3-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА СОНК
VI –от КОНГРЕС ТРЕБА ДА УСВОИ И ЧЕТИРИ РЕЗОЛУЦИИ
Советот на СОНК на 3-та редовна седница, која се одржа на 8-11-2015 година , ги усвои и Предлог текстовите на – Извештај за работата на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), за периодот октомври 2010 – јуни 2015 год. и Програма за активностите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), за периодот октомври 2015 – октомври 2020 година, со претходно сумирање на јавната расправа во синдикалните организации на СОНК, која траеше повеќе од еден месец.
Двете работни групи, кои беа формирани од страна на Советот на СОНК со задача да ги прегледаат сите предложени забелешки, сугестии и предлози од сумираните извештаи , добиени преку Регионалните одбори на СОНК, констатираа дека најголемиот дел од синдикалните организации на СОНК, го поддржуваат Предлог- Извештајот, како документ кој реално ја отсликува активноста на СОНК во претходниот мандатен период.
Во врска со Предлог – Програмата, која во основа во сите синдикални организации, каде е водена расправата е прифатена како солидна основа за активностите на СОНК, за активностите на СОНК во наредниот петгодишен мандатен период.
Во дел на синдикални организации дадени се предлози за дополнување на Предлог – Програмата со конкретни прашања, за кои работната група сметаше дека истите се дел од тековните активности на органите на СОНК и не треба да бидат дел од Програмата за целиот петгодишен мандат. Некои од предлозите не се во надлежност на СОНК, туку во надлежност на Федерација или Конфедерација на национално ниво и истите Советот на СОНК ќе предложи да влезат во Програмата на Конфедерацијата на слободни синдикати ( КСС ), за наредниот 5 – годишен мандатен период.
Советот на СОНК одлучи на дневен ред на VI –от Конгрес, да бидат покренати и четири многу важни прашања, кои се во надлежност на ресорните министерства, а за дел од нив има предлози од некои синдикални организации во расправата по однос на Предлог – Програмата. Имено, Конгресот ќе расправа и секако се очекува да бидат усвоени споменатите четири Резолуции и тоа:
– Резолуција за подигнување на степенот на социјалниот дијалог на сите нивоа;
– Резолуција за довршување на колективното договарање за сите дејности ( високото образование, науката и нов Колективен договор за култура );
– Резолуција за измени на Законот за работни односи во делот на важноста на колективните договори;
– Резолуција за измени во Законот за основно и Законот за средно образование, во делот за бројот на ученици во паралелки .
Советот одлучуваше и по неколку тековни прашања.