website tracking Самостоен синдикат за образование наука и култура на Македонија

ОДРЖАНИ СЕДНИЦИ НА РЕПУБЛИЧКИТЕ ОДБОРИ НА СОВЕТОТ НА СОНК

На 26.02.2011 година одржаа седници Републичките одбори на Советот на СОНК и тоа:

-Републички одбор за згрижување и воспитание
-Републички одбор за основно образование

-Републички одбор за средно образование
-Републички одбор за високо образование и наука

-Републички одбор за култура

Најпрво Републичките одбори одржаа заедничка седница, на која покрај членовите на Републичките одбори присуствуваа и претседателот на СОНК Јаким Неделков, потпретседателот на Советот на СОНК Илирјан Чаволи и генералниот секретар Весна Неделковска.

На заедничката седница членовите на Републичките одбори беа запознати со надлежностите на истите според Статутот на СОНК, а потоа беа одржани посебни седници.

Републичкиот одбор за згрижување и воспитание  расправаше во врска со новопотпишаниот колективен договор помеѓу СОНК и МТСП при што беше изразено задоволство што е присутно кај нашите членови во оваа дејност. Во наредниот период Републичкиот одбор од оваа дејност ќе ги следи сите состојби од областа на социјално-економската положба на нашите членови и по потреба ќе покренува иницијативи пред Советот на СОНК за нивно подобрување.

Републичкиот одбор за основно образование  и Републичкиот одбор за средно образование расправаа посебно за проблемот со не(исплатата) на реалните трошоци за превоз како и за ново воведената обврска на педагошката евиденција во електронска верзија (годишни тематски и дневни планирања како и Е дневник).

Републичките одбори му дадоа целосна подршка на раководството на СОНК во напорите, заедно со МОН и со ЗЕЛС да се изнајде решение за овој скоро двегодишен проблем. Во врска со евиденцијата членовите на Републичките одбори побараа раководството на СОНК во соработка со Бирото за развој  на образованието и Државниот просветен инспекторат уште еднаш да направат анализа дали истата има реално значење и доколку е возможно да се направат одредени скратувања односно рационализација на оваа евиденција.

Републичкиот одбор за високо образование и наука најмногу време му посветија на прашањето за склучување на колективните договори за овие дејности. Беше оценето дека СОНК и МОН, доколку јавните универзитети и понатаму неизразат подготвеност за нивно актуелно вклучување, сами да продолжат со активности за склучување на колективниот договор.

Републичкиот одбор за култура расправаше во врска со активностите за склучување на новиот колективен договор за оваа дејност. Беа истакнати повеќе реакции од страна на дел од синдикални организации како и поедини членови на нашиот Синдикат во врска со долгото траење на преговорите помеѓу СОНК и Министерството за култура. Одборот заклучи да му препорача на раководството на СОНК да побара интензивирање на преговорите со ресорното министерство  со цел што поскоро да биде договорен текст кој ќе оди на јавна расправа во синдикалните организации во оваа дејност.

линкови
ghghfsfsghghghngh
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Copyright © СОНК 2011