website tracking Самостоен синдикат за образование наука и култура на Македонија

ОДРЖАНА 2-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ
НА С О Н К

Советот на СОНК, на 5.02.2011 година ја одржа втората редовна седница, на која на Дневен ред беа повеќе актуелни прашања од надлежност на нашиот Синдикат.

На седницата, со која раководеше Претседателот на СОНК Јаким Неделков, се расправаше во врска со довршувањето на активностите за склучување на колективните договори за градинките и за културата, како и за проблемот со не(исплата) на реални трошоци за превоз во основното и средното образование.

Во врска со Колективниот договор за градинките Претседателот Неделков го информираше Советот дека преговорите со ресорното Министерство (МТСП) практично се завршени и предложи, а Советот едногласно донесе Одлука за овластување на Претседателот на СОНК, заедно со Министерот за труд и социјална политика да го потпишат новиот Колективен договор за оваа дејност.

Во присуство на овластени претставници од Министерството за култура Советот расправеше и за Колективниот договор за оваа дејност. Беше констатирано дека најголемиот дел на текстот на Колективниот договор (во предлог верзија) е усогласен но останува сеуште резликата на ставовите помеѓу СОНК и Министерството за култура во врска со начинот на изедначување на постоечката голема разлика во делот на висината на платите за исти или слични работни места од една  до друга установа во културата. Министерството, во врска со овој проблем, има доставено барање до повеќе надлежни државни органи со кое бара нивно толкување во врска со надминување на овој проблем. Доколку наскоро се добијат овие мислења, тоа би значело дека СОНК и Министерството за култура многу брзо ќе усогласат заеднички текст, кој после тоа ќе оди на јавна расправа во синдикалните организации на СОНК во установите од културата.

Во врска со проблемот на не(исплатата) на реалните трошоци за превоз во основните и средните училишта, во присуство на раководителот на Секторот за основно и средно образование при МОН, Советот заклучи дека овој проблем е мошне сложен бидејќи истиот има повеќе аспекти (законска регулатива; користено право повеќе децении; различни решенија во единиците на локалната самоуправа; различни толкувања на дел од институции и сл.). И покрај тоа СОНК и МОН интензивно бараат прифатливо решение за надминување  на овој проблем, па во таа насока Советот усвои Заклучок да се побара вклучување и на Владата на Република Македонија во изнаоѓање на брзо решение на овој проблем.

Советот расправаше и во врска со довршување на процесот на трансформирање на работниот однос од определено на неопределено работно време, при што изрази задоволство од решавањето на овој проблем кај огромен број на вработени во основните и средните училишта, но и побара надлежните органи во училиштата навремено да доставуваат податоци до општинските комисии и истите поажурно да ги доставуваат списоците со потребната документација до МОН. За оваа активност посебно е значајно поактивно вклучување на синдикалните организации на СОНК во училиштата.

Во врска со одредени укажувања дека долго време се чека на одговор од МОН, по доставени документи, Советот заклучи да се побара што е можно побрзо одржување на седница на заедничката комисија за трансформација на централно ниво, со цел да се разгледаат одредени реакции и укажувања во врска со трансформацијата на работниот однос.

Советот на оваа седница донесе Одлука за формирање на републички одбори по дејности. Составот на истите е по предлог на претседателите на републичките одбори, во тесна координација со регионалните одбори  на СОНК, а по претходно утврдени критериуми од страна на Советот на СОНК.

СОСТАВ НА РЕПУБЛИЧКИТЕ ОДБОРИ

1.РЕПУБЛИЧКИ ОДБОР ЗА ПРЕДУЧИЛИШНО
ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ
1.Снежана Петрушева, претседател,  ЈОУДГ “П. Вељанова“, Кочани
2.Марина Димова, член,  ЈОУДГ “Д. Мирчев“, Велес
3.Виолета Коцевска, член,  ЈОУДГ “Калинка“, Валандово
4.Татјана Божинова, член,  ЈОУДГ “М. Цвет“, Карпош
5.Месуте Цами, член, ЈОУДГ “Брешија“, Дебар

2.РЕПУБЛИЧКИ ОДБОР ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
1.Мирјана Андреска, претседател, ОУ “В. Тасевски“, Карпош
2.Александра Камчевска, член, ОУ “Блаже Конески“, К.Вода
3.Дејана Пајмаковска, член, ОУ “В. Главинов“, Чаир
4.Ибраим Џелили, член,  ОУ “Рилиндија“, с.Селце, Тетово
5.Имри Ибраими, член, ОУ “Прпарими“, с.Чегране, Гостивар
6.Гина Туфекџиева, член, ОУ “М. Тито“, с.Муртино, Струмица
7.Зоран Велков, член, ОУ “С. Пинџур“, Кавадарци
8.Симун Лешоски, член, ООУ“С. Пинџур“, Вевчани
9.Зоран Сребреноски, член, ОУ “К. Охридски“, Прилеп

РЕПУБЛИЧКИ ОДБОР ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
1.Сузана Талимчиоска Чурлиноска, претседател, СОУ“Р.Р.Ричко“, Прилеп
2.Ѓорѓи Цветков, член, СОУ “М.Пенџуклиски“, Кратово
3.Шпенди Бахтијари, член, СОУ “8-ми Септември“, Тетово
4.Сашко Карчовски, член, СОУ “А.Русковски“, Берово
5.Суза Блажевска, член, СОУ “М.Пупин“, Г.Баба
6.Вилма Костовска, член, Средно музичко училиште, Битола
7.Зенафер Бајмак, член, СОУ “Ц.Димов“, Чаир

РЕПУБЛЛИЧКИ ОДБОР ЗА ВИСОКО
ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
1.Петар Христов, претседател, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
2.Илија Манасиев, член, Правен факултет, Скопје
3.Елена Ефтимова, член, Институт за сточарство, Скопје
4.Мери Ристевска, член, Факултет за туризам, Охрид
5.Кире Панчевски, член, Студентски центар, Скопје

РЕПУБЛИЧКИ ОДБОР ЗА КУЛТУРА
1.Александар Шехтански, претседател, МНТ, Скопје
2.Ердоан Максут, член, Турски театар, Скопје
3.Александар Ѓоргиевски, член, НУ Ансамбл “Танец“, Скопје
4.Благоја Николовски, член, Библиотека, Битола
5.Ацо Костов, член, НУ Конзерваторски центар, Скопје