СОНК ЦВРСТО ОПРЕДЕЛЕН ДА ИСТРАЕ ВО ОДБРАНА НА ЛЕГИТИМНИТЕ ПРАВА

СОНК ЦВРСТО ОПРЕДЕЛЕН ДА ИСТРАЕ ВО ОДБРАНА НА ЛЕГИТИМНИТЕ ПРАВА

СВИКАНО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 14-09-2014 година ќе го одржи продолжението на прекинатата седница од 4-09-2014 година, на која на Дневен ред ќе биде донесување на Одлука за Генерален штрајк и посебните Одлуки за дејностите : детска заштита, основно образование, средно образование и култура.

Советот се очекува да усвои и Жалба до Меѓународната организација на трудот ( МОТ ) против законите за измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, во делот на штрајкот. Според првите реакции од официјални лица од МОТ, направени по барање на раководството на СОНК, тие се фрапирани од овој случај, кој и според нивно кажување е единствен во сите држави од Европа и сосема е очекувано дека, за жал , Република Македонија ќе сноси подолгорочни негативни последици поради кршење на меѓународни конвенции, чие почитување е задолжителна меѓународна обврска.

На продолжението на седницата на Советот на СОНК поканети се да присуствуваат и ресорните министри, а поканата за истите важи за присуство за закажаната Прес-конференција, по завршување на седницата.

Сите информации , што пристигнуваат во Советот на СОНК, јасно укажуваат дека најголемиот дел од членството ( над 30.000 доброволно зачленети во нашиот Синдикат ), цврсто се решени да истраат до крај во легитимната борба за заштита на своите права и целосно ги поддржуваат сите активности на Советот на СОНК и на раководството на СОНК,во одбрана на интересите на нашиот Синдикат.

Во контекст на барање на строго почитување на Уставот и законите во државата, согласно надлежностите според Уставот, од СОНК му е упатено писмо на Претседателот на Република Македонија, да не ги потпишува законите за измените на законите за основно и за средно образование. (Превземи го писмото до Претседателот на државата).


 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011