ОДРЖАНА 12 – ТАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК
ИНИЦИРАНА ПОТРЕБАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРОМЕНИ ВО СОНК

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија ( СОНК ) со учество на Претседателството на Советот на СОНК на 7 – 12 – 2013 година ја одржа 12 - та редовна сеница на која поопстојно расправаше за потребата од промени во сегашната организациона поставеност на СОНК. Едногласно беше заклучено дека сегашната организациона поставеност на СОНК не ги одразува современите потреби на нашиот Синдикат за целосно и успешно функционирање во остварувањето на правата и обврските на членството, што на синдикатот му припаѓаат според уставот и законите на нашата држава.
За оваа потреба подолго време се вршат опстојни согледувања во највисокото раководство на СОНК, со вклучување на Претседателството и Советот на СОНК. Главната цел со ваквата нова организациона поставеност, треба да биде создавање на услови и од организационен аспект, со значајни измени и во надлежностите на сите нивоа на СОНК, да се создадат нови услови и можности за многу поефикасно и поакционо ангажирање на СОНК, почнувајќи од синдикалните организации па се до највисоките органи на СОНК.
Со цел да започнат активностите на најавените промени Советот усвои посебен документ, кој во наредната фаза ќе биде предмет на разгледување и расправа пред Регионалните одбори на СОНК, а потоа и пред синдикалните организации на СОНК. Беше заклучено дека се работи за исклучително важно прашање за натамошното функционирање на СОНК и соодветно на тоа начелно е договорено целата активност да биде во повеќе фази или поточно кажано станува збор за процес кој ќе започне од почетокот на наредната година и треба да заврши најдоцна до втората половина на 2015 година.

 
  Copyright © СОНК 2011