ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК НА ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР

Во организација на Советот на СОНК, а во соработка со австриската агенција "CHAPTER-4"-преставништво Скопје на 10 и 11 декември 2011 година во хотел "Бисер"-Струга се одржа едукативно-работен семинар со претседателите на регионалните одбори на СОНК.

На едукативниот семинар еминентни новинари вршеа обука за начинот на медиумско претставување, со акцент на претставување во локалните медиуми за локалните лидери на СОНК. Во едукацијата беа опфатени сите фази, почнувајќи од пишување на соопштенија до јавноста, закажување и одржување на прес-конференции, давање на интервјуа, па се до директен настап во студио на електронски медиуми. Едукативниот семинар беше оценет за многу успешен, како од страна на едукаторите-презентери така и од сите претседатели на регионалните одбори.

Семинарот беше повод да се извлече заеднички заклучок дека е потребно СОНК да организира што е можно повеќе слични семинари и за други области од своите надлежности, со различни целни групи.

Во работниот дел беше направено согледување за досегашното функционирање на СОНК, со осврт на позначајните активности и посебно за слабостите кои беа присутни почнувајќи од членството, синдикалните организации, регионалните одбори, па се до органите на национално ниво.

Беше констатирано дека СОНК во последните десетина години направи радикални реформи на сите нивоа , покрена многу прашања, отворајќи и многу проблеми во сите дејности и со примена на различни методи и легитимни средства постигна и евидентни резултати за своето членство. Но, беше констатирано дека СОНК во споменатиот период покажа и низа слабости, кои пред се се однесуваат на нецелосно прифаќање на обврските што произлегуваат од Статутот, со што во голема мера се намалува ефикасноста во спроведување на стратешките цели на Синдикатот. Како најизразит проблем е сфаќањето дека сите проблеми треба да ги решава раководството, дури и тогаш кога проблемот е исклучиво во надлежност на установата, или пак проблеми кои се во надлежност на локалната самоуправа. Беше заклучено да се интензивираат непосредните контакти со членството во синдикалните организации, а во овој дел најголема обврска да преземат регионалните одбори, додека пак Советот и Претседателот на СОНК да воспостават поголема комуникација со регионалните одбори и истата по потреба да се одржува дури и дневно.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 

 

 

 

Copyright © СОНК 2011