ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА СОНК ВО ССОНК ОТПОЧНА И ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК

По претходна расправа, донесениот Заклучок и усвоениот документ од страна на Претседателството и Советот на СОНК, околу потребата од промени од сегашната организациона поставеност на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати од образованието, науката и културата – ССОНК, се започна со реализацијата на предвидената фаза, истата да биде предмет на разгледување и расправа пред Регионалните одбори на СОНК.
Имено, врз основа на однапред подготвениот распоред, највисокото раководство на СОНК, на 7-02-2014 година, беа во работна посета на Регионалниот одбор на СОНК, Гостивар.
Во работниот дел, пред претседателите и секретарите од сите синдикални организации на Регионалниот одбор на СОНК – Гостивар, претседателот на СОНК, даде осврт на визијата, мисијата и стратегијата за успешно спроведување на процесот на трансформацијата на СОНК во ССОНК, кој е дел на документот,, Предизвици и основи како потреба за реформирање на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија”. Генералниот секретар пак, го презентираше предлогот за новата организациона поставеност на ССОНК, која исто така произлегува од документот и се стави на расправа, кој претходно им беше доставен на разгледување.
Наредниот ден, поточно на 8 – 02 – 2014 година во Регионалниот одбор на СОНК, Кавадарци во претпладневните часови и во Гевгелија во попладневните часови, пред претседателите на синдикалните организации на СОНК од овие два регионални одбори, исто така беа извршени презентациите, како дел од документот, од страна на претседателот и генералниот секретар на СОНК, како и самиот документ.
Во сите три Регионални одбори на СОНК, идејата и самиот документ, предизвика огромен интерес и многу дискусии. Севкупно од дискусиите може да се донесе заклучок дека идејата за реформирање на СОНК во Сојуз е поздравена и прифатена, оценета како неопходна потреба и исклучително важен и неминовен чекор за натамошното функционирање на СОНК.
Исто така, беше договорено да се започне со наредната фаза од овој процес, одржување на состаноци во синдикалните организации, запознавање и изјаснување на членството на СОНК со идејата за реформирање и трансформирање на СОНК во ССОНК.
На крајот од работните средби беше заклучено да се започне со расправа по документот пред синдикалните организации на СОНК и истата да заврши до крај на април оваа година.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011