Потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОНК и ЗЕЛС

Синдикатот за образование, наука и култура - СОНК, на 31 август, 2012 година го потпишаа Меморандум за соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС
Со меморандумот се уредува взамената соработка со јасно дефинирани одговорности и обврски на двете страни, кои се базираат на социјален договор и партнерство. Меморандумот за соработка обврзува, за сите прашања и проблеми од економско - социјална сфера на членовите на СОНК од предучилишното воспитание и згрижување; основното, средното и високото образование; науката и културата, најнапред да се бара решение пред надлежните во установите од споменатите дејности, а потоа ако не може да се изнајде заедничко решение, СОНК ќе треба да покрене иницијатива и барање до надлежните органи во општините на чија територија се наоѓа конкретната установа. Доколку станува збор за прашања и проблеми кои опфаќаат повеќе установи од повеќе единици на локалната самоуправа, СОНК истите ќе ги постави на решавање пред раководството на ЗЕЛС. Социјалниот дијалог и партнерство помеѓу СОНК и ЗЕЛС ќе се овозможи преку целосно почитување на принципите на взамена доверба и почитување со максимална коректност и конструктивност во поставување на прашањата и проблемите и во барање на решение за нивно разрешување, како и со учество на претставници од ЗЕЛС во работата на Регионалните одбори на СОНК, соодветно со конкретните општини.
Претседателите на ЗЕЛС и на СОНК, Трјановски  и Неделков,  посакаа продолжување на веќе воставената соработка помеѓу двете инситутуции, но и истата да се унапреди преку разните форми и алатки кои се на располагање. Преку континуирана и засилена комуникација помеѓу двете инситутиции, а во рамките на можностите и ингеренциите ќе се даде придонес при воспоставувањето на цврсти и трајни темели во образованието и унапредување на процесот на децентрализација во државата.
Овој Меморандум е обврзувачки да биде почитуван и применуван од сите синдикални организации, Регионалните одбори и органите и телата на СОНК на национално ниво од една страна, како и сите единици на локална самоуправа и органи и тела на ЗЕЛС на национално ниво  од друга страна.

Целосниот текст на Меморандумот

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011