ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И МТСП

Како резултат на Барањето, од страна на СОНК, за работна средба со Министерот за труд и социјална политика, највисокото раководство на СОНК, предводено од Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на 24 – 10 – 2013 година оствари средба со Министерот Спасов.
На работната средба, беа отворени повеќе прашања, а кои се од взаемен интерес и во надлежност и на СОНК и на МТСП, поточно од дејноста детска заштита. Покрај веќе отворените прашања пред надлежниот Министер и на ниво на работни групи од страна на СОНК и МТСП, а кои се однесуваат на имплементација на коефициентите според новиот Колективен договор за оваа дејност, нерешениот статус на вработените во детските градинки, големиот број на деца во групите, се отвори и прашањето за измените на Законот за детска заштита, во одредбите за лиценцирањето на стручните работници и соработници, воспитувачите и негователките.
По однос на прашањето за имплементација на коефициентите според новиот Колективен договор, за секое работно место, беше договорено да се направат симулации за средствата што се потребни за реализација на ова прашање.
По однос на прашањето за решавање на статусот на вработените во детските градинки кои работат како волонтери, по договор за дело и вработени кои во меѓувреме се стекнале со повисок степен на образование, Министерот Спасов истакна дека сеуште е во тек прибирањето на податоците, преку организациите, за бројот на вработени со нерешен статус.
Законскиот норматив за број на деца во групи и сегашниот реален проблем со зголемен број на деца, беше исто така,предмет на разговор на работната средба. И по однос на ова прашање беше договорено да се направи целосна анализа за бројноста на деца во групи и изаоѓање на соодветно решение за надминување на овој проблем.
Како најактуелно отворено прашање во последниот период, од реакциите на членството на СОНК, е лиценцирањето на вработените од оваа дејност и кое прашање беше предмет на работната средба. Претседателот на СОНК, по однос на ова прашање , истакна дека СОНК ги подржува реформите на Владата на Р.М., но дека во истите треба да биде вклучен и СОНК. Се отворија повеќе прашања и околу Правилникот за начинот на спроведување на лиценцирањето, самата постапка, видот и обемноста на прашања за самото лиценцирање и потребната документација за аплицирање за стекнување со лиценца.
Министерот Спасов, по однос на ова прашање истакна дека Правилникот ќе се ревидира и ќе се отстранат сите непотребни финансиски оптеретувања на работниците кои треба да аплицираат за добивање на лиценца за работа во установите од детска заштита, односно, во детските градинки, како и поедноставен начин на обезбедување на потребна документација за апликација. Исто така, министерот Спасов го прифати барањето на СОНК за активно учество на синдикални претставници во првата фаза на изготвување на прашањата, како и прирачникот за подготовка и полагање на испиотот за лиценца на негователи, воспитувачи и стручни работници и соработници во детските градинки.
На крајот од средбата беше договорено да се организира работна средба со сите претседатели на синдикални организации на СОНК, раководството на СОНК и Министерот Спасов, чиј термин накнадно ќе биде договорен.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011