СОНК НА ПРВИОТ РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПАРТНЕРИТЕ – УЧЕСНИЦИ ВО ERASMUS+ ПРОЕКТОТ YOUWELL

На 01.03.2023 година, во Софија, во рамките на Erasmus+ проектот: Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell, кој е финансиран од Европската унија, се одржа првиот работен состанок на сите партнери учесници во проектот.

Домаќин на состанокот беше Синдикатот за образование од Република Бугарија –  Поткрепа, а освен СОНК, присутни беа и Mладинскиот центар за култура од Целје – Република Словенија, Tренинг центарот за обука од Брисел – Белгија и Националното училиште за менаџмент од Софија – Република Бугарија.

На работниот состанок, најнапред беа презентирани главните елементи на проектот: целите,  резултатите и временската рамка, потоа секој партнер накратко ја презентираше својата организација, но и мотивацијата да се приклучи на проектот, а се презентираа и главните активности и конкретни чекори што треба да се следат за реализација на проектот во наредните 20 месеци.