ПРОДОЛЖУВА БЛИСКАТА ПРИЈАТЕЛСКА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АМЕРИКАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИТЕЛИ(АФТ) И НАШИОТ СИНДИКАТ

По покана од раководството на СОНК, двајца високи претставници на АФТ- еден од потпретседателите на АФТ, кој воедно е и претседател на АФТ во сојузната држава Илиноис и директорот на Институтот за синдикално раководење на АФТ, ќе бидат во седум дневна работна посета на СОНК во втората половина на септември оваа година.

Високите гости од АФТ покрај разговорите со највисокото раководство на СОНК, ќе одржат два едукативни семинари со претседателите и секретарите на Регионалните одбори на СОНК. На семинарите ќе бидат пренесени искуствата на исклучително моќниот синдикат АФТ, како во САД, така и во меѓународни синдикални рамки, за нивната организациона поставеност, надлежностите на органите на Синдикатот, искуствата на социјален дијалог и сл. Сите овие искуства имаат големо значење и ќе бидат од огромна корист за нашиот Синдикат во натамошните негови активности и посебно во процесот на трансформација на СОНК.

Сакаме да потсетиме дека АФТ и СОНК имаат многу блиска билатерална соработка уште од 2003 година, а како резултат на истата СОНК имаше голема поддршка од докажаниот синдикален пријател, во сите позначајни активности што ги имаше СОНК во изминатиот период, а особено во време кога од страна на социјалните партнери беа вршени притисоци скоро на сите нивоа.

  Copyright © СОНК 2011