С О О П Ш Т Е Н И Е
СОВЕТОТ НА СОНК ЕДНОГЛАСНО ОДЛУЧИ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЈАВНИ ПРОТЕСТИ
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија (СОНК), на редовната седница одржана на 01-02-2015 год. едногласно ги донесе следниве
З А К Л У Ч О Ц И
-
- Напорите на Советот на СОНК, согласно законите на Р. Македонија и меѓународните конвенции, низ социјален дијалог со социјалните партнери за да се изнајде заедничко решение по барањата на СОНК, кои се причина за Генералниот штрајк и понатаму не резултираат, поради неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства
Согласно ваквите непроменети состојби Советот заклучи: – Генералниот штрајк да продолжи со одржување и во наредниот период.
- Напорите на Советот на СОНК, согласно законите на Р. Македонија и меѓународните конвенции, низ социјален дијалог со социјалните партнери за да се изнајде заедничко решение по барањата на СОНК, кои се причина за Генералниот штрајк и понатаму не резултираат, поради неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства
-
- Со цел да се упати нова и поенергична легитимна порака до социјалните партнери, Советот одлучи на 04-02-2015 год.(среда) во општините кои ги опфаќаат регионалните одбори на СОНК, да се организираат ј а в н и п р о т е с т и, преку кои дополнително ќе се манифестира одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања.
Советот им препорачува на регионалните одбори на СОНК да им овозможат учество на јавните протести на сите полнолетни граѓани, кои ќе изразат лична подршка на барањата на просветните и културните работници, членови на СОНК.
Советот ги задолжува регионалните одбори на СОНК да ги превземат сите неопходни подготовки за организирање и одржување на мирни и достоинствени протести.
- Со цел да се упати нова и поенергична легитимна порака до социјалните партнери, Советот одлучи на 04-02-2015 год.(среда) во општините кои ги опфаќаат регионалните одбори на СОНК, да се организираат ј а в н и п р о т е с т и, преку кои дополнително ќе се манифестира одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања.
-
- Доколку ресорните министерства и Владата на Р.Македонија не пристапат кон одговорен социјален дијалог со раководството на СОНК за договарање на взаемно прифатливи решенија по барањата, најдоцна до 04-02-2015 год., во тој случај Советот на СОНК заклучи да се организира – Ц е н т р а л е н п р о т е с т пред ресорните министерства и Владата на Р. Македонија на 06-02-2015 год (петок), со учество на сите членови на СОНК кои ја подржуваат Одлуката за штрајк, како и сите полнолетни граѓани кои изразуваат подршка на легитимните барања на СОНК.
-
- Советот и на оваа седница ја потврди целосната подготвеност за максимално коректен и конструктивен однос и подготвеност за социјален дијалог со ресорните министерства, со застапување на легитимните интереси на членството, изразени преку непосредно изјаснување на истите.
-
- Овие Заклучоци влегуваат во сила со денот на нивното усвојување.
Претседател
Јаким Неделков
ОТВОРЕНА ПОКАНА ЗА ПРИСУСТВО НА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА СОНК
ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, АБДИЛАЌИМ АДЕМИ
До
Абдилаќим Адеми
Министер за образование и наука
Почитуван Г – дине Министер Адеми,
Со нужно почитување и со надеж дека конечно ќе прифатите да дојдете на седница на највисокиот орган на одлучување на СОНК, ете одлучив да Ве поканам со вака отворена покана, иако добро знам дека тоа не е многу вообичаено. Но за жал, почитуван Г-дине Министер, сигурно дека не е вообичаено скоро повеќе од половина година и во истиот период кој знае колку пати, Ви имаме испраќано покани да присуствувате на седниците на Советот и за нас од непознати причини досега не го направивте тоа ниту еднаш. Дополнително се чувствуваме непријатно и поради фактот дека досега не добивме ниту писмен, ниту усмен одговор на поканите.
Почитуван Г-дине Министер, втора недела огромен број на наши членови, ама истите се и Ваши јавни службеници,се во штрајк. Нивните легитимни претставници во Советот на СОНК донесоа Одлука за штрајк, откако членовите претходно, во огромно мнозинство, се изјаснија за Барањата и за штрајк и повеќе пати Советот едногласно ги носи одлуките за продолжување на штрајкот, ама исто така Ве повикува итно да продолжат, поточно да започнат преговори со Вас.
Последната Ваша изјава дека ќе продолжите да преговарате со СОНК, само доколку штрајкот биде прекинат, истата ја коментираа многу компетенти лица како од Р. Македонија, така и од меѓународни организации и од тие причини јас нема да се впуштам во коментар за тоа. Намерата на испраќањето на отворенава покана ми е многу искрена и ќе бидам исклучително радосен доколку ја прифатите и да дојдете на седницата на Советот во недела, на 01-02-2015 год. Пред целата јавност Ви ветувам дека Вие ќе го имате почетното обраќање на седницата и можноста да им објасните зошто е потребно, прво да го прекинат штрајкот, па после да преговарате со СОНК, за веќе изречените казни по резултатите од екстерното оценување на учениците, за кои денес дознаваме дека е издаден налог за пресметување со платата за јануари и зошто толку лесно поминавте преку изјавата на првиот синдикалец за образование во Европа, кој патем речено имаше чест и лично тоа да Ви го каже, дека тоа е единствен случај и несреќен македонски изум.
Почитуван Министер, Ве молам, дојдете на седницата и кажете им на тие што донесоа Одлука за штрајк, дека не им се реални барањата за зголемување на платите, иако и Вие знаете дека се најниски од сите европски држави, се разбира вклучувајќи ги и сите соседни земји.
Почитуван Г-дине Министер, кажете им исто така, како се спроведе екстерното тестирање, каков нов квалитет покажаа заменските наставници, за разлика од овие ,,непослушни” наставници, меѓу кои ги има и стотици и ститици со звања – истакнат и особено истакнат просветен работник и стотици од нив биле наставници на сите министри, досегашни премиери, претседатели на државата, универзитетски професори, пратеници, амбасадори, познати инженери, истакнати доктори во медицината, светски познати културни дејци… И сега, дел од нив ќе ја завршуваат својата просветителска мисија, како казнети, што значи лоши наставници.
Почитуван Министер, членовите на Советот од кои најголемиот дел се наставници, исто така кажете им, како можеа да бидат толку “наивни“ и без никаква “вистинска“причина, толку месеци наназад и досега девет дена да бидат во штрајк, само заради тоа на претседателот на синдикатот, кој исто така е нивни колега наставник, преку штрајк да му одработат да биде реизбран и тоа дури после една година.
И за жал, сосема на крај, Ви ветувам, ако навистина изнесете аргументи со кои ќе не убедите дека сме погрешиле, што на гарантирано право со Устав, но и вродено човечко право за одбрана на сопственото достоинство се одваживме да побараме нешто за што Ви ги презентиравме нашите аргументи, а досега единствено имаме добиено одговор дека ниедно од нашите барања не се реални, па и дури преку Ваши гласноговорници, дека се штетни и за самите нас. Во таков случај ќе Ве испратиме со аплауз
Почитуван Г-дине Министер, Ве молиме, дојдете конечно, на седницата на Советот на единствениот репрезентативен синдикат за образование во Р. Македонија, што меѓу другото Ви е и законска обврска. Искрени поздрави,
П.С. Седницата ќе се одржи на 01-02-2015 год. (недела), со почеток во 13 часот во салата за состаноци на СОНК – пошта 2 (нова железничка станица).
Претседател,
Јаким Неделков
ДЕМАНТ
ДЕМАНТ НА ИЗЈАВАТА НА РЕСОРНИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СОНК во врска со изјавата на ресорниот Министер за образование и наука, со која обврската за на надоместок на нето плата за време на штрајкот на работниците, кои учествувале во него, ја префрла на СОНК, го даваме следниот демант.
Согласно член 241 од ЗРО организаторот на штрајкот “може да обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците??? Толкувањето на одредбите од овој член се дека законодавецот не пропишал дека задолжително обврската е на организаторот на штрајкот, туку со употреба на терминот “може“ оставил простор преку Колективен договор синдикалната организација, секоја посебно да го регулира ова право. Во конкретниот случај Синдикатот –СОНК има потпишано Колективен договор за вработените во основно образование и тоа член 54 од истиот и Колектгивен договор за вработените во средно образование по член 51 од истиот, кои го регулираат и толкуваат правниот вакуум по член 241 од ЗРО, на начин што согласно овие два колективни договора обврската за исплата на плата за работниците за време на штрајкот е обврска на работодавачот.
Од напред изнесеното согласно колективните договори за основно и средно образование јасна е и неспорна обврската на работодавачот, за плаќање на дневницата и за време на штрајкот.
Потврда на ова е и фактот што ова законско решение беше и во 2008 година, кога СОНК беше во осум дневен Генерален штрајк, а за тие денови согласно Колективните договори дневниците ги плати работодавецот.
УСТАВОТ ГО ГАРАНТИРА ШТРАЈКОТ, А ЗА МИНИСТЕРОТ – ТОА Е СРЕДСТВО ЗА УЦЕНА
РАЗГЛЕДУВАЈЌИ ГИ НАЈНОВИТЕ СОСТОЈБИ ВО ВРСКА СО ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК СОВЕТОТ НА СОНК ГИ ДОНЕСЕ СЛЕДНИВЕ ЗАКЛУЧОЦИ
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. М. ( СОНК ), на попладневната седница одржана на 29-01-2015г, разгледувајќи ги најновите состојби во врска со Генералниот штрајк, по неколку часовна расправа ,едногласно ги донесе следниве
З А К Л У Ч О Ц И
-
- Советот во целост ги прифати јасните пораки од страна на сите синдикални организации на СОНК, кои осми ден се во штрајк, за продолжување на Генералниот штрајк, се додека ресорните министерства не започнат социјален дијалог со СОНК и додека не се договорат заеднички прифатливи решенија по Барањата.
Советот исто така, едногласно ја изрази и неговата цврста определба за почитување на изразената подготвеност на членовите, без разлика колку долго ќе трае штрајкот, истите да истраат со одржување на истиот, се додека не се постигнат прифатливи решенија.
- Советот во целост ги прифати јасните пораки од страна на сите синдикални организации на СОНК, кои осми ден се во штрајк, за продолжување на Генералниот штрајк, се додека ресорните министерства не започнат социјален дијалог со СОНК и додека не се договорат заеднички прифатливи решенија по Барањата.
-
- Врз основа на информациите добиени од Регионалните одбори на СОНК, со податоци за конкретни синдикални организации во повеќе установи, се констатира дека бројот на истите, кои дополнително се вклучуваат во штрајкот, е се поголем, како и значаен број на нови зачленувања во Синдикатот, што е многу јасен аргумент дека СОНК успева да ја докаже исправноста на постапката за започнување на штрајкот и оправданоста на барањата и покрај големите притисоци и очигледната медиумска војна против СОНК од најголемиот број на електронски медиуми.
-
- Советот оцени дека предлогот даден од страна на Министерот за образование и наука за прекинување на штрајкот , како услов да се продолжи со преговорите со СОНК, е само уште еден непобитен доказ за непочитување на Уставот и законите во Р. М. и тоа од многу високо државно ниво и отфрлајќи го овој предлог изразува очекување дека многу брзо ќе биде сфатен исклучителниот и многу погрешниот начин на притисоци врз СОНК и набрзо, согласно Уставот и законите, ќе престане бојкотот на законската обврска за преговори.
Советот, исто така, изрази жалење за изјавите на Министерот , во врска со толкувањата на законите во делот на исплата на дневниците за деновите во штрајк, со што ги пречекори дури и своите надлежности со јавно изнесената негова одлука дека тоа ќе го направи СОНК! За ова прашање СОНК ќе изготви посебен документ ,со кој, согласно законските прописи, ќе утврди чија е обврската за плаќање на дневниците за време на штрајк.
- Советот оцени дека предлогот даден од страна на Министерот за образование и наука за прекинување на штрајкот , како услов да се продолжи со преговорите со СОНК, е само уште еден непобитен доказ за непочитување на Уставот и законите во Р. М. и тоа од многу високо државно ниво и отфрлајќи го овој предлог изразува очекување дека многу брзо ќе биде сфатен исклучителниот и многу погрешниот начин на притисоци врз СОНК и набрзо, согласно Уставот и законите, ќе престане бојкотот на законската обврска за преговори.
-
- Советот на СОНК, врз основа на констатациите дека секој ден евидентно се зголемува поддршката на СОНК за штрајкот и оправданоста на Барањата, од страна на огромен број родители, средношколци, студенти, универзитетски професори и др., како и голем број на невладини и непартиски организации, го овласти најтесното раководство на СОНК, да стапи во контакт со истите, со цел да биде договорен начинот на кој може да ја конкретизираат нивната поддршка на СОНК. Во таа смисла Советот го реафирмира досегашниот принципиелен став за неучествување во политичко -партиски прашања, но ќе ја прифати поддршката на сите кои се легитимно организирани, врз основа на законите во државата и кои му изразуваат, исто така, легитимна поддршка на СОНК.
-
- Советот расправаше и по предлозите , а од некои Региони формулирани како барања до Советот, за преземање на поенергични легитимни мерки, вклучително и организирање на централен протест во Скопје, или пак ,протести во поголемите градови и врз основа на тоа заклучи, Регионалните одбори наредните неколку денови, да извршат консултација со членството и врз основа на истото, Советот на СОНК да донесе конкретна одлука, на нова седница која ќе се одржи на 1-ви февруари
-
- Се задолжува Стручната служба на СОНК, овие Заклучоци да ги достави до ресорните министерства, Интернационалата за образование, Европската конфедерација, Меѓународната организација на трудот, Комисијата на европската унија во Скопје, како и до сите синдикални организации, преку Регионалните одбори на СОНК.
-
- Овие Заклучоци влегуваат во сила, со денот на нивното донесување.
Претседател
Јаким Неделков