V Конгрес

На 17-ти октомври 2010 година, во Спортскиот центар ,,Борис Трајковски,,- Скопје се одржа V-oт Конгрес на СОНК на кој од 830 избрани делегати во синдикалните организации на СОНК учествуваа 771 (седумстотини седумдесет и еден) делегат.
V-от Конгрес на СОНК со тајно гласање од двајцата кандидати за Претседател на СОНК – Ѓорѓијоски Веле и Неделков Јаким, со убедливо мнозинство на гласови, за нов Претседател на СОНК го избра Неделков Јаким, досегашен Претседател на Регионалниот одбор на СОНК Кисела Вода, Скопје.