МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА СОНК
ПРОДОЛЖУВААТ ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ НА СОНК СО СИНДИКАТОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И СИНДИКАТОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД БиХ
КАКО И СИНДИКАТОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ОД Р.ТУРЦИЈА

Во возвратна пријателска и работна посета на нашиот Синдикат од 10 до 12-06-2014 година, престојуваше четиричлена синдикална делегација од Р. Босна и Херцеговина, предводена од претседателот на синдикатот за основно образование, Селведин Шаторовиќ и претседателот на синдикатот за средно образование , Џевад Хаџиќ.

Делегацијата при престојот во нашата земја ги посети Скопје, Струга и Прилеп и при тоа имаше работна средба со претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Струга, Демирќани Реџепи и претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Прилеп, Ванчо Спиркоски.
Во текот на посетата делегацијата имаше повеќе пати средба со највисокото раководство на СОНК, а пред нејзиното заминување од нашата земја, во завршните разговори беше констатирано дека, на заедничко задоволство, во целост се остварува Меморандумот за соработка, потпишан помеѓу СОНК и двата синдикати од Б и Херцеговина пред 2 години во Сараево. Беше констатирано дека соработката има големо значение за трите синдикати, особено во размена на искуства во синдикалното делување, како и за состојбите во образованието во двете држави. Беше потврдена взаемната желба за натамошно продолжување на соработката и посебно заедничко договарање и усогласување на активностите во меѓународните синдикални организации во кои се членки нашите три синдикати, а тоа значи во Интернационалата за образование ( EI ) и Европската федерација за образование ( ЕТUCE ).

Од посебен интерес, за трите синдикати, беше договорено да се направи заедничка координирана активност за поуспешно остварување на Спогодбата за меѓусебна соработка меѓу синдикатите за образование од балканските земји, потпишана пред повеќе од 2 години во Охрид, за која иницијатор и организатор беше нашиот Синдикат.

* * *

Во возвратна посета од 12 до 14-06-2014 година четиричлена делегацијана Синдикатот за образование EGITIM-IS од Р.Турција, предводена од претседателот Вели Демир, престојуваше како гостин на нашиот Синдикат.

Во рамките на посетата делегацијата имаше имаше работна средба со претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Гостивар, Тафа Амети, претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Струга, Демирќани Реџепи и претседателот на Регионалниот одбор на СОНК-Битола, Фанче Јошевска. Делегацијата беше во гости и во Општина Центар-Жупа, каде што беше средното училиште во Центар-Жупа. Посебно задоволство изразија за посетата на спомен куќата, во која бил роден таткото на првиот претседател на Р. Турција, Кемал Ататурк во с. Коџаџик, како и Музејот на овој голем државник на пријателска Турција, кој се наоѓа во Битола.
На завршните разговори со највисокото раководствона СОНК, обострано беше изразено задоволството од воспоставената соработка помеѓу двата синдиката, а беа и поопширно разгледани поставеноста и актуелните ангажирања и на двата синдикати во сегашниот момент.
Гостите од EGITIM - IS искажаа голем интерес за поблиско запознавање со искуствата на СОНК и ја изразија искрената благодарност за пријателските односи на нашиот Синдикат и изразената подготвеност од наша страна, во соработка со другите синдикати со кои СОНК има поблиски односи, да преземе активности како поддршка на EGITIM – IS во Интернационалата за образование ( ЕI ).
Посетата од двете страни беше оценета како исклучително корисна и со јасна подготвеност за продолжување и зголемување на контактите помеѓу двата синдикати. .

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011