои и останатите потребни документи за спроведување на овие избори. Изборите во синдикалните организации ќе започнат на 15.04.2011 година,повеќе...

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА ЌЕ ДОБИЈАТ РЕШЕНИЈА СО ПОМАЛКУ ОД 5 ГОДИНИ РАБОТЕН СТАЖ

На 21-03-2011 година во Министерството за образование и наука (МОН), се одржа работна средба на која присуствуваа Министерот за образование и наука Никола Тодоров, Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков.  На средбата присуствуваа и најблиските соработници на двете министерства и од СОНК. повеќе...

ДОГОВОРИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

СОНК во своите севкупни активности покрај зачувувањето и унапредувањето на правата од работен однос, континуирано работи и на обезбедување на користење на услуги преку поедини компании и други правни субјекти, со поволности кои единствено ексклузивно важат само за членовите на нашиот Синдикат.

Условите за користење на услугите на споменатите деловни партнери  важат само со членска книшка на СОНК.

 

ОДРЖАНИ СЕДНИЦИ НА РЕПУБЛИЧКИТЕОДБОРИ НА СОВЕТОТ НА С О Н К

На 26.02.2011 година одржаа седници Републичките одбори на Советот на СОНК и тоа:

-Републички одбор за згрижување и воспитание
-Републички одбор за основно образование

-Републички одбор за средно образование
-Републички одбор за високо образование и наука

-Републички одбор за култура

Најпрво Републичките одбори одржаа заедничка седница, на која покрај членовите на Републичките одбори присуствуваа и претседателот на СОНК Јаким Неделков, потпретседателот на Советот на СОНК Илирјан Чаволи и генералниот секретар Весна Неделковска. повеќе...

ОДРЖАНА 2-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА С О Н К

Советот на СОНК, на 5.02.2011 година ја одржа втората редовна седница, на која на Дневен ред беа повеќе актуелни прашања од надлежност на нашиот Синдикат. На седницата, со која раководеше Претседателот на СОНК Јаким Неделков, се расправаше во врска со довршувањето на активностите за склучување на колективните договори за градинките и за културата, како и за проблемот со не(исплата) на реални трошоци за превоз во основното и средното образование. повеќе... 

РЕАКЦИЈА НА СОНК ВО ВРСКА СО НАПЛАТА НА РАДИО ДИФУЗНА ТАКСА

До: Јавно Претпријатие –Македонска
радио телевизија – МРТ
-Управен одбор
С  К  О  П  Ј  Е

Предмет: Ж  А  Л  Б  А

Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК

Против: решенијата што ги донесува Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за синдикалните организации на СОНК со кои се задолжуваат да плаќаат радио-дифузна такса. Споменатите решенија се целосно во спротивност со Законот за радио-дифузна дејност како и измените и дополнувањата на истиот Закон. Од тие причини СОНК бара Управниот одбор на ЈП МРТ итно да ги повлече издадените решенија и да наложи престанување на натамошно издавање на вакви решенија за синдикалните организации на СОНК. СОНК исто така инсистира итно да се стопира извршувањето на издадените решенија. повеќе...

СООПШТЕНИЕ

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), со Спогодба од декември 2008 година потпишана со Министерството за образование и наука, со која беше предвидено трансформирање на работниот однос од определено на неопределено работно време, со законски утврдена постапка и усогласени ставови преку заедничка Комисија, констатира дека ваква трансформацијае направена за повеќе од 4000 вработени во основните и средните училишта. Меѓутоа, досегашната трансформација се однесуваше само на вработени кои имаа повеќе од 5 години работно искуство на соодветните работни места. По опсежните анализи повеќепати е констатирано дека сеуште има одреден број на вработени за кои работниот однос е на определено работно време иако за истото не постојат законски пречки за трансформации на нивниот работен однос. За СОНК е од особено значење и фактот што оваа категорија на вработени најчесто се мета на притисоци од најразлични адреси, вклучувајќи и партиско – политички манипулации со истите, особено при активности кога се прават избори без разлика дали станува збор за локални, парламентарни или пак претседателски избори. Од тие причини СОНК итно бара ресорните министерства, вклучувајќи ја и Владата на Р.М., да се договорат со СОНК за трансформирање на работниот однос на сите вработени што се на определено работно време и со помалку од 5 години работно искуство во установите од образованието, науката и културата во Р.М. СОНК очекува соодветна реакција од ресорните министерства, со цел да се одбегне потребата од превземање на дополнителни активности од страна на нашиот Синдикат. Скопје 20 – 03 – 2011 год. 

Претседател Јаким Неделков

ОДРЖАНА 1-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА С О Н K

LСоветот на СОНК на 13.11.2010 година ја одржа 1-та редовна седница, по одржувањето на V-от Конгрес на СОНК. На седницата, со која претседаваше новоизбраниот Претседател на СОНК Јаким Неделков, на Дневен ред беа неколку прашања по кои Советот расправаше, а по некои донесе соодветни Одлуки.

ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА С О Н К ВО ВРСКА СО НЕНАВРЕМЕНА
ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ

Почитуван (а) колега (шке),

Во разговор со овластени преставници на Министерството за образование и наука информирани сме дека документацијата која е потребна за исплата на платите од установите кои се дел од дејностите што ги обединува СОНК, често пати се доставува со доцнење. Тоа всушност е и единствената причина за доцнење со исплатата на платите во тековниот за претходниот месец. Информирани сме дека од дел на Општини документацијата за платите во МОН се испраќа после 1-ви во тековниот месец, со што објективно е оневозможено да се направи навремена проверка на документацијата во МОН, а потоа истата се доставува во Министерството за финансии а од таму во Централниот трезор, па дури после тоа парите се пренесуваат на сметките на Општините, а потоа на трансакционите сметки на вработените во деловните банки. повеќе... .

СООПШТЕНИЕ

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), со Спогодба од декември 2008 година потпишана со Министерството за образование и наука, со која беше предвидено трансформирање на работниот однос од определено на неопределено работно време, со законски утврдена постапка и усогласени ставови преку заедничка Комисија, констатира дека ваква трансформацијае направена за повеќе од 4000 вработени во основните и средните училишта. Меѓутоа, досегашната трансформација се однесуваше само на вработени кои имаа повеќе од 5 години работно искуство на соодветните работни места. По опсежните анализи повеќепати е констатирано дека сеуште има одреден број на вработени за кои работниот однос е на определено работно време иако за истото не постојат законски пречки за трансформации на нивниот работен однос. За СОНК е од особено значење и фактот што оваа категорија на вработени најчесто се мета на притисоци од најразлични адреси, вклучувајќи и партиско – политички манипулации со истите, особено при активности кога се прават избори без разлика дали станува збор за локални, парламентарни или пак претседателски избори. Од тие причини СОНК итно бара ресорните министерства, вклучувајќи ја и Владата на Р.М., да се договорат со СОНК за трансформирање на работниот однос на сите вработени што се на определено работно време и со помалку од 5 години работно искуство во установите од образованието, науката и културата во Р.М. СОНК очекува соодветна реакција од ресорните министерства, со цел да се одбегне потребата од превземање на дополнителни активности од страна на нашиот Синдикат. Скопје 20 – 03 – 2011 год. 

Претседател Јаким Неделков

 

ОДРЖАН V-OT КОНГРЕС НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НАУКА И КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (СОНК)

На 17-ти октомври 2010 година, во Спортскиот центар ,,Борис Трајковски,,- Скопје се одржа V-oт Конгрес на СОНК  на кој од 830 избрани делегати во синдикалните организации на СОНК учествуваа 771 (седумстотини седумдесет и еден) делегат.

V-от Конгрес на СОНК со тајно гласање од двајцата кандидати за Претседател на СОНК – Ѓорѓијоски Веле и Неделков Јаким, со убедливо мнозинство на гласови, за нов Претседател на СОНК го избра Неделков Јаким, досегашен Претседател на Регионалниот одбор на СОНК Кисела Вода, Скопје. повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ ОД СИНДИКАЛНИОТ ФОНД НА СОНК ЗА УЧЕБНАТА 2010-2011 ГОДИНА

Во врска со паричната помош по основ на школување на ученици и студенти во Република Македонија, со оддалеченост од 35 километри од местото на живеење, Ве информираме дека и оваа година паричниот надоместок е непроменет и изнесува 3000,00 денари.
Документите за учениците според член 12 од Правилникот за Синдикалниот фонд на СОНК треба да се достават најдоцна до 30 септември 2010.  Доставувањето може да биде лично во просториите на СОНК (ул. “Кочо Рацин“ 72Г, кај зелен пазар) или по пошта на адреса:
СОНК, Поштенски фах 450, 1001 Скопје

Потребни документи за ученици:
-Барање и Мислење (образец СОНК-3 и образец СОНК-4);
-Фотокопија од личната карта на членот на СОНК (страна 2 и 3);
-Извод од матичната книга на родени на ученикот;
-Потврда за запишана година;

Документите за студентите од скопските факултети според член 12 од Правилникот за Синдикалниот фонд на СОНК да се достават лично во просториите на СОНК (ул.“Кочо Рацин“ 72Г, кај зелен пазар). Документите за студентите од останатите факултети во Република Македонија да се доставуваат по пошта на адреса:
СОНК, Поштенски фах 450, 1001 Скопје

Потребни документи за студенти:
-Барање и Мислење (образец СОНК-3 и образец СОНК-4);
-Фотокопија од личната карта на членот на СОНК (страна 2 и 3);
-Извод од матична книга на родени на студентот;
-Потврда за редовен студент и запишан зимски семестар;
-Индекс на увид за студентите кои доставуваат лично во просториите на СОНК;
-Фотокопии од првите две страни на индексот (страна со слика и податоци за студентот) како и фотокопии од страните каде е  запишан зимскиот семестар и од страните со оценките за положените испити од претходната година за студентите од останатите факултети во Република Македонија (кои најчесто ги доставуваат документите по пошта);

НАПОМЕНА:
-Студентот треба да ги има положено сите предвидени испити за претходната година;
-За студентите од прва година и со прв пат запишан апсолвентски стаж (каде студиите се 3 години) рокот за доставување на документите е до 31 октомври 2010 година;
-За студентите од други години на студирање документите можат да се доставуваат по положувањето на предвидените испити од претходната година, но најдоцна до 28 февруари следната година;
-Кај оние факултети каде еден предмет се слуша неколку семестри, а се полага на крај на студирањето или по избор, студентот е должен да достави и дополнитетел доказ (потврда) од студенстската служба при факултетот;
-Помош не се одобрува за вонредни студенти, за школување во странство, за постдипломци, за студенти кои годината ја запишуваат по втор пат и за студенти кои не ги ликвидирале испитите од претходната година;
-Оние студенти кои ги немаат компелтирано сите документи до предвидениот краен рок, треба да аплицираат со цел да се запази рокот (да ги достават документите што до тогаш ги имаат комплетирано), а подоцна можат дополнително да ги приложат документите кои им недостасувале;

Новина од оваа година а со цел да се запази принципот на рамноправност на студентите во добивањето на оваа парична помош е тоа што студентите од сите факултети имаат право да добијат парични средства само за 4 години студирање без апсолвентски стаж (со исклучок кај оние факултети каде студирањето е 3 години) бидејќи на Правниот факултет од минатата година имаше промена во циклусот на студии (Заклучок од Собранието на Синдикалниот фонд на СОНК од 18.03.2010 година).

Претседателот на Регионалниот одбор е должен да го достави ова известување до сите синдикални организации од Регионот, кои се членки на Синдикалниот фонд на СОНК и да се обрне внимание за запазување на роковите за поднесување на документите.

Претседател,
Дојчин Цветаноски

 

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ХОЛАНДСКИОТ СИНДИКАТ (АОБ) ВО ПОСЕТА НА СОНК

На 28.08.2009 година  во посета на СОНК ќе допатува висока делегација на Холандскиот синдикат за образование (АОБ) предводена од потпреседателот  Тон Ролвник како и секретарот за меѓународна соработка на АОБ Труди.повеќе...

ПИСМО ДО РЕСОРНИТЕ МИНИСТРИ

Со Спогодбата потпишана на 02.12.2008 година помеѓу МОН, МТСП и МК од една страна и СОНК од друга страна, во точката 2 стои: “Зголемувањето на платата од 900,00 денари ќе започне да се исплаќа со јунската плата за 2009 година“.

Бидејќи се во тек подготовките за изготвување на потребната сметководствена документација за исплата на платата за јуни 2009 година, Ве замолувам Вашето министерство да ги преземе сите потребни активности установите од Вашиот ресор навреме да ги добијат потребните известувања за реализирање на споменатото зголемување на платата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК

На 21.08.2009 година беше одржана работна средба во Министерството за образование и наука помеѓу Министерот Никола Тодоров и Претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски. На состанокот стана збор за повеќе актуелни прашања од надлежност на МОН и СОНК а посебно во врска со реализирањето на Спогодбата од 2.12.2008 година. При тоа беше заеднички констатирано дека спомената спогодба досега во целост се реализира, со одредено пролонгирање во динамиката околку трансформација на работниот однос поради објективни причини.

ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК НА АФТ

Претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски на покана од Амариканската федерација на учителите (АФТ) од 12-16.07.2009 година присуствуваше на Конференцијата на АФТ во Вашингтон, која беше на тема “Инвестираме во нашата иднина“. На Конференцијата учествуваа повеќе од 2300 учесници од АФТ, како и синдикални гости од странските синдикати од образование. Од европските земји беа поканети и присуствуваа само од синдикатите за образование од Шпанија, Велика Британија, Холандија и Република Македонија што преставува знак на големо пријателство и чест за СОНК..повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со изјавата на министерот за образование и наука г-дин Перо Стојановски, дадена на прес-конференцијата од 4 јуни оваа година, а во врска со одработување на деновите од генералниот штрајк на СОНК од 24-11 до 2-12. 2008 година, дека “законската регулатива  укажува на тоа дека тие часови треба да се одработат“, СОНК уште еднаш го потврдува цврстиот став и определба за целосно почитување на Уставот; законските и сите важечки акти, а во овој случај Спогодбата помеѓу СОНК и МОН од 2 декември 2008 година.

СОНК е сосема свесен дека во посебните закони за основното и за средното образование стојат одредби со кои е регулирано дека во наставната година треба да има 180 работни денови, но доколку од различни причини оваа законска одредба неможе  да биде исполнета министерот има дискреционо право да ја верификува годината и со помалку од 180 работни денови, но не помалку од 100 работни денови...повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК И ЧЛЕНКИТЕ НА СИНДИКАЛНИОТ ФОНД

Поради зголемен обем на работа во Синдикалниот фонд на СОНК, како и неможност да се извршуваат тековните обврски поради огромниот број на телефонски јавувања, сите информации кои се однесуваат на Синдикалниот фонд можат да се добијат на тел. 02 3115-011 во следниве денови: понеделник, среда и петок од 09: до 11:00 часот.

Ве молиме со ова известување да ги запознаете синдикалните организации од Вашиот регион кои се членки на Синдикалниот фонд со цел да ги почитуваат утврдените термини за да можат работните активности да се одвиваат непречено.

РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА СОНК
СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Претседателството на СОНК (од делот на образованието) предводено од претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски на 20.05.2009 година (среда) имаше средба  во МОН со министерот господинот Перо Стојановски...повеќе...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА СПИРЕ РИСТЕВСКИ

Претседателот на СОНК, Дојчин Цветаноски на 11.05.2009 година оствари средба со Заменик министерот  за труд и социјална политика Спире Ристевски. Беа договорени активности за довршување на активностите за потпишување на Колективниот договор за градинките, како и инензивирање на активностите за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време во градинките.

СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТНИОТ ОДНОС

На 14 мај 2009 година е закажана седница на Комисијата за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време.

По одржувањето на седницата ќе следи информација на Веб страната на СОНК.

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТЕН ОДНОС

Комисијата за утврдување на исполнетоста  на условите за трансформација на работен однос во основното  и средното образование од определено на неопределено време, на 29.04.2009 година (четврток) одржа седница на која расправаше за степенот на пополнети и доставени прегледи од страна на општинските комисии и ја договори постапката за трансформација на работниот однос.

Претседателот на Комисијата м-р Дарко Митевски, информираше дека прегледи со потребните податоци се добиени од сите општински комисии со исклучок на општините: Зајас, Кичево, Кавадарци и Центар-Скопје. Збирно од добиените прегледи работен однос на определено време во основните и средните училишта во државата се 5.196 вработени. Констатирани се и помал број на случаи на неевидентирани лица од страна на поедини училишта, иако истите се на определено работно време. Комисијата за сите тие случаи ќе интервенира истото да се исправи како намерен или ненамерен пропуст.

Комисијата донесе Заклучок да се обрати до Министерството за финансии да достави известување за одобрување на финансирање на сите работни места кои не се од времен (на определено) карактер, со цел да се обезбеди трајно финансирање на работните места за да може да се изврши трансформацијата на работниот однос. Наредната седница на Комисијата е закажана за 14.05.2009 година.

ОДРЖАНА 26-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 25 април ја одржа својата 26-та седница.

Советот го усвои  Извештајот за материјално-финансиското работење на Советот на СОНК за 2008 година и Финансискиот план за 2009 година.

Советот беше информиран за Извештајот за финансиското работење на Синдикалниот фонд на СОНК за 2008 година.

Советот ја разгледа и усвои Информацијата за остварување на правната заштита на членовите на СОНК за 2008 година.

Советот го разреши поради заминување во пензија Иванчо Ангелески од функцијата  претседател на Републичкиот одбор за средно образование и  член на Претседателството. На местото на Иванчо Ангелески на предлог на Регионалниот одбор-Прилеп ја избра Сузана Талмиџиоска-Чурлиоска, професор во СОУ “Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп.

Советот ја избра Весна Неделковска за секретар на Советот на местото на Невенко Калеов кој согласно Закон заминува во пензија.

Советот избра 5 члена од СОНК за делегирани членови во Собранието на КСС и тоа: Имри Ибраими, Ведрана Светиева, Марина Димова, Илче Стојановски и Горан Пашовски.

Советот заклучи дека е потребно СОНК на сите нивоа на организираност  да преземе аактивности со цел да се сопре одработувањето на деновите за време на штрајкот се додека не се постигне договор помеѓу СОНК и МОН согласно точка 4 од Спогодбата потпишана со ресорните министерства меѓу кои и МОН.

Советот донесе заклучок дека СОНК треба да разговара со МОН во врска со решавање на проблемот настанат со Одлуката на Уставниот суд за укинување на член 181 од Законот за основното образование (Сл. весник бр.48/2009).

Советот расправаше и за проблемите сврзани со превозот на вработените според реалните трошоци и заклучи дека треба СОНК да побара МОН заедно со општините  да го разреши прашањето за начинот на исплаќањето.

Советот констатира дека активностите за трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено работно време продолжуваат (изработка списоци за трансформација),  а закажан е  и состанок на државната комисија за трансформација за 29.04.2009 година.

ПИСМО ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИТЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ

На 22.04.2009 година СОНК упати писмо до директорите на основните и средните училишта и до градинките со укажување дека правата и обврските од колективните договори важат само за членовите на СОНК а за останатите вработени треба да се применуваат директно законските одредби. Содржината на писмото е следна:

Предмет: Укажување

Почитуван господине (ѓо) директор,

Согласно член 205, став 2 и член 217 од Законот за работни односи (“Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005 и 106/2008) и член 1, став 3 и член 3 од Колективните договори за основното и средното образование во Република Македонија (Сл.весник на Република Македонија“ бр. 24/2009) сите одредби од споменатите колективни договори за основното и средното образование во Република Македонија важат и се применуваат само за членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК). Тоа значи дека  за вработените во Вашето училиште  кои не се членови на СОНК (доколку такви работници има) се применуваат директно законски одредби кои ги регулираат правата и обврските од работниот однос. Секое давање на права  и обврски од споменатиот Колективен договор на работници кои не се членови на СОНК ќе го сметаме за злоупотреба на Колективниот договор и соодветно ќе постапуваме.

Со почит,

Претседател,
ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ

Напомена: Истиот допис е испратен и до директорите на градинките.

УКАЖУВАЊЕ ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА СПОГОДБАТА ПОТПИШАНА НА 2.12.2008 ГОДИНА

На 23.04.2009 година СОНК упати писмо до директорите на основните училишта со укажување дека треба да се почитува Спогодбата која СОНК и МОН ја имаат потпишано на 2.12.2008 година кога заврши Генералниот штрајк на СОНК. Текстот на псимото е:

„Предмет: Укажување

Почитувани,

Последниве денови имаме поголем број на информации во врска со барање за одработување на деновите од Генералниот штрајк на СОНК од 24.11. до 2.12.2008 година.

Сакам да Ве потсетам дека штрајкот беше прекинат откако беше потпишана Спогодба помеѓу СОНК и трите ресорни министерства, меѓу кои и Министерството за образование и наука (МОН), а потписник е министерот, господинот Перо Стојановски. Во точка 4 од Спогодбата стои: “Министерството за образование и наука и СОНК  спогодбено ќе го решат  прашањето поврзано со календарот за работа и организација на училиштата за наставната 2008/2009 година.

Значи, се додека МОН и СОНК  не се договорат околу ова прашање, секое барање за одработување  на овие денови е кршење  на Спогодбата, негирање на надлежностите на Министерот за образование и наука, како и притисок врз членовите на СОНК, што е противуставно и незаконско однесување. СОНК нема да подлегне пред ваквите однесувања и доколку истите веднаш не престанат ќе мораме да преземеме соодветни мерки, меѓу  кои и барање на поединечна одговорност од одговорните лица кои и после ова укажување ќе продолжат со споменатите притисоци.

Исто така, на синдикалните организации на СОНК им укажуваме дека се должни да ја почитуваат Спогодбата помеѓу СОНК и трите министерства, за да не создадат основ  да бидеме обвинети дека и ние истата не ја почитуваме односно ја кршиме. Во таа смисла претседателите се должни континуирано да го информираат Советот и претседателот на СОНК и по ова прашање  за да можеме да преземеме соодветни мерки и активности како и да ги информираме надлежните државни органи.

Со поздрав,

Претседател,

 ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ

Доставено и до:                                                  
Министерот за образование и наука

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВНА ЗАШТИТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОНК ВО 2008 ГОДИНА

Врз основа на член 15, алинеа 3 од Статутот на СОНК, утврдено е правото на членот на СОНК “да користи бесплатна правна помош и заштита“.

Во остварувањето на ова основно право на членот, СОНК обезбедува бесплатна правна помош преку адвокатот Драги Стојкоски (во натамошниот текст „Адвокат“).

Според прегледот доставен од Адвокатот членовите на СОНК најчесто бараат правна помош во врска со кршењето или намалувањето на нивните права утврдени во работното законодавство и колективните договори како и во областа на пензиското и инвалидското осигурување, здравствената заштита итн.

Правната заштита Адвокатот ја остваруваше непосредно и посредно преку телефонски контакти. Вкупната правна помош во 2008 година беше дадена  на 246 членови од кои 180 непосредно во канцеларијата на Адвокатот и во СОНК и 66 преку телефон. Правната помош што била давана се состоела од правни совети, поднесување приговори до надлежните органи во установите и во крајни случаи поведување на судски спорови.

Според содржината и бројот на правната помош Адвокатот ги презентира следните податоци:


-130 правnи совети во врска со членот 46 од Законот за работни односи кој се однесува за засновање на работен однос од определено на неопределено работно време
- 18 случаи во врска со намалување на бројот на наставни часови
- 12 случаи во однос на неправилности при објавување на огласи и прием на работници  
- 6 случаи за непродолжување на договорите за работа
- 4 случаи за неправилности во врска со дополнување на наставните часови во други училишта
- 3 случаи за дискриминација на работници
- 3 случаи за неисплатена испратнина при пензионирање
- 1 случај за незаконски престанок на работен однос со пензионирање
- 5 случаи за неправилно поведена дисциплинска постапка
- 5 случаи за парична казна за дисциплинска одговорност
- 6 случаи за намалена плата
- 25 случаи за неисплатена плата според колективни договори

Адвокатот покрај оваа правна помош контактирал со претседателите на регионалните одбори на СОНК и притоа доставил 3 писмени одговори во врска со одредени правни прашања.

Во 2008 година Адвокатот  покренал 21 судски спор по различни основи по обраќање на членови на СОНК и со изјава дека се согласуваат да се покрене судски спор.

Во рамките на правната заштита, треба да се нагласи дека Адвокатот го застапуваше СОНК во повеќе судски спорови. Посебно треба да се набележи дека во 2008 година СОНК го доби спорот по тужбата на ССМ сврзана за надомест на штета . Со оваа Одлука на судот СОНК ја потврди легитимноста на својата Одлука за престанок на финансирање на ССМ преку плаќање на членарина на ССМ од основните организации на СОНК. Оваа Одлука на судот има и пошироко синдикално значење бидејќи потрвденo е законското и уставно право на  слободно   синдикално организирање што значи дека секој синдикат член  на повисоко синдикално здружување, во конкретниот случај ССМ може слободно да се раздружи без било какви законски последици.

Врз основа на сите изнесени податоци може да се констатира дека правна заштита во 2008 година е дадена на сите членови кои имале потреба од правна заштита и со тоа била обезбедена правната заштита гарантирана со Статутот на СОНК.

Во натамошниот развој на овој значаен сегмент на синдикална активност, потребно е правната заштита да се проширува и во регионалните одбори на СОНК со што во поголема мера правната заштита би се доближила до членовите. Регионалните одбори согласно своите материјални можности и потреби треба да расправаaт за правната заштита со цел да обезбедат соодветни адвокатски услуги на локално ниво. Во таа насока регионалните одбори можат да го користат искуството на Регионалниот одбор-Битола.

* СОНК и Адвокатот имаат склучен Договор за месечен паушален износ за бесплатна правна помош за членовите на СОНК.

ИСКЛУЧИТЕЛНО УСПЕШНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИТЕЛИТЕ (АФТ) НА СОНК

Дводневната посета на Шенон Ледерер, директор за меѓународни работи на АФТ на СОНК на 31.03. и 1.04.2009 година е од исклучително значење за натамошната соработка помеѓу двата синдикати. Уште еднаш беше потврдена повеќегодишната блискост помеѓу АФТ и СОНК, а договорени се и конкретни активности за натамошна соработка.

Ледерер имаше разговор  со членови на Претседателството на СОНК и претседателите на регионалните одбори на СОНК од Скопје на кој беше информирана за поставеноста на регионалните одбори и нивната улога во децентрализацијата. Таа ги запозна со начинот на делување на АФТ на ниво на држави и на локално ниво.

Во завршните разговори со претседателот и секретарот на СОНК беше потенцирана големата благодарност од наша страна за досегашната помош и подршка што ја имаме од АФТ и потребата од натамошното продолжување и зголемување на соработката. Договорено е СОНК да предложи правци за соработка и тоа да биде вградено во документ што ќе биде потпишан помеѓу АФТ и СОНК, при посетата на повеќечлена делегација на АФТ која треба да се реализира во скоро време.

Шенон Ледерер беше примена и од министерот за образование и наука господинот Перо Стојановски, кој ја информираше за активностите на МОН и за конструктивниот дијалог со СОНК.

Ледерер оствари средба и со високи преставници од Амбасадата на САД во Република Македонија.

РЕАКЦИЈА НА СОНК ВО ВРСКА СО ПРОБЛЕМОТ НА ДОЦНЕЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

За
 -Г-дин Перо Стојановски, министер за
                                                образование и наука
                                                -Г-дин Трајко Славески, министер за
                                                финансии
                                                -Г-дин Коце Трајановски, претседател
                                                ЗЕЛС

          Почитувани,

Проблемот со доцнење на исплатата на платите во образованието, особено во основните и средните училишта, за последните три месеци (декемвриска, јануарска и февруарска плата) станува навистина многу сериозен. СОНК, преку регионалните одбори, обезбеди точни податоци по општини на кој датум е исплатена февруарската плата. Од Прегледот се гледа дека најмалку доцнење (од крајниот законски рок) е пет денови, а во еден дел на општини вработените ги земаа платите со доцнење и од десет дена.

Покрај значајното доцнење на исплата на платите, во најголемиот број на општини три месеци не се исплаќаат реалните трошоци за превоз, што  вработените ги земаа се до крајот на минатата година.
Револтот заради ваквите состојби е очигледен, СОНК досега успеа ова незадоволство да го амортизира со цврсти ветувања дека проблемите ќе се надминат со наредната плата. Ваквите ветувања ги градевме и врз основа на информации што ги добивавме во комуникација со одговорните луѓе од надлежните министерства.

Во СОНК сепак постои голема загриженост какви ќе бидат реакциите доколку и мартовската плата, како и проблемот со надоместоците за превоз, не бидат навреме односно во законскиот рок исплатени. Возможно е да се создадат сериозни состојби бидејќи многу основни и средни училишта, како и цели региони веќе имаат најавено дека ќе прекинат со работа на 16.04.2009 година ако не ја добијат  платата до 15.04.2009 година. Револтот најмногу го засниваат на плаќањето на камати по основ на разни долгови што ги имаат за плаќање, како и фактот што во другите делови од јавната администрација платите навреме се исплаќаат (со мали исклучоци), а во образованието нема ниту еден поединечен субјект каде платата е навреме  исплатена во последните три месеци.

Од сите горе навдени причини, молам итно да се организира  заеднички состанок со Вас или  од овластени преставници и СОНК со цел да се согледаат причините за ваквата состојба и да се договорат активности за надминување на овие состојби.

 

          Во очекување на одговор, примете искрени поздрави,

 

                                                                             Претседател,
ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ

ЈАВНА ИЗЈАВА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК, ДОЈЧИН ЦВЕТАНОВСКИ ВО ВРСКА СО НАПИСОТ ВО НЕДЕЛНИКОТ ФОРУМ БР. 182

Во врска со написот под наслов “Ќе се лустрира ли Дојчин!?“ објавен во неделникот Форум бр. 182 од 20.03.2009 година јавно давам изјава и јавно ја повикувам Комисијата за верификација на факти, веднаш да отпочне со постапка за моја лустрација. Исто така давам согласност се што ќе биде утврдено во врска со мене јавно да биде објавено, а доколку тоа не биде направено, од страна на Комисијата, јас самиот тоа ќе го направам.

Исто така ќе побарам согласност за лустрација да дадат и сите членови на Претседателството на СОНК, а ги повикувам и сите синдикални лидери во Републиката да дадат согласност за нивна лустрација.

Доколку е потребно оваа изјава ќе ја заведам и на нотар, со цел да се симнат сите дилеми околу мојата искреност во врска со оваа изјава.

РЕАКЦИЈА НА СОНК ПО ПОВОД ПРОТИВЗАКОНСКАТА ОДЛУКА НА ДИРЕКТОРОТ НА ОУ „КИРИЛ И МЕТОДИ“ - с. СТАЈКОВЦИ, СКОПЈЕ

СОНК најостро реагира против незаконската одлука за одработување на деновите од штрајкот донесена од страна на директорот на ОУ „Кирил и Методи“ од с. Стајковци, Скопје (општина Гази Баба). По тој повод СОНК испрати официјални дописи до директорот на гореспоменатото училиште како и до Министерот за Образование и наука на Република Македонија.

Содржината на дописите e следната:

ДОПИС ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Почитуван господине Министер,

Сакам да Ве известам за незаконското и крајно арогантно однесување на директорот на ОУ “Кирил и Методи“ с. Стајковци-општина Гази Баба-Скопје према членовите на синдикалната организација; преставниците  на  Регионалниот одбор на СОНК-Гази Баба и кон раководството на СОНК. Имено, споменатиот директор беше еден од поедините директори и за време на Генералниот штрајк што вршеше жестоки притисоци  врз членовите на синдикатот, а за тоа е писмено известен градоначалникот на општина Гази Баба.Со цел да ја докаже “моќта“  врз синдикатот сега наредува да започне одработување на деновите од штрајкот и тоа почнувајќи од утрешниот ден (28.02.2009). И покрај нашите укажувања дека ја крши Спогодбата помеѓу МОН и СОНК од 2.12.2008 година споменатиот директор му изјавил  на претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Гази Баба дека “не го интересира никаква Спогодва“ и тој ќе тера по свое.Бидејќи овој случај  преставува драстичен пример на кршење на Законот за работни односи, Колективниот договор за основно образование како и Кривичниот законик на Република Македонија, барам итно да преземете мерки  со цел веднаш да престанат притисоците врз членовите на синдикалната организација во споменатото училиште. Доколку истото не се случи СОНК е приморан да преземе и други мерки, вклучувајќи известување и на други органи во државата како и известување и на јавноста за овој случај.

Во очекување на Ваш одговор, примете ги моите искрени поздрави,


Претседател,
ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ

Доставено и до:                                                     
-Држав.секретар на МОН                          
-Градоначл.на опш.Г.Баба
-Директорот на ОУ и
прет.на ОО на СОНК во ОУ

ДОПИС ДО ДИРЕКТОРОТ НА ОУ „КИРИЛ И МЕТОДИ“, с. СТАЈКОВЦИ, СКОПЈЕ

Почитуван господине Директор,

Ве известувам доколку веднаш не ја повлечете Вашата наредба за одработување на утрешниот ден (28.2.2009 година) за деновите од Генералниот штрајк на СОНК одржан на крајот на ноември и почетокот на декември 2008 година  што преставува Ваше натамошно вршење притисок врз членовите на синдикалната организација на СОНК, Советот на СОНК во почетокот на наредната недела ќе одржи вонредна седница и тоа во Вашето училиште во присуство на средствата за јавно информирање. Исто така ќе и предложиме на синдикалната организација на СОНК од Вашето училиште да донесе одлука за влегување во штрајк се додека Вие не бидете разрешен од местото директор на ова училиште. СОНК нема  да отстапи од барањето за почитување на законите во Република Македонија а во таа смисла и со кршење на истите да се кршат синдикалните права и слободи кои се загарантирани со Уставот на државата, со други закони и со меѓународни конвенции.

Со поздрав,

Претседател,
ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ ВО ОДНОС НА ДОЦНЕЊЕТО НА ИСПЛАТАТА НА ПЛАТИ

Почитуван колега (шке),

Проблемот со доцнење на исплатата на платите за дејностите што ги покрива СОНК продолжува и натаму и покрај строгите законски одредби и високите парични казни за установите и одговорните лица. Според сознанијата  со кои располага СОНК, добиени од ресорните министерства, проблемот најмногу се јавува во доцнење со изготвување на потребната документација во установите (градинките; училиштата и установите од културата) со што се оневозможува навременото изготвување на  збирната документација и контрола од страна на единиците на локалната самоуправа (општините) и ресорните министерства.

Реакциите на нашите членови односно вработените се сосема оправдани иако не се прифатливи одредени реакции против СОНК на било кое ниво. СОНК, ниту било кој друг синдикат кај нас или во светот, не изготвува платни списоци ниту пак врши исплата на плати. Но тоа не не ослободува од обврската постојано да бараме од одговорните во установите; општините и ресорните министерства, навреме и ажурно изготвување на потребната документација. Токму заради тоа потребно е веднаш да преземете дополнителни активности во установите и во општините веднаш да започнат со подготовки за изготвување на сметководствената документација за февруарската плата.

Ве информирам дека раководството на СОНК на државно ниво презема активности преку надлежните министерства, вклучувајќи го и Министерството за финансии, со цел поедноставување на целокупната процедура за изготвување на документацијата за изготвување на платите за нашите дејности. Но тоа е многу сложена постапка и засега не можеме да бидеме сигурни што од тоа ќе произлезе.

На крајот, Ве молам постојано да бидете во контакт со претседателите на синдикалните организации со цел да имаат точни информации кои треба да ги пренесат на нашите членови.

          Со искрени поздрави,            

Претседател,
 ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ

СОВЕТОТ НА СОНК ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ И СПОГОДБИТЕ ЗА НАЈНИСКА ПЛАТА

Советот на седницата од 29.01.2009 година ги усвои Измените и дополнувањата на Колективниот договор во дејноста згрижување и воспитание на децата, Колективниот договор за основното образование и Колективниот договор за средното образование.

Советот исто така ги усвои и спогодбите за најниската плата за најнизок степен на сложеност (коефициент 1) согласно колективните договори за градините, основното и средното образование како и во културата.

Преставниците од министерствата за труд и социјална политика, образованието, науката и културата кои учествуваа во работата на Советот изјавија дека овие измени на колективните договори и спогодбите се во согласност со законот и прописите за исплата на платите во бруто износи. Тие исто така изјавија дека со премин на бруто плата нема да се променат износите на платите кои се исплатени во месец декември 2008 година додека пак износите за превоз и за исхрана кои се исплаќаа досега за 11 месеци во 2009 година ќе се исплаќаат за 12 месеци и тие износи ќе бидат вградени во пресметките на бруто платите.

Преставникот во културата изјави дека во културата треба да се изменат колективните договори на ниво на установа и за таа цел Министерството ќе подготви соодветно упатство.

Советот беше информиран дека Комисијата за трансформација на работниот однос од определено работно време на наопределено работно време во образованието, усвоила  упатство со соодветен преглед кое ќе биде упатено до општинските комисии за трансформација на работниот однос.  Врз основа на овие документи   се отвора процедурата за трансформација на работниот однос.

Советот одлучи да  покрене Иницијатива до Министерството за образование и наука за формирање на заедничко работно тело кое ќе има надлежност да разгледува, да завзема ставови и покренува иницијативи во врска со методологијата и практичните проблеми сврзани со оценувањето на учениците согласно законот. Советот истакна дека начинот и постапката на оценување на учениците треба да биде објективна и методолошки валидна бидејќи во спротивно може да предизвика негативни последици како врз учениците така и врз наставниците што беше посебно нагласено од Советот.

ПОТПИШАНИ СПОГОДБИ ЗА НАЈНИСКА ПЛАТА

СОНК и ресорните министерства ги потпишаа спогодбите за најниска плата за вработените во градинките, основното и средното образование како и за вработените во установите на културата. Во нив се дефинирани:

- Најниската плата за најнискиот степен на сложеност
- Најниска основна плата на работникот согласно Колективен договор
- Период односно датум на примена

Спогодбите се поставени во вид на документи и може да се преземат од страната со Колективни договори.

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 27 и 28.12.2008 година ја одржа својата 24-та редовна седница.

На седницата се направи анлиза за Генералниот штрајк на СОНК што се одржа од 24.11. до 2.12.2008 година. Општа оценка е дека штрајкот беше успешен иако се одвиваше под силни притисоци врз штрајкувачите од страна на одредени директори и просветни инспектори.  СОНК веке презел активности за нивно санкционирање заради кршење на Уставот и Законот за слободно синдикално организирање и штрајкување.  Советот  исто така оцени дека во одредени основни организации и региони имаше и деструкција на штрајкот која исто така мора да се санкционира врз оние членови и претседатели на синдикални организации кои не ја испочитувале Одлуката на Советот на СОНК за Генерален штрајк.

Советот донесе Одлука да се покрене Иницијатива пред надлежните државни органи за намалување  на старосната граница за пензионирање на наставниците, воспитувачите и негователите.

Советот исто така заклучи дека Собранието на Синдикалниот фонд треба да направи промена во Правилникот на Фондот со кој ќе им се овозможи на пензионираните работници-членови на СОНК  да можат да користат бескаматни кредити од Фондот како и парична помош по основ на смрт на пензионираниот член на СОНК. Советот одлучи месечната  членарина на пензионираните членови на СОНК да изнесува 30,00 денари за пензија до 10.000,00 денари и 50,00 денари за пензија над 10.000,00 денари.

Советот донесе Одлука членарината што се уплатува на сите нивоа на организираност,  со јануарската плата да се уплатува на платата  согласно новиот Закон  (бруто плати).

ПРЕДНОВОГОДИШНА СРЕДБА НА СОНК СО НОВИНАРИТЕ

Претседателот на СОНК на 30.12.2008 година одржа предновогодишна  средба со новинарите. На традиционалната средба претседателот  Дојчин Цветаноски ги сумираше активностите на СОНК  во 2008 година со посебен осврт на Генералниот штрајк кој се одржа од 24.11 до 2.12.2008 година.

Претседателот информираше дека Спогодбата што беше потпишана помеѓу СОНК и ресорните министерства на 2.12.2008 година, започна да се реализира со заеднички активности на потписниците. Тој посебно го издвои коректното и кооперативно однесување на Министерството за образование и наука во реализирањето на Спогодбата.

Меѓудругото, во делот на трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено работно време  во одредени училишта, според податоците што ги има СОНК, околу стотина вработени се заменети со нови вработувања. Иако за дел од нив има и законски основ, за одредени случаи станува збор за евидентно самоволие и кршење на закон од страна на поедини директори. Најевидентен пример  за тоа е во ОУ во Богданци, каде дипломиран професор со три години работен стаж е заменет со кандидат што конкурирал со индекс од факултет. Евидентно кршење на закон е направено и во Гимназијата во Велес.
На двајца претседатели на Регионални одбори на СОНК, на едниот синот а на другиот ќерката дадени им се откази од работа, со усна порака дека тоа им е сметката за штрајкот.

Претседателот Цветаноски информираше и за поднесените барања до неколку градоначалници  за покренување на постапки за разрешување на директорите  за кои постојат докази  за вршени притисоци врз членовите на СОНК за време на штрајкот. Иако одминаа повеќе од 20 дена од доставените барања ниту еден од градоначалниците нема доставено повратна информација до СОНК. Претседателот предупреди дека со такво однесување може да се случи градоначалниците да станат соучесници во кривично дело.

ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК СЕ ЗГОЛЕМУВА

Во текот на Генералниот штрајк на СОНК, како и во периодот по неговото завршување (заклучно со 23.12.2008) на СОНК му се придружија 943 нови членови како и 9 нови основни организации. Листата на нови и постоечки организации на кои им се придружија нови членови е презентирана во следниот преглед:

БРОЈ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ПОСТОЕЧКИ ОСНОВНИ ОРГАНИЗАЦИИ
(Име на организацијата: број на нови членови)
1. ОУ Св.Климент Охридски-Охрид: 2
2. НУ Мак.филхарм.-Скопје: 2
3. СМУ Панче Караѓозов-Скопје: 7
4. ЈУДГ Срничка-Скопје: 4
5. ОУ Пере Тошев-с.Дупјачани-Прилеп: 1
6. СОУ Р.Ристески-ричко-Прилеп: 4
7. ОУ Св.Кирил и методиј-Скопје: 2
8. СУГС Б.Миладиновци-Скопје: 2
9. ПОУ Иднина-Скопје: 5
10. ОУ Б.Миладиновци-Струга: 4
11. ЈУДГ Кочо Рацин-Скопје: 4
12. ЈУДГ Р.Ј.Корчагин-Скопје: 1
13. СОУ Нико Нестор-Струга: 5
14. ОУ Владо Тасевски-Скопје: 1
15. ОУ Тефејуз-Скопје: 11
16. ОУ Св.Климент Охридски-Бутел: 7
17. СУГС Цветан Димов-Скопје: 16
18. СОУ Димитар Влахов-Струмица: 7
19. МОБ-Скопје: 5
20. ОУ Мануш Турновски-Ново Село: 15
21. ОУ Герас Цунев, Просениково: 8
22. НУ Музеј на Македонија: 7
23. ОУ Ј.Б.Тито-Струга: 1
24. СУГС Лазар Танев-Скопје: 11
25. ОУ Круме Кепески-Скопје: 2
26. МКЦ-Скопје: 4
27. ОУ Кочо Рацин-Петровец: 1
28. ОУ Гоце Делчев-Виница: 5
29. ОУ 11 Октомври-Скопје: 3
30. ДСУ Лазар Личеноски-Скопје: 12
31. ОУ Кирил и Методиј, с.Стојаково: 15
32. ОУ 7 Марси-Тетово: 11
33. ОУ Г.Прличев-Охрид: 5
34. ОУ Б.Миладиновци-Пробиштип: 9
35. ДУФК М.М.Брицо-Скопје: 36
36. ОМУ Боро Џони-Струмица: 18
37. ОУ Гоце Делчев-Босилово: 11
38. ОУ Крсте Мисирков-Радовиш: 14
39. ОУ Наим Фрашери-Тетово: 26
40. ОСУ Св.Климент Охридски-Охрид: 22
41. ЈУДГ 11 Октомври-Скопје: 20

НОВОФОРМИРАНИ ОСНОВНИ ОРГАНИЗАЦИИ И БРОЈ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ

41. Уметничка галерија-Тетово: 15
42. ОУ Исмаил Ќемали-Гостивар: 90
43. ОУ Лирија, с.Вруток-Гостивар: 59
44. ОУ Наим Фрашери, с.Неготино-Гостивар: 70
45. ОУ Чајла с. Чајла-Гостивар: 28
46. СОУ Гостивар-Гостивар: 150
47. ОУ Мехмет Дерала-Гостивар: 47
48. ОУ Прпарими-с.Речица-Тетово: 55
49. ОУ Скендербег-с.Порој-Тетово: 85

ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД 2008 год.

ИСКРЕНО ПИСМО НА ПОДДРШКА ОД НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД АМЕРИКАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИТЕЛИ

Американската федерација на учители, која e формирана во 1916 година со цел да ги штити економските, социјалните и професионалните интереси на наставниците во Соединетите Американски Држави обединува повеќе од 3000 основни организации со преку 1.4 милиони членови. Нивното највисоко раководство испрати порака до СОНК со следната содржина:


18 Декември, 2008

Г-дин, Дојчин Цветаноски
Претседател,
Самостоен синдикат за образование, наука и култура, (СОНК)

Драг Дојчин,

Се надевам дека ова писмо ќе Ве најде во добро. Ви посакувам Вам и на сите наши пријатели и колеги од СОНК Среќни Новогодишни празници.

Жал ми е што не бевме во можност да Ви пишеме изминативе денови. Но, имавме презафатен и возбудлив период проследен со наши успешни обиди за поддршка на изборите на Барак Обама како наш нов Претседател. Атмосферата е наелектризирана и се уште има многу работа со оглед на подготовките во Вашингтон за Претседателската Инаугурација на 20 јануари.

Жалам што не бевме во можност да бидеме со Вас за време на неодамнешниот штрајк во македонија. За време на таа седмица, која коинцидираше со нашиот национален празник – Денот на благодарноста, беше тешко членовите од нашето раководство лично да се приклучат на Вашата битка.

Сепак, Ве уверувам дека ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа и сестри од СОНК во нивните напори да обезбедат силен глас на просветните работници во граѓанското општество. Како што стотици Ваши членови храбро се обединија во Македонија минатиот месец, така сите ние се потсетивме колку е важна улогата на наставниците во формирањето и унапредувањето на образованието во услови на демократија.

Уште еднаш би сакал да упатам честитки до Вашите наставници и просветни работници, кои секој ден ги мотивираат нивните ученици преку нивната способност и заложба, како и честитки до раководството на СОНК, кое со храброст и интегритет го водат овој синдикат толку добро.

 

Искрено,

Дејвид Дорн,
Директор на Одделението за меѓународни прашања
Американска Федерација на учители (членка на Американската Федерација на трудот и Конгресот на индустриски организации)

ЗАПОЧНА РАБОТАТА ВРЗ НОВИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА КУЛТУРА

Формирана е работна група од Министерството за култура за подготовка на новиот Колективен договор за култура. Во работната група вклучен како претставник на СОНК Александар Шехтански, Претседател на Републичкиот одбор за култура. Во натамошната постапка следуваат преговори за Колективниот договор.

ЗАПОЧНА СО РАБОТА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТНИОТ ОДНОС

11.12.2008 година започна со работа Комисијата за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време. Комисијата заклучи дека треба да се дополни со претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници од Министерството за култура со цел оваа Комисија да работи на трансформацијата на работниот однос на вработените во сите дејности што ги покрива СОНК. Договорено е веднаш да се преземат активности за да се формираат соодветни општински комисии и Комисија на град Скопје како и комисии во установите.

ЗАПОЧНА РАБОТАТА ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗА НАУКА

На 10.12.2008 година започна со работа работната група за склучување на Колективниот договор за високо образование и Колективниот договор за наука. Работната група е составена од претставници на СОНК, претставници на МОН и претставници на државните универзитети. Работната група го договори тајмингот за работа како и потребните податоци за изработка на нацрт-текстовите на колективните договори.

; Copyright ©2011 СОНК