9-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА С О Н К
СВЕЧЕНО И РАБОТНО ПО НАЈАКТУЕЛНИТЕ ПРАШАЊА

Советот на СОНК на 11 и 12. 01.2013 година ја одржа 9-та редовна седница, на која на пригодна свеченост на поранешниот Претседател, а сега Почесен претседател на СОНК Дојчин Цветаноски, му беше врачена Голема плакета. Одлуката за доделување на Плакетата беше донесена со акламација од страна на Советот на СОНК во почетокот на септември минатата година на седница одржана во Берово.
Врачувајќи му ја Плакетата, Претседателот на СОНК Јаким Неделков, истакна дека со истата сакаме да му одадеме признание и благодарност на Дојчин Цветаноски за неговите посебни заслуги во развојот и реформирањето на СОНК, евидентните резултати во одбрана и зголемување на правата од работен однос, афирмирањето на СОНК во земјата и на меѓународен план, како и неговиот придонес во вкупното синдикално движење во Република Македонија.
          Во пригодното обраќање до Советот Почесниот претседател Дојчин Цветаноски, истакна дека се што е направено е заедно со најголемиот дел од членството на СОНК, а во најсложените моменти за нашиот Синдикат посебен придонес имаа и голем број на тогашни претседатели на регионални одбори на СОНК, како и членови на тогашниот состав на Советот на СОНК. По негов предлог, Советот едногласно донесе Одлука, плакети да им бидат доделени на сите кои непоколебливо го дадоа своето максимално учество во градењето на СОНК како современ Синдикат.
          Во работниот дел, по претходно извршено согледување по работни групи во вид на работилница, Советот едногласно усвои ставови во врска со најактуелните прашања , со Заклучок за истите да се достават писмени обраќања до министрите на ресорните министерства. Имено, беше заклучено што е можно поскоро да продолжат преговорите со Министерството за култура за склучување  на новиот Колективен договор за оваа дејност, а со Министерството за труд и социјална политика преговори за одредување на времето за примена на Колективниот договор во делот за платите, како и за трансформација на работниот однос на дел од вработените во градинките.
          Од Министерството за образование и наука побарано е итно продолжување на преговорите за потпишување на колективните договори за високото образование и наука, отворање на процес за преговарање за зголемување на износот на основицата за пресметка на платите, како и потребата од повторно разгледување и преоценување на проблемот со преобемната педагошка евиденција, прашања сврзани со моделот на екстерното оценување и начинот на вршење на инспекција од страна на просветните инспектори. Поради  заминување во пензија на досегашниот потпретседател на Советот на СОНК Радислав Ѓиноски, по предлог на претседателот на СОНК Јаким Неделков Советот едногласно го именува за нов   потпретседател Димитар Стојановски,  член на Советот на СОНК.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011