С О О П Ш Т Е Н И Е
СОВЕТОТ НА СОНК РАСПРАВАЊЕ ПО ПРЕДЛОГ – СПОГОДБАТА ПОСТИГНАТА ВО ПРЕГОВОРИТЕ
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија ( СОНК ),на вонредна седница, одржана во попладневните часови на 3-02-2015г , на која присуствуваа и Министерот за образование и наука, г-динот Абдилаќим Адеми, Министерот за труд и социјална политика, г-динот Диме Спасов и заменик Министерот за образование и наука , г-динот Спиро Ристовски, расправаше по Предлог – Спогодбата постигната во преговорите водени интензивно последните денови помеѓу највисокото раководство на СОНК и ресорните министри со најблиските соработници.
По подолга, расправа Советот оцени дека постигнатиот договор, помеѓу СОНК и ресорните министерства по Барањата , кои беа причина за Генералниот штрајк, преставуваат прифатлив компромис и врз основа на тоа , Советот донесе Одлука Генералниот штрајк да биде прекинат во сите основни и средни училишта , како и во градинките. Тоа значи на 4-02-2015 година, редовно ќе се извршуваат работните обврски, согласно наставниот план и програма и работното време, согласно одлуките на секоја установа.