АРХИВА 2012
 
АРХИВА 2013
 
АРХИВА 2014

Работна средба на претседателите на синдикалните организации во установите од културата

Претседателите на синдикалните организации на СОНК во установите од културата од целата држава на 25.01.2012 година одржаа работен состанок, на кој се расправаше за актуелните состојби во културата од надлежност на Синдикатот и посебно со проблемот за склучување на нов Колективен договор за културата, со посебен акцент за прекинувањето на преговорите од страна на Министерството за култура.
Во воведното излагање на претседателот на СОНК,  беа изнесени сите активности во врска со преговорите особено по потпишувањето на Спогодбата помеѓу СОНК и три ресорни министерства, меѓу кои и Министерството за култура на 2.12.2008 година и максимално коректниот и конструктивен пристап на СОНК и за СОНК од непознати но крајно неприфатлив и од законски аспект спротивен однос, Министерството за култура целосно ги прекина преговорите како и социјалниот дијалог со нашиот Синдикат.
СОНК повеќе од една година повеќепати бараше продолжување и довршување на преговорите, користејќи ги сите возможни легитимни средства (писмени обраќања и укажувања лично до Министерот за култура, укажувања преку државни надлежни органи, пред се до Министерството за труд и социјална политика како ресорно Министерство во социјалниот дијалог, телефонски пораки до кабинетот на Министерот за култура и сл.) а како врв на крајно неприфатлив и спротивно на законите однос од страна на Министерството, беше и отсуството на претставник од Министерството за култура на состанокот со претседателите на синдикалните организации.
По обемната расправа во која учествуваа повеќемина претседатели на синдикални организации со изнесување на повеќе мислења и предлози за натамошните активности што СОНК треба да ги преземе во врска со настанатиот проблем претседателите на синдикалните организации на СОНК во установите од културата едногласно ги усвоија следниве:повеќе...

Работна средба помеѓу СОНК и Министерството за култура

На 31-01-2012 година во Министерството за култура се одржа работна средба во врска со продолжување на преговорите за склучување на новиот Колективен договор за култура. Работните тимови предводени од Министерот за култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска и Претседателот на СОНК Јаким Неделков, во двочасовниот разговор ги усогласија сите отворени прашања , со што е надминат повеќемесечниот прекинат социјален дијалог.
На крајот од работната средба беше договорено преговорите да се интензивираат и наредната средба е договорена за 6-02-2012 година, на која ќе се усогласуваат досега спорните одредби од текстот на новиот Колективен договор, кој потоа ќе оди на јавна расправа во синдикалните организации на СОНК во установите од културата во целата држава.

Гостиварскиот Регионален синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикалната организација за образование и наука на турскиот регион Едрене денеска во Гостивар потпишаа протокол за соработка

Официјалниот документ за соработка беше презентиран пред членови на синдикатот, општините Гостивар и Врапчиште и гости од Турција.

- Протоколот за соработка опфаќа повеќе точки како што се размена на искуства, реализација на заеднички проекти, семинари, форуми околу синдикални прашања. Со него е превидено и организирање на разни спортски и културни активности, рече Тафа Амети, претседател на Регионалниот синдикат на СОНК-Гостивар на свеченост организирана во ресторан во Гостивар. Според Амети, потпишувањето на протоколот е прв чекор во воспоставување поцврста соработка меѓу синдикатите за образование на меѓудржавно ниво. Соработката на двете синдикални организации беше предложена при посетата на делегација на СОНК на колегите во Турција, минатиот месец. Потпишаниот протокол за сооработка ќе важи пет години.

РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

Како реализација на Заклучоците од работната средба помеѓу СОНК и МОН, со присуство на Државната просветна инспекција (ДПИ) и Бирото за развој на образованието од 21.01.2012 година, работни групи од СОНК и ДПИ на 9.02.2012 година одржаа работна средба која траеше скоро повеќе од 6 часа. Работаната група на СОНК, предводена од претседателот на СОНК Јаким Неделков, ги отвори сите прашања поврзани со надлежности на просветната инспекција во основните и средните училишта со посебен акцент на реализирање на Упатството за вреднување на наставниците и стручните соработници.повеќе...

Работна средба помеѓу СОНК и МОН - Отворени сите актуелни прашања

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) на 21.01.2012 година одржа работна средба со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат.
На работната средба присуствуваа претставници од СОНК: Претседателот на СОНК Јаким Неделков, Почесниот претседател на СОНК Дојчин Цветаноски, Генералниот секретар Весна Неделковска, Претседателот на Републичкиот одбор за основно образование Мирјана Андреска, Претседателот на Републичкиот одбор за средно образование Сузана Талимџиоска и Претседателот на Републичкиот одбор за високо образование и наука Петар Христов, Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев со негови најблиски соработници, Директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ со најблиски соработници и Директорот на Државната просветна инспекција Ѓорѓе Арсов.повеќе...

РЕАКЦИЈА НА СОНК ВО ВРСКА СО НАПЛАТА НА РАДИО ДИФУЗНАТА ТАКСА

Против: решенијата што ги донесува Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за синдикалните организации на СОНК со кои се задолжуваат да плаќаат радио-дифузна такса. Споменатите решенија се целосно во спротивност со Законот за радио-дифузна дејност како и измените и дополнувањата на истиот Закон. Од тие причини СОНК бара Управниот одбор на ЈП МРТ итно да ги повлече издадените решенија и да наложи престанување на натамошно издавање на вакви решенија за синдикалните организации на СОНК. СОНК исто така инсистира итно да се стопира извршувањето на издадените решенија.
.повеќе...

ОДРЖАНА 4-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 24.08.2011 година ја одржа 4-та редовна седница на која се расправаше по повеќе актуелни прашања во надлежност на нашиот Синдикат.

          Беше извршена анализа на изборните активности во синдикалните организации на СОНК и се констатира дека во поголемиот број на синдикални организации изборите успешно се извршени и во предвидениот рок.  Во синдикални организации каде што сеуште не се спроведени изборите, Советот на СОНК донесе Заклучок, со кој се задолжија претседателите на регионалните одбори на СОНК, да свикаат состаноци во синдикалните организации  за избор на раководството во истите.

          Конституирањето на регионалните одбори на СОНК се отпочнати од 22.08.2011 година, а ќе траат до крајот на септември 2011 година.

          Во вториот дел на состанокот претседателот на СОНК, Јаким Неделков информираше за остварените средби со актуелните министри.

          На работната средба во МОН со Министерот за образование и наука, г-дин Панче Кралев беа отворени повеќе прашања од  областа на образованието и науката. Беше договорено во најскоро време да се оствари повторна средба на која ќе се отворат повеќе актуелни прашања. Министерот Кралев изрази желба за негово присуство на една од наредните седници на Советот на СОНК.

          На работната средба во МТСП со Министерот за труд и социјална политика г-дин Спиро Ристовски, беше разговарано за имплементација на Колективниот договор за детска заштита во делот на коефициентите на што Министерот Ристовски  укажа на Законот за замрзнати плати. На средбата стана збор за неопходноста на реформи

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА С О Н К

Советот на СОНК во проширен состав на 28.04.2012 година ќе ја одржи 6-та редовна седница, на која ќе бидат ставени на Дневен ред повеќе актуелни прашања.
          Седницата ќе се одржи во два дела, со тоа што на првиот дел ќе присуствуваат Министерот за образование и наука Панче Кралев, Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и Министерот за култура Елизабета Канчевска Милевска.
          Се очекува со ресорните министри да се разговара за сите актуелни прашања и проблеми кои се од надлежност на СОНК и на нивните ресори.
          Со Министерот за образование и наука ќе се разговара во врска со прашањата кои беа предмет на двомесечните разговори помеѓу работни групи на СОНК и МОН (види повеќе во информацијата “Работна средба помеѓу СОНК и МОН од 22.04.2012 година).
          Со Министерот за труд и социјална политика посебно ќе стане збор за примената на Колективниот договор за градинките, за трансформација на работен однос од определено на неопределено време во градинките, како и за одредени недоследности во некои од градинките во врска со работното време на негувателките и воспитувачките.
          Со Министерот за култура, посебно ќе стане збор околу преговорите помеѓу СОНК и ова Министерство за довршување на постапката за склучување на нов Колективен договор за оваа дејност.
          По завршување на разговорите со тројцата министри, се очекува да биде одржана Прес-конференција.повеќе...

Одржана 6 – та седница на Советот на СОНК

На 28 -04-2012година Советот на СОНК ја одржа 6-та редовна седница во проширен состав, на која присуствуваа Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев, Министерот за труд и социјална политика г-дин Спиро Ристoвски и претставници од Министерството за култура.повеќе...

ГОСТИ ОД СИНДИКАТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ "ПОДКРЕПА" НА С О Н К

Во пријателска посета на нашиот Синдикат на 21.-4.2012 година беше група од 25 членови од повисокото раководство на Синдикатот за образование “Подкрепа“ од Република Бугарија, предводена од претседателот на овој Синдикат, Јулијан Петров.
          Делегацијата имаше работна средба со потесното раководство на СОНК, предводена од претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Во двочасовниот разговор беа размененти информации за активностите на двата синдикати, кои имаат многу заеднички цели и методи  на делување, а ги поврзуваат и нивната определба за градење на модерни демократски синдикати. Беше договорено да се интензивира билатералната соработка меѓу СОНК и “Подкрепа“ во тие рамки посебно да се зајакне соработката во рамките на Интернационалата за образование.        
          Претседателот на “Подкрепа“ го изрази задоволството од пријателскиот однос на СОНК кон нивниот Синдикат и посебно ја поздрави иницијативата на СОНК за одржување на средба на синдикатите за образование од Балканските земји, која треба наскоро да се одржи во Република Македонија.           На крајот од работната средба, претседателите на двата Синдикати потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка на СОНК и “Подкрепа“.. повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА;

По  взаемен договор на 22.04.2012 година во Министерството за образование и наука беше одржана нова средба помеѓу СОНК и МОН. Од страна на СОНК на средбата присуствуваа претседателот на СОНК Јаким Неделков, почесниот претседател Дојчин Цветаноски, генералниот секретар Весна Неделковска, претседателoт на Републичкиот одбор за основно образование Мирјана Андреска, претседателот на Републичкиот одбор за средно образование Сузана Талимџиоска Чурлиноска и претседателот на Републичкиот одбор за високо образование и наука Перо Христов. Од страната на МОН покрај Министерот Панче Кралев присуствуваа  новиот директор на ДПИ Надица Николоска, заменик директор на БРО Ајше Ајрулаи и раководителот на секторот за основно и средно образование Елена Ивановска.повеќе...

 

 

 

 

 

 

ОДРЖАНА 12 – ТАТА РЕДОВНА СЕНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК
ИНИЦИРАНА ПОТРЕБАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРОМЕНИ ВО СОНК

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија (СОНК) со учество на Претседателството на Советот на СОНК на 7 – 12 – 2013 година ја одржа 12 - та редовна сеница на која поопстојно расправаше за потребата од промени во сегашната организациона поставеност на СОНК. Едногласно беше заклучено дека сегашната организациона поставеност на СОНК не ги одразува современите потреби на нашиот Синдикат за целосно и успешно функционирање во остварувањето на правата и обврските на членството, што на синдикатот му припаѓаат според уставот и законите на нашата држава. повеќе...

ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И МТСП

На 31 – 10 – 2013 година во Скопје во присуство на скоро сите претседатели на синдикални организации на СОНК од градинките, во организација на највисокото раководство на СОНК, се одржа работна средба.
На средбата, со која раководеше Претседателот на СОНК Јаким Неделков, присуствуваше и Министерот за труд и социјална политика, Г – инот Диме Спасов со уште тројца преставници од стручната служба на МТСП:
На работната средба од страна на СОНК беа отворени сите актуелни проблеми во дејноста детска заштита, за кои нашиот Синдикат има законска надлежност и програмска определба за решавање на истите и за кои СОНК подолго време има дефинирано можни решенија, кои беа изнесени пред Министерот Спасов.
По опширната дискусија на претседателите на синдикалните организации од градинките, свое обраќање имаше Министерот Диме Спасов кој скоро во целост прифати дека посочените проблеми навистина постојат и изрази  подготвеност, заедно со СОНК, што е можно по итно истите да бидат решени.
            Врз основа на вака усогласените гледања на проблемите од страна на МТСП и СОНК, по предлог на раководството на СОНК, присутните на работната средба од синдикалните организации на СОНК ги прифатија следните повеќе...

ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И МТСП

Како резултат на Барањето, од страна на СОНК, за работна средба со Министерот за труд и социјална политика, највисокото раководство на СОНК, предводено од Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на 24 – 10 – 2013 година оствари средба со Министерот Спасов.
На работната средба, беа отворени повеќе прашања, а кои се од взаемен интерес и во надлежност и на СОНК и на МТСП, поточно од дејноста детска заштита. Покрај веќе отворените прашања пред надлежниот Министер и на ниво на работни групи од страна на СОНК и МТСП, а кои се однесуваат на имплементација на коефициентите според новиот Колективен договор за оваа дејност, нерешениот статус на вработените во детските градинки, големиот број на деца во групите, се отвори и прашањето за измените на Законот за детска заштита, во одредбите за лиценцирањето на стручните работници и соработници, воспитувачите и негователките. повеќе...

НОВА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА СПИРО РИСТОВСКИ

На 15.10.2013 година највисокото раководство на СОНК, предводено од претседателот Јаким Неделков, оствари средба со Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, на која присуствуваа и најблиските соработници на Министерот.
Во двочасовниот разговор беа отворени повеќе прашања, а кои се од взаемен интерес и во надлежност и на МОН и на СОНК. повеќе...

СО СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ 5-ти ОКТОМВРИ

СОНК ,МОН, и Сојузот на просветните работници денеска го одбележаа Светскиот ден на учителот – 5 Октомври со доделување признанија за осуммина најдобри наставници и стручен кадар во учебната 2012/2013 година.
Денот им го честиташе ресорниот министер Спиро Ристовски кој нагласи дека како наследници на просветителот Климент Охридски наставниците се дел од континуираниот процес за унапредување на македонскиот образовен систем. повеќе...

ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ РАБОТНИТЕ ГРУПИ НА СОНК И МТСП

Со цел да се реализираат договорените активности помеѓу највисокото раководство на СОНК и Министерот за труд и социјална политика, на 23-09-2013 година работната група од СОНК во состав : Весна Неделковска – генерален секретар на СОНК, Снежана Петрушева – претседател на републичкиот одбор за предучилишно образование и Роза Угриновска – член на Советот на СОНК и работната група од страна на МТСП во состав: Стојна Влахо, Елизабета Куновска и Бранко Лазаревски, остварија работна средба на која беа отворени повеќе актуелни прашања во надлежност на СОНК и МТСП.повеќе...

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК ВО ПРИСУСТВО НА ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РЕСОРНИТЕ МИНИСТЕРСТВА И ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
СО СЕРИОЗЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ И ТЕШКИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ПОЛЕСНО РЕШЛИВИ

По Одлука на Советот на СОНК на 18-07-2013год, одбележувајќи 8 години од излегувањето на СОНК од Сојузот на синдикати на Р.М., на 23 -ца поранешни и сегашни активисти на СОНК, а заради нивните посебни заслуги во градењето, развојот и реформирањето на СОНК во современ синдикат, Почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветаноски им додели Плакети во знак на признание и благодарност.
Во работниот дел на 19-07-2013год. на покана на СОНК, на седницата присуствуваа Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заменикот Министер за култура Драган Недељковиќ, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица и претседател на комисијата за образование при ЗЕЛС Дарко Митевски, Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански, како и претставници од општините Берово и Пехчево.повеќе...

ИНТЕНЗИВИРАНИ ПРЕГОВОРИТЕ ПОМЕЃУ СОНК И МОН

Како резултат на постигнатиот договор помеѓу СОНК и МОН на 20-05-2013год., наредниот ден беа одржани разговори помеѓу работни групи предводени од Министерот Кралев и Претседателот Неделков. На овие разговори се дискутираше по сите прашања поврзани со екстерното оценување, а кои беа предмет и на Барањата донесени на седницата на Советот на СОНК на 11-05-2013год.повеќе...

ОДРЖАНА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК - АКТУЕЛНИТЕ ПРАШАЊА ПРЕТВОРЕНИ ВО БАРАЊА

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. на вонредната Седница одржана на 11 Мај 2013 година , расправаше за актуелните состојби во дејностите детска заштита, основно, средно, високо образование, наука  и култура. Советот неподелено констатира дека подолго време има изразено незадоволство кај најголемиот дел од членството на СОНК заради не реализирање  на неколку многу значајни прашања од  економско - социјалниот интерес на вработените.   Незадоволството преминува во се по изразен револт кој се упатува кон повисоките органи на СОНК со барање за итно преземање на мерки со кои неодложно ќе се изнајдат решенија за надминување на ваквата состојба.повеќе...

СО СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ 5-ти ОКТОМВРИ

СОНК ,МОН, и Сојузот на просветните работници денеска го одбележаа Светскиот ден на учителот – 5 Октомври со доделување признанија за осуммина најдобри наставници и стручен кадар во учебната 2012/2013 година.
Денот им го честиташе ресорниот министер Спиро Ристовски кој нагласи дека како наследници на просветителот Климент Охридски наставниците се дел од континуираниот процес за унапредување на македонскиот образовен систем.
Наставниците се нашиот основен линк и алатка со која ќе го градиме општеството. Треба да се поработи на подобрување на статусот и перцепцијата на наставникот во општеството. Тоа не треба да биде страв од наставникот, како што имаше во минатото, но да се најде вистинскиот начин преку кој наставникот ќе ја добие целосно и достојно својата улога. Како Министерство и како Влада и во следниот период многу поинтензивно ќе работиме на тој процес наставникот да го добие вистинското место во општеството. Образованието е најдобар механизам преку кој можеме да станеме конкурентни во светот по која било основа, истакна Ристовски.повеќе...

СОНК И МОН ЗАЕДНИЧКИ ГИ СОГЛЕДАА НАЈАКТУЕЛНИТЕ ПРАШАЊА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М.( СОНК ),  на која присуствуваа и членовите на Претседателаството на Советот на СОНК, на седницата одржана на 30-03-2013г во Струга, во присуство и на Министерот за образование и наука Панче Кралев; директорот на ДПИ Надица Николовска ; директорот на БРО Весна Хорватовиќ и раководителот на секторот за основно и средно образование Елена Ивановска, по иницијатива на Советот на СОНК расправаа по актуелни оценки и ставови во делот на образованието и науката, при што се усогласија за следното:повеќе...

9-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА С О Н К
СВЕЧЕНО И РАБОТНО ПО НАЈАКТУЕЛНИТЕ ПРАШАЊА

Советот на СОНК на 11 и 12. 01.2013 година ја одржа 9-та редовна седница, на која на пригодна свеченост на поранешниот Претседател, а сега Почесен претседател на СОНК Дојчин Цветаноски, му беше врачена Голема плакета. Одлуката за доделување на Плакетата беше донесена со акламација од страна на Советот на СОНК во почетокот на септември минатата година на седница одржана во Берово.
Врачувајќи му ја Плакетата, Претседателот на СОНК Јаким Неделков, истакна дека со истата сакаме да му одадеме признание и благодарност на Дојчин Цветаноски за неговите посебни заслуги во развојот и реформирањето на СОНК, евидентните резултати во одбрана и зголемување на правата од работен однос, афирмирањето на СОНК во земјата и на меѓународен план, како и неговиот придонес во вкупното синдикално движење во Република Македонија.повеќе...

 

 

ОДРЖАНА 13-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК. СОВЕТОТ НА СОНК ГИ УСВОИ БАРАЊАТА УПАТЕНИ ДО РЕСОРНИТЕ МИНИСТЕРСТВА

 

ПРОДОЛЖУВА БЛИСКАТА ПРИЈАТЕЛСКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АМЕРИКАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИТЕЛИ(АФТ) И НАШИОТ СИНДИКАТ

По покана од раководството на СОНК, двајца високи претставници на АФТ- еден од потпретседателите на АФТ, кој воедно е и претседател на АФТ во сојузната држава Илиноис и директорот на Институтот за синдикално раководење на АФТ, ќе бидат во седум дневна работна посета на СОНК во втората половина на септември оваа година..повеќе...

ОДРЖАНА 17-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК ВО ПРОШИРЕН СОСТАВ

На 28 и 29 -06-2014 година се одржа 17-та редовна седница на Советот на СОНК во проширен состав. На седницата едногласно беа утврдени текстовите на нацрт верзијата на статутите и програмите на петте грански синдикати кои треба да бидат формирани, како и нацрт Статутот и Програмата на Сојузот на синдикати за образование, наука и култура на Р. Македонија –ССОНК. Споменатите документи од септември, ќе бидат ставени на јавна расправа пред членството, преку синдикалните организации на СОНК, а расправата ќе биде координирана од страна на Регионалните одбори на СОНК.повеќе...

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА СОНК
ПРОДОЛЖУВААТ ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ НА СОНК СО СИНДИКАТОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И СИНДИКАТОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД БиХ
КАКО И СИНДИКАТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ОД Р.ТУРЦИЈА

Во возвратна пријателска и работна посета на нашиот Синдикат од 10 до 12-06-2014 година, престојуваше четиричлена синдикална делегација од Р. Босна и Херцеговина, предводена од претседателот на синдикатот за основно образование, Селведин Шаторовиќ и претседателот на синдикатот за средно образование , Џевад Хаџиќ.

Делегацијата при престојот во нашата земја ги посети Скопје, Струга и Прилеп и при тоа имаше работна средба со претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Струга, Демирќани Реџепи и претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Прилеп, Ванчо Спиркоски.повеќе...

ЗАВРШИЈА СОСТАНОЦИТЕ ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК ВО ВРСКА СО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА СОНК ВО ССОНК.
СО НОВАТА ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА СОНК, НЕ ПОСТОИ НИКАКВА МОЖНОСТ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА ЕДИНСТВОТО НА НАШИОТ СИНДИКАТ

Oдржувањето на состаноците во регионалните одбори на СОНК, каде со свои презентации пред претседателите на синдикалните организации , претседателот на СОНК и генералниот секретар, дадоа осврт на иницијативата, а по однос на документот ,, Предизвици и основи како потреба за реформирање на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија”, завршија. Поточно, во периодот од 4 -ти до 15- ти март се одржаа состаноци во регионалните одбори на СОНК- Кичево, Скопје - Центар, Битола ,Струга и Охрид. повеќе...

ПОТВРДЕНО ЦВРСТОТО ЕДИНСТВО НА ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

Претседателот и генералниот секретар на СОНК од 19-ти февруари до 1-ви март оваа година, продолжија со одржувањето на состаноците во регионалните одбори на СОНК, каде со свои презентации пред претседателите на синдикалните организации , дадоа осврт на идејата, а по однос на документот ,, Предизвици и основи како потреба за реформирање на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија” Поточно, во овој период се одржаа состаноци во регионалните одбори на СОНК, Г. Баба –Скопје,Тетово, Карпош–Скопје, Чаир–Скопје, Струмица, Делчево и Кочани. повеќе...

ОДРЖАНА 13-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК
СОВЕТОТ НА СОНК ГИ УСВОИ БАРАЊАТА УПАТЕНИ ДО РЕСОРНИТЕ МИНИСТЕРСТВА

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија ( СОНК ) разгледувајќи ги социјално – економските состојби од аспект на статусот на вработените во образованието, науката и културата на Р. Македонија , а согласно Законот за работни односи, глава XVIII, IXX и XX, посебните колективни договори по дејности, Статутот и Програмата на СОНК и поаѓајќи од барањата на најголемиот дел на членови на СОНК, на седницата одржана на 26-02-2014 година едногласно ги донесе следните повеќе...

ПРОДОЛЖУВААТ СОСТАНОЦИТЕ ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА СОНК ВО ССОНК

Највисокото раководство на СОНК , предводено од претседателот Неделков, генералниот секретар на СОНК и претседателот на Регионалниот одбор на СОНК Гостивар, на 07 - 02 – 2014 год. во просториите на општината Гостивар, остварија работна средба со градоначалникот на Општина Гостивар, г-динот Невзат Бејта. На средбата беа отворени повеќе прашања кои се во интерес на нашето членство, а се под директна надлежност на општината. Од разговорот на задоволство на двете страни, се констатира дека социјалниот дијалог и партнерство помеѓу СОНК и Општина Гостивар е на исклучително високо ниво и дека е во интерес на двете организации ваквиот однос да продолжи и да се надградува, со цел да се подобри воспитно – образовниот процес во општината , како и обезбедување на подобри услови за работа на нашите членови. повеќе...

ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР

Највисокото раководство на СОНК , предводено од претседателот Неделков, генералниот секретар на СОНК и претседателот на Регионалниот одбор на СОНК Гостивар, на 07 - 02 – 2014 год. во просториите на општината Гостивар, остварија работна средба со градоначалникот на Општина Гостивар, г-динот Невзат Бејта. На средбата беа отворени повеќе прашања кои се во интерес на нашето членство, а се под директна надлежност на општината. Од разговорот на задоволство на двете страни, се констатира дека социјалниот дијалог и партнерство помеѓу СОНК и Општина Гостивар е на исклучително високо ниво и дека е во интерес на двете организации ваквиот однос да продолжи и да се надградува, со цел да се подобри воспитно – образовниот процес во општината , како и обезбедување на подобри услови за работа на нашите членови.повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И ДРЖАВЕН ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ-ДПИ
ПРИФАТЕНИ ПРЕДЛОЗИТЕ НА СОНК ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

По барање на раководството на СОНК , на 8-01-2014 година се одржа работна средба помеѓу работни групи на СОНК и ДПИ, предводени од претседателот Неделков и директорот на ДПИ, Николовска.
На средбата беа разгледувани предлозите на СОНК во вид на барања во врска со Упатството за вреднување на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование. По повеќе часовна расправа, на која беа изнесени сите аргументи од страна на СОНК за измени и дополнувања на споменатото упатство, претставниците на ДПИ ги прифатија сите барања на СОНК, кои ќе бидат вградени во Упатството.
Договорено е Упатството да биде ставено на расправа во училиштата ( ќе биде ставено на веб страната на ДПИ ), а по завршување на истата ќе биде донесен конечниот текст.

ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА СОНК ВО ССОНК ОТПОЧНА И ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК

По претходна расправа, донесениот Заклучок и усвоениот документ од страна на Претседателството и Советот на СОНК, околу потребата од промени од сегашната организациона поставеност на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати од образованието, науката и културата – ССОНК, се започна со реализацијата на предвидената фаза, истата да биде предмет на разгледување и расправа пред Регионалните одбори на СОНК. повеќе...

СВИКАНО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 14-09-2014 година ќе го одржи продолжението на прекинатата седница од 4-09-2014 година, на која на Дневен ред ќе биде донесување на Одлука за Генерален штрајк и посебните Одлуки за дејностите : детска заштита, основно образование, средно образование и култура.повеќе...