ОДРЖАНА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

АКТУЕЛНИТЕ ПРАШАЊА ПРЕТВОРЕНИ ВО БАРАЊА

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. на вонредната Седница одржана на 11 Мај 2013 година , расправаше за актуелните состојби во дејностите детска заштита, основно, средно, високо образование, наука  и култура. Советот неподелено констатира дека подолго време има изразено незадоволство кај најголемиот дел од членството на СОНК заради не реализирање  на неколку многу значајни прашања од  економско - социјалниот интерес на вработените.   Незадоволството преминува во се по изразен револт кој се упатува кон повисоките органи на СОНК со барање за итно преземање на мерки со кои неодложно ќе се изнајдат решенија за надминување на ваквата состојба. Незадоволството и револтот се заснова и на фактот што за овие актуелни проблеми СОНК поодамна, а за некои дури и повеќе години наназад, води преговори со надлежните министерства, но сеуште нема никаков конкретен резултат. Се подржува конструктивниот и коректен однос на СОНК во однос на социјалното партнерство и дијалог на сите нивоа, но се очекува и се бара соодветно однесување и на социјалните партнери. Посебно беше издвоено избрзаното и без земање во предвид на укажувањата од страна на СОНК, на Министерството за образование и наука во врска со екстерното оценување на наставниците. Донесувањето на последниот Правилник од 26-04-2013год. со кој наставниците се доведени во исклучително неприфатлива состојба, кој навлегува и во судир со одредени одредби од ЗРО, како и посебните закони за основно и за средно образование и исто така со посебните колективни договори за основно и за средно образование.
Мошне изразен е и револтот во детските градинки со не примена на колективниот договор во делот на платата, иако од неговото потпишување до сега поминаа повеќе од две години, како и големиот број вработени во детските градинки кои со години се волонтери или на определено време и не унапредување на дел од вработените кои подолго време се стекнале со повисок степен на образование и наместо нив се пополнуваат упразнетите работни места со нови вработувања.
Посебно е изразен и револтот во установите од културата поради не склучување на новиот колективен договор за оваа дејност, иако преговорите помеѓу СОНК и Министерството траат повеќе од четири години.
На крајот од подолгата расправа Советот едногласно усвои Барања до ресорните министерства, како и Заклучоци со овластување и задолжување на органите и телата на СОНК во врска со реализирање на Барањата. Советот исто така заклучи најдоцна до крајот на овој месец да  одржи нова седница, на која ќе се изврши оценка на степенот на реализирање на овие Барања.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011