ОДРЖАНА 4-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 24.08.2011 година ја одржа 4-та редовна седница на која се расправаше по повеќе актуелни прашања во надлежност на нашиот Синдикат.

          Беше извршена анализа на изборните активности во синдикалните организации на СОНК и се констатира дека во поголемиот број на синдикални организации изборите успешно се извршени и во предвидениот рок.  Во синдикални организации каде што сеуште не се спроведени изборите, Советот на СОНК донесе Заклучок, со кој се задолжија претседателите на регионалните одбори на СОНК, да свикаат состаноци во синдикалните организации  за избор на раководството во истите.

          Конституирањето на регионалните одбори на СОНК се отпочнати од 22.08.2011 година, а ќе траат до крајот на септември 2011 година.

          Во вториот дел на состанокот претседателот на СОНК, Јаким Неделков информираше за остварените средби со актуелните министри.

          На работната средба во МОН со Министерот за образование и наука, г-дин Панче Кралев беа отворени повеќе прашања од  областа на образованието и науката. Беше договорено во најскоро време да се оствари повторна средба на која ќе се отворат повеќе актуелни прашања. Министерот Кралев изрази желба за негово присуство на една од наредните седници на Советот на СОНК.

          На работната средба во МТСП со Министерот за труд и социјална политика г-дин Спиро Ристовски, беше разговарано за имплементација на Колективниот договор за детска заштита во делот на коефициентите на што Министерот Ристовски  укажа на Законот за замрзнати плати. На средбата стана збор за неопходноста на реформи
  Copyright © СОНК 2011