СОВЕТОТ НА СОНК ЕДНОГЛАСЕН: ТРПЕНИЕТО И КОРЕКТНОСТА НЕ СЕ БЕСКОНЕЧНИ
СОВЕТОТ НА СОНК ВО ПРОШИРЕН СОСТАВ ГИ УСВОИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕДОВНИ ИЗБОРИ
Веднаш стигна реакција од Наставничкиот пленум со нови напади, кои само ја потврдија оправданоста на Заклучоците на Советот на СОНК. Ги прашуваме само за неколку наведени тотално бесмислени, но за жал и невистини кои исто така ќе бидат предмет на судска постапка::
- Каде во текстот на документот од Советот од спомената седница го видоа името и презимето на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, бидејќи неколкупати во нивното писание го нападнаа, дека документот тој го донел и дека се тоа лични негови Констатации и Заклучоци;;
- Во кој документ и со што ќе ја докажат лагата дека плаќаат 1% членарина на СОНК од својата плата и дека со таков износ располагал претседателот на СОНК;
- Кои им се аргументите дека Спогодбата помеѓу СОНК и МОН не решила ниту едно од Барањата, кои биле причина за Генерален штрајк на СОНК; agment–>
- Потврдуваат дека најголемиот дел од таа група се членови на СОНК и дека не вршеле никакви напади врз нашиот Синдикат, ама чисто од рекреативни побуди излегоа пред Министерството за образование и наука и токму таму да се занимаваат со Синдикатот, во кој како членови имаа и право, ама и обврска да предлагаат, да критикуваат, така како што е регулирано во Статутот – во синдикалните организации и во органите на СОНК на сите нивоа;
- Кој им го даде правото да се прогласат за супериорни во однос насите останати членови на СОНК… (цитиран дел од нивното обраќање во дел од медиумите на 5.04.2015 година) ….“Наставничкиот пленум се создаде како критичка маса, како движење, како иницијатива на членството на СОНК, незадоволно од одлуката и политиката на СОНК. Таму се најдобрите луѓе во образовниот процес- практичари кои имаат наставно теоретски широки познавања за метеријата. Тоа се учени и образовани луѓе – Доктори на науки и магистри, луѓе со интегритет и авторитет, луѓе со кредибилитет, кои кажаа јавно што не е добро во образовниот систем.”
- Иако има уште многу што да напишеме во врска со однесувањето на Наставничкиот пленум, на крај ќе им помогнеме да им кажеме дека автор на толку познатите стихови, кои сме сигурни дека и најслабите ученици знаат кој е, – “колку сме толку сме – токму сме“ не е големиот Коневски, туку исто така големиот Гане Тодоровски.
А што се однесува до големиот Блаже Коневски, СОНК повеќе од една деценија синдикално го “игра“-Тешкото и исто така со број кој сосема одговара на споменатите стихови на Гане Тодоровски (се надеваме ќе се сфати пораката на претходното).
П.С. Самите членови на СОНК нека оценат какво е однесувањето на овие “супериорни“ наставници и впрочем каде беа сите овие изминати 20 и повеќе години, а особено последните 10-тина, туку баш сега кога СОНК покрена толку важни прашања и истите тврдиме ги решава со надлежните во државата, сега се појавија и порачаа ….“дека биле …. “!!!
На следниот линк превземете го документот: Констатации и заклучоци