ИНТЕНЗИВИРАНИ ПРЕГОВОРИТЕ ПОМЕЃУ СОНК И МОН

Како резултат на постигнатиот договор помеѓу СОНК и МОН на 20-05-2013год., наредниот ден беа одржани разговори помеѓу работни групи предводени од Министерот Кралев и Претседателот Неделков. На овие разговори се дискутираше по сите прашања поврзани со екстерното оценување, а кои беа предмет и на Барањата донесени на седницата на Советот на СОНК на 11-05-2013год.
Заеднички беше констатирано дека екстерното оценување е потреба и дека од самиот почеток СОНК, изразувајќи го мислењето на најголемиот дел на наставници, го подржува. Меѓутоа, СОНК континуирано се залагаше и укажуваше дека истото мора да биде во функција на докажување на квалитетот во воспитно – образовниот процес и тоа врз основа на максимално објективизирани  критериуми по кои ќе се врши ова оценување.
Бидејќи СОНК, повторно по многу реакции на наставниците, констатира дека во Правилниците, преку кои треба да се врши екстерното оценување, има многу слабости и неприфатливи одредби, заклучи дека истите мора најитно да бидат отстранети. МОН, пред се Министерот Кралев, целосно се согласи со ставовите на СОНК и во така создадена атмосфера се водеа разговорите помеѓу работните групи.
Како резултат на взаемно усогласување беше договорено дека заради кусиот рок за собирање на доказни материјали , Правилниците да претрпат измени во делот на докази и инструменти, односно во нивниот вкупен збир. Тоа значи досегашниот збир по предмет е 20 докази и инструменти, со овие измени нивниот збир ќе изнесува 10.
Исто така, се отвори прашањето кои инструменти и докази треба да обезбедат по предметите во одделенијата – класовите и за таа цел беше договорен нов работен состанок со советниците од Б.Р.О. за наредниот ден. Во Б.Р.О.на 22-05-2013год., работните групи на СОНК и Б.Р.О. изготвија Упатство во кое се конкретизираа термините докази и инструменти по секој наставен предмет предвиден со Правилниците за основно образование и стручно – теоретските предмети и практична настава во средните училишта. Усогласениот текст на Упатствата можете да го најдете линковите подолу.

УПАТСТВО за примена на Правилникот за основно

УПАТСТВО за водење на збирка на докази

 

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011