ОДРЖАНА 2-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК
6-ОТ КОНГРЕС НА СОНК ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ОХРИД
На 9-10-2015 година, во Скопје се оддржа 2-та редовна седница на Советот на СОНК, на која беа усвоени ( согласно роковите утврдени со Статутот на СОНК) нови документи во врска со одржувањето на 6-от Конгрес на СОНК, како и одлуки по однос на тековни прашања.
Едногласно е одлучено 6-от Конгрес на СОНК, да се одрдржи во Охрид и тоа на 12-ти декември оваа година, како што претходно беше утврден споменатиот датум на 1-та редовна седница на Советот на СОНК.
Советот го утврди и Дневниот ред на Конгресот, кој произлегува од надлежностите на Конгресот, утврдени со Статутот на СОНК, а на истата седница утврдени се две работни групи кои ќе ја сумираат расправата од синдикалните и регионалните одбори на СОНК по : Предлог- Извештај за работата на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), за периодот октомври 2010 – јуни 2015 год и Предлог- Програма за активностите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), за периодот октомври 2015 – јуни 2020 год.
Советот, по предлог на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, едногласно донесе Одлука за упатување на покана за присуство во својство на гости на Конгресот, за највисоките преставници од ресорните министерства кои се социјални партнери на СОНК, репрезентативните федерации на синдикатите од Република Македонија, како и на преставници на синдикатите со кои СОНК има воспоставено подолго време блиска соработка, а во тој контекст посебно Интернационалата за образование и Европската конфедерација на синдикатите за образование.
Советот расправаше и одлучуваше по Приговори доставени од двајца поранешни членови на Советот на СОНК, како и Приговор од страна членови од една синдикална организација на СОНК од Регионалниот одбор на СОНК-Чаир.