СОНК И МОН ЗАЕДНИЧКИ ГИ СОГЛЕДАА НАЈАКТУЕЛНИТЕ ПРАШАЊА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М.( СОНК ),  на која присуствуваа и членовите на Претседателаството на Советот на СОНК, на седницата одржана на 30-03-2013г во Струга, во присуство и на Министерот за образование и наука Панче Кралев; директорот на ДПИ Надица Николовска ; директорот на БРО Весна Хорватовиќ и раководителот на секторот за основно и средно образование Елена Ивановска, по иницијатива на Советот на СОНК расправаа по актуелни оценки и ставови во делот на образованието и науката, при што се усогласија за следното:
1.Социјалното партнерство и  дијалог  – помеѓу СОНК и МОН се оценува позитивно, подигнато е нивото за разлика од поранешниот период и СОНК и МОН упорно ќе настојуваат да се градат во натамошна позитивна смисла до релации што ги имаат земјите од европската унија. При тоа ќе се користат досегашните позитивни искуства, како и искуствата во социјалното партнерство и дијалог кај кои истото од релевантни организации е оценето како многу позитивно, кое има и видливи резултати во решавање на прашања и проблеми од заедничка надлежност. Како еден од првите чекори во скорешно време  ќе биде инициран заеднички состанок помеѓу МОН,СОНК и Претседателството на ЗЕЛС ( по завршување на актуелните избори).
2. При носење на нови или измени и дополнувања на постоечките закони, кои ги регулираат односите во делот на образованието и науката, без исклучок во првичната фаза во постоечката процедура на носење на истите ќе биде вклучен и СОНК, со цел да се обезбеди најмалку консултативната улога на синдикатот во оваа процедура. СОНК, со свои преставници ќе учествува во расправите во комисијата за образование и наука при Собранието на РМ , кога на дневен ред на истите ќе има прашања кои имаат допирни точки со правата од работен однос и особено во делот на економско-социјалната положба на вработените во образованието и науката. Во овој контекст во воспоставување на таква пракса, во рамките на свите надлежности свој придонес ќе даде и МОН.
3. МОН и СОНК ќе преземат соодветни активности , во рамките на законските надлежности  за воспоставување на социјалното партнерство и дијалог помеѓу единиците на локалната самоуправа, посебно со одговорните  во истите во делот на образованието и регионалните одбори на СОНК од подрачјето од конкретните единици на локалната самоуправа. Во овој контекст ќе  се вклучат и државните  просветни инспектори.
4. СОНК и МОН ќе извршат посериозно согледување во делот на  администрирање , како работни обврски на наставниците. Врз основа на такво согледување, доколку се констатира дека постојат задачи  кои не се непходни за квалитетно извршување на воспитно- образовниот процес, а кои можат да предизвикуваат негативни последици во истиот, ќе се покрене постапка за нивно менување или целосно бришење од овој процес.
5. СОНК, во неколку наврати последниве години , заедно со нај одговорните од МОН и Државната просветна инспекција вршеа согледувања на функционирањето на истата. При тоа беше констатирано дека генерално ДПИ функционира во рамките на надлежностите утврдени во законот, но и дека има поедини просветни инспектори кои излегуваат од рамките на овие надлежности. Договорено е за сите такви случаи да се покренува соодветна постапка за надминување на истите преку примена на постоечките законски одредби.
6. Екстерното оценување на наставниците СОНК и МОН  се согласни дека треба да биде начин со кој  по пообјективни критериуми ќе се направи квалитетно степенување на воспитно-образовната работа на наставниците. Тоа како потреба беше и е едногласно прифатено од сите наставници во училиштата. СОНК смета дека со одредените согледувања  со сегашниот начин на екстерно оценување не се  обезбедува целосно објективно оценување, бидејќи се заснива на недоволно елементи врз кои се донесува оценката за наставникот, со што се доведува под прашањене  остварувањето на главната цел. СОНК и натаму стои цврсто на убедувањето дека екстерното оценување е потреба, но со  подобрен модел на оценување, кој ќе обезбеди што е можно по објективно одвојување на неквалитетно, квалитетно и над просечно извршување на работните задачи.  МОН се согласува да се направи дополнително стручно согледување на целиот овој систем и доколку аргументирано се утврдат негативности и слабости, истите во соодветна постапка да бидат корегирани или елименирани.
7. Законската обврска за склучување на Колективни договори во три степени, а во овој случај на ниво на дејност, иако е обврска со ЗРО, се уште не  е реализирана во високото образование и науката. СОНК и  МОН ќе  продолжат со активностите за донесување на споменатите колективни договори, во што е можно пократок рок .
8. СОНК и МОН ќе отпочнат разговори за согледување на реалните можности од аспект на објективната моќ на Буџетот на државата за корекција на висината на платите во сите степени во образованието и науката.
9. СОНК и МОН се согласни што поскоро да се формираат заеднички работни групи, кои ќе работат на длабинско согледување и анализирање на прашањата на наведените точки од овој документ и врз основа на тие заеднички констатирани состојби на одговорните органи во СОНК и МОН ќе им предложат оптимални решенија за надминување, подобрување или создавање на нови поквалитетни состојби од сега постоечките.
Исто така на седницата, Советот на СОНК ги усвои Финансискиот извештај за работењето на Советот на СОНК за 2012год.,а го донесе и Финансискиот план за 2013год. Советот на СОНК беше информиран за финансиското работење на Синдикалниот фонд на СОНК , бидејќи истиот според Статутот на СОНК го усвојува Собранието на синдикалниот фонд на СОНК .      Советот беше информиран и за други актуелни прашања во интерес на Синдикатот, а кои одеа како тековни прашања.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011