ОДРЖАНА 17-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК ВО ПРОШИРЕН СОСТАВ
УТВРДЕНИ ТЕКСТОВИТЕ НА СТАТУТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ И УСВОЕНИ ОДЛУКИ И БАРАЊА ДО РЕСОРНИТЕ МИНИСТРИ

На 28 и 29 -06-2014 година се одржа 17-та редовна седница на Советот на СОНК во проширен состав. На седницата едногласно беа утврдени текстовите на нацрт верзијата на статутите и програмите на петте грански синдикати кои треба да бидат формирани, како и нацрт Статутот и Програмата на Сојузот на синдикати за образование, наука и култура на Р. Македонија –ССОНК. Споменатите документи од септември, ќе бидат ставени на јавна расправа пред членството, преку синдикалните организации на СОНК, а расправата ќе биде координирана од страна на Регионалните одбори на СОНК.

На седницата, исто така беа едногласно усвоени и Одлуката за отпочнување на постапка и активности за трансформација на СОНК во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Р. Македонија- ССОНК и Одлука за формирање на Синдикат за заштита на деца ; Одлука за формирање на Синдикат за основно образование ; Одлука за формирање на Синдикат за средно образование ; Одлука за формирање на синдикат за високо образование и наука и Одлука за формирање на Синдикат за култура.

Во вториот дел од работата на седницата се расправаше по неколку актуелни прашања и проблеми од интерес и надлежност на нашиот Синдикат и врз основа на тоа и барањата на најголемиот дел на синдикалните организации на СОНК, беа усвоени повеќе Барања.

Имено, од Министерството за образование и наука (МОН) е побарано итно, а најдоцна до крајот на јули оваа година, да покрене постапка за бришење на членовите од Законот за основно и Законот за средно образование, со кои се предвидени казни и награди во паричен износ, според резултатите од екстерното оценување.

Исто така од МОН е побарано веднаш да започнат преговори со СОНК за утврдување на нова основица за утврдување на висината на платите во основното и средното образование, како и веднаш продолжување на преговорите со СОНК за склучување на Колективен договор за високо образование и наука.

Од Министерството за труд и социјална политика – МТСП, исто така до крајот на јули оваа година,да завршат преговорите и да се потпише Спогодба за примена на делот за платите, согласно Колективниот договор потпишан во почетокот на 2011 година.

Од МТСП се бара и итно потпишување (продолжување) на Општиот Колективен договор за јавниот сектор со задолжително утврдување на правото за регрес за годишен одмор и на вработените во јавниот сектор.

Барањето до Министерството за култура е продолжување и завршување на преговорите за потпишување на Колективниот договор за култура, исто така до крајот на јули оваа година.

Советот го задолжи раководството на СОНК, да свика вонредна седница во почетокот на месец август, доколку било кое од споменатите Барања не биде прифатено од страна на ресорните министерства , со цел да бидат усвоени Одлуки за натамошни активности на СОНК во заштита на интересите на своето членство.

НАПОМЕНА: Види Одлуки

Одлуки донесени на 17 - та седница на Советот ма СОНК



 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011