VI Конгрес - прв дел

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија-СОНК, на 12-12-2015 година во Струга го одржа 6-от Конгрес, на кој од вкупно 120 избрани, присуствува 115 делегати, а како гости присуствуваа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми; заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски; заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ.

VI Конгрес - втор дел

На Конгресот како гости присуствуваа и в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски , како и единаесет делегации на синдикатите за образование, со кои СОНК долги години одржува блиски пријателски односи и кои се сите репрезентативни во своите земји и членки на Интернационалата за образование и тоа од: Словенија, Холандија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово иТурција.