РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, заедно со генералниот секретар Весна Неделковска на 3.10.2011 година, имаше работна средба со Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев.

          На средбата взаемно беа разгледани повеќе прашања кои се од заедничка надлежност и взаемен интерес на СОНК и на МОН.

          Посебно беше разговарано за:
-трансформацијата на работен однос од определено на неопределено време;
-продолжување на преговорите за склучување на Колективниот договор за високо образование и наука;
-отпочнување  на преговори за склучување на колективни договори за ученичките и студентските домови;
-за одредени проблеми на раскинување на договори за работа кои биле на одредено време со изразено самоволие на одредени директори со кршење на процедурата и повреда од работен однос, утврдени со ЗРО и Колективен договор;
- стана збор и за начинот за екстерното оценување на наставниците, како и за реакциите од поголем број на членови од нашиот Синдикат поради преобемното администрирање како работна обврска за наставниците.

           Министерот Кралев изрази подготвеност да се направи посериозно согледување на овие прашања и за таа цел беше договорено наскоро да се одржи заедничка средба помеѓу СОНК, МОН, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат.

          На крајот од средбата од двете страни беше изразено задоволството за континуираниот дијалог помеѓу СОНК и МОН во последните години, а како доказ за истото е и фактот за последниот неполн месец се остварени две средби на највисоко ниво меѓу двете институции СОНК и МОН.
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Copyright © СОНК 2011