НОВА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА СПИРО РИСТОВСКИ

На 15.10.2013 година највисокото раководство на СОНК, предводено од претседателот Јаким Неделков, оствари средба со Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, на која присуствуваа и најблиските соработници на Министерот.
Во двочасовниот разговор беа отворени повеќе прашања, а кои се од взаемен интерес и во надлежност и на МОН и на СОНК.
Посебно беа разгледувани од повеќе аспекти воведувањето и примената на Е -дневникот, натамошната (не)потреба на водење на класичниот дневник како и реализација на екстерното оценување.
Беа разгледувани и прашања сврзани за неделниот фонд на часови по повеќе предмети, обемноста и потребата на домашни задачи за учениците, обемноста на потребниот училиштен материјал (учебници и прибор) што учениците дневно мора да го носат на училиште, како и функционирањето на просветната инспекција и други прашања.
Со висок степен на усогласување на ставовите по споменатите прашања беше договорено да се одржи нова работна средба во почетокот на наредната недела, на која се очекува да се финализираат ставовите по споменатите прашања, но и да бидат отворени нови прашања и од двата социјални партнери (СОНК и МОН).
Споменатата работна средба, како и веќе договорената наредна средба за само неколку денови е уште една потврда за високиот степен на социјален дијалог помеѓу СОНК и МОН, кој најчесто резултира со договарање на решенија кои се взаемно прифатливи. Патем да споменеме дека за жал ваков степен на социјален дијалог се уште не е воспоставен со другите ресорни министерства од дејностите што СОНК синдикално ги обезбедува, а пред се со Министерството за култура. Раководството на СОНК и натаму ќе презема активности и ќе прави максимални напори за воспоставување на социјален дијалог по примерот со МОН и со другите министерства.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011