ЗАВРШИЈА СОСТАНОЦИТЕ ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК ВО ВРСКА СО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА СОНК ВО ССОНК.
СО НОВАТА ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА СОНК, НЕ ПОСТОИ НИКАКВА МОЖНОСТ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА ЕДИНСТВОТО НА НАШИОТ СИНДИКАТ

Oдржувањето на состаноците во регионалните одбори на СОНК, каде со свои презентации пред претседателите на синдикалните организации , претседателот на СОНК и генералниот секретар, дадоа осврт на иницијативата, а по однос на документот ,, Предизвици и основи како потреба за реформирање на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија”, завршија. Поточно, во периодот од 4 -ти до 15- ти март се одржаа состаноци во регионалните одбори на СОНК- Кичево, Скопје - Центар, Битола ,Струга и Охрид.

Како и во претходните 15 регионални одбори на СОНК и во овие регионални одбори, иницијативата за трансформација на СОНК во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија е поздравена, предизвика голем интерес за многу прашања, дискусии, предлози и мислења, понекаде оценета како задоцнета, но и како неопходна потреба за подобро функционирање на нашиот Синдикат. Раководството на СОНК, вклучувајќи ги и претседателите на Регионалните одбори на СОНК, искажаните дилеми од поедини претседатели на синдикални организации на СОНК, дека е можно со трансформирањето да се доведе под прашање единството во СОНК, како што сега е организациски поставен СОНК, го сметаат како знак на позитивен однос спрема СОНК, со цел да се отстранат и најмали можности за разбивање на единството на нашиот Синдикат. Таквите искажувања сепак не се основани бидејќи и во појдовниот материјал многу јасно и исклучително цврсто стои определбата дека ниеден од новоформираните грански синдикати на СОНК не ќе може да се отцепи од ССОНК, а сето тоа ќе биде регулирано и во статутите на гранските синдикати и во Статутот на ССОНК.



И во овие регионални одбори на СОНК, пред претседателите на синдикалните организации на СОНК, беа презентирани Барањата ,усвоени на седницата на Совет на СОНК на 26-02-2013 година, истите беа прифатени и поздравени, како и подготвеноста за преземање и на други легитимни синдикални активности за остварување на овие Барања.

На крајот од работните средби беше заклучено да се започне со расправа по документот за трансформација на СОНК во ССОНК пред синдикалните организации на СОНК и истата да заврши до крајот на април оваа година.

Во меѓувреме во регионалните одбори на СОНК, кои први одржаа вакви состаноци, веќе се одржуваат состаноци во синдикалните организации на СОНК и секаде иницијативата за трансформација на СОНК во ССОНК е позитивно оценета.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011