РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА СОНК
СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Претседателството на СОНК (од делот на образованието) предводено од претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски на 20.05.2009 година (среда) имаше средба во МОН со министерот господинот Перо Стојановски. На средбата присуствуваа и директорот на Државниот просветен инспекторат господинот Џорџе Арсов и директорот на Бирото за развој на образованието госпоѓата Весна Хорватиќ.

Од страна на Претседателството на СОНК беше истакнато задоволството од континуираниот дијалог помеѓу СОНК и МОН по сите прашања од надлежност на нашиот Синдикат и барањето на заеднички прифатливи решенија по истите. Беше констатирано дека Спогодбата од 2.12.2008 година во делот на образованието, без посебни проблеми во целост се реализира.

Посебно стана збор за довршување на активностите за трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време. Министерот Стојановски информираше дека на една од првите наредни седници на Владата треба да биде на дневен ред информацијата по ова прашање, а веднаш потоа заедничката Централна комисија треба да ја доврши оваа заедничка активност.

Беше договорено да се интензивираат преговорите на склучување на колективните договори за виското образование и науката.

Директорот на просветниот инспекторат уште еднаш го потврди ставот на МОН за целосно почитување на Спогодбата во делот на деновите од Генералниот штрајк и нивното укажување до одредени просветни инспектори во дел од општините за нивно почитување на Спогобата.

Беше договорено поактивно вклучување на СОНК во врска со прашањата за верската настава и екстерното оценување.

Работната средба заврши со заеднички договор за продолжување на воспоставените коректни и конструктивни односи од двете страни и договор најмалку еднаш месечно за одржување на вакви работни средби.
  Copyright © СОНК 2011