СОНК на своите членови и синдикални пријатели им посакува Среќна Нова 2025 година




ИНТЕРЕН ОГЛАС за избор и именување на претседател на Регионален одбор на СОНК – Делчево

Советот на СОНК на својата 34-та редовна седница, одржана на 27.12.2024 година, согласно Статутот на СОНК, донесе Одлука за објавување на Интерен оглас за избор и именување на претседател на Регионален одбор на СОНК – Делчево.

Интерниот оглас за избор и именување на претседател на Регионален одбор на СОНК – Делчево, како и Критериумите за избор и именување на претседатели на регионални одбори на СОНК, може да ги погледнете на следните линкови:

 

 




СОВЕТОТ НА СОНК ДОНЕСЕ СТРАТЕГИЈА ЗА РАБОТА НА СОНК ЗА 2025 ГОДИНА

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, на 14 и 15 декември 2024 година ја одржа својата 33-та редовна седница, на која се анализираа состојбите во сите дејности што ги застапува СОНК и активностите што СОНК ги преземал во 2024 година.

Посебен акцент беше ставен на новите методологии за пресметка на плата во сите дејности,  потпишување на колективните договори за основно и средно образование, како и други прашања во надлежност на СОНК.

По извршената анализа и опширна расправа, Советот на СОНК донесе Стратегија, односно План за работа на СОНК за 2025 година.




СЕМИНАРИ НА ТЕМА: „РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ ПО ПАТ НА МЕДИЈАЦИЈА“

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија во периодот ноември – декември 2024 година, за своите членовите и раководството на СОНК, одржа семинари на тема: „Решавање на конфликти по пат на медијација“.

На семинарите, слушателите имаа можност поблиску да се запознаат со поимите медијација и конфликт, видовите на конфликти и начините на решавање на конфликтни ситуации.

Семинарите ги водеа искусни психолози, кои со своето знаење, умеење и вештини, предизвикаа огромен интерес и чувство на задоволство кај учесниците.

Во склоп на семинарите се одржаа и работилници, на кои учесниците имаа можност за анализа и решавање на конкретни случаи, односно решавање на конфлики со користење на специфични комуникациски вештини.

Семинарите беа под покровителство на Solidarity Center од САД, кој многупати досега поддржал голем број настани во организација на СОНК.




ОДРЖАН СОСТАНОК НА ФОКУС-ГРУПАТА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „AI NAVIGATORS“

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, на ден 05.12.2024 година, одржа состанок на фокус – групата во рамките на Erasmus+ проектот: „Навигатори на вештачка интелигенција: зајакнување на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“ („AI Navigators: Empowering Teachers for the AI Era”), 2024-1-MK01-KA220-SCH-000253777).

На состанокот се водеше интерактивна дискусија во пријатна и инспиративна атмосфера и се споделија информации за предизвиците со кои се соочува образованието, а во врска со вештачката интелигенција.

Воедно, учесниците во фокус – групата дадоа свое мислење, како алатките со вештачка интелигенција можат најдобро да се интегрираат во образовниот процес. Исто така, споделија и свои искуства, идеи и ставови за прилагодување на оваа технологија за потребите на наставниците.




ОДРЖАНА ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ YOUWELL

На 15 ноември 2024 година во хотел Солун, Скопје, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК одржа Финална конференција во рамки на Erasmus+ проектот “Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиштата – YouWell” („Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School” – YouWell), 2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901, на која присуствуваа над 50 претставници од основното, средното и високото образование.

Конференцијата ја отвори претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој ги поздрави сите присутни, накратко ја образложи важноста на самиот проект и потребата од негово продолжување во иднина.

На финалната конференција присуствуваа и претставници од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје и Министерството за образование и наука, кои го пофалија проектот и резултатите кои се постигнати во истиот, изразувајќи подготвеност за поддршка на вакви проекти, кои ќе ги мотивираат младите да останат во нашата земја и да придонесуваат за поквалитетно образование.

На оваа конференција, можност имаа да се обратат и сите оние кои учествуваа и беа дел од овој проект, односно  наставниците едукатори и нивните менторирани наставници.


Наставниците едукатори го искажаа задоволството од можноста да работат на ваков проект и сметаат дека е одлична можност за размена на идеи и споделувања на искуства. Ја презентираа пилот програмата и начинот на работа со нивните менторирани млади наставници во текот на изминатите 10 месеци и ги посочија клучните проблеми со кои тие се соочуваат на своите работни места.

Менторираните наставници пак, го искажаа задоволството што имаа ментори во поинакво светло од оние кои ги добиваат согласно закон. Посочија дека овој проект е реализиран во вистинско време и дека на секој наставник му е потребен ментор со којшто ќе соработува во текот на целиот работен циклус.

Финалната конференција заврши со заклучок дека овој проект треба да се продолжи со вклучување на повеќе наставници во него. Беа нагласени клучните резултати и идните чекори за подобрување на квалитетот на образованието, кои би ги мотивирале младите наставници да ја продолжат својата работа со истиот ентузијазам што го имале при изборот на професијата.




ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 4 (четири) наставници од средно образование за обука на навигатор за вештачка интелигенција

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, за потребите на проектот „Навигатори на вештачка интелигенција: зајакнување на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“ („AI Navigators: Empowering Teachers for the AI Era”), 2024-1-MK01-KA220-SCH-000253777, објавува јавен повик за ангажирање на 4 (четири) наставници од средно образование за обука на навигатор за вештачка интелигенција.

Јавниот повик може да се погледне на следниот линк.




СОНК – ДОМАЌИН НА ЧЕТВРТИОТ ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ YOUWELL

Во периодот од 02.10.2024-04.10.2024, во Скопје се одржа Интернационална работилница за евалуација, како дел од  Erasmus+ проектот (2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901): Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell (Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиштата), на која присуствуваа претставници од сите партнерски организации во проектот.
Наставниците – едукатори ја презентираа својата работа со младите менторирани наставници и сите позитивни и негативни аспекти за време на пилот фазата.
Исто така, свое обраќање имаа и младите менторирани наставници, кои го раскажаа своето искуство за време на десетте месеци со наставниците едукатори и сите предизвици со кои се соочиле.

Генерален заклучок беше дека ваков проект е доста потребен во сите земји учеснички и сите се надеваат дека ќе има продолжување на истиот.

Воедно, на 02.10.2024 година се одржа и четвртиот партнерски состанок од овој проект, на кој беа договорени и последните активности до завршување на проектот.




ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ГЛАСОТ НА УЧИТЕЛОТ – СРЕЌЕН СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ!




ОДРЖАНА 30-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

На ден 21.09.2024 година, Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК ја одржа својата 30-та редовна седница, на која главен акцент беше Барањето на СОНК за усогласување на платите во основното и средното образование, за 2024 година.

По опширната дискусија, Советот на СОНК едногласно донесе Констатации и Заклучоци, кои може да ги погледнете ТУКА.